Европското првенство во ракомет ќе се одржи од 13 до 30 јануари. Земји домаќини на првенството ќе бидат Словачка и Унгарија. Унгарија ќе биде домаќин во Будимпешта, Дебрецен и Сегед, додека Словачка ќе ги пречека репрезентациите во Братислава и Кошице. Групи: Нашиот национален тим обезбеди место на собирот преку квалификациите и го чекаат три средби во првата групна фаза, против селекциите на Данска, Словенија и Црна Гора. Само дерби-дуелот со Данците ќе се игра во централниот термин, додека останатите два се попладневни. Натпревари на Македонија на ЕП 2022: Македонија - Словенија (13 јануари, 18:00) Македонија - Црна Гора (15 јануари, 18:00) Македонија - Данска (17 јануари, 20:30). Нашиот национален тим ќе игра во групата во Дебрецен, Унгарија. Преноси од првенството ќе има на МТВ. Дали очекувате Македонија да помине група? Кој е ваш фаворит? (имам дозвола од @Purplelilac да ја отворам темата).
Најпозитивна работа во јануари ми се првенствава во ракомет, годинава е Европското Едвај чекам да навивам (да се нервирам) со друштвото
Едвај чекам да почне Групата е тешка ама мислам дека имаме потенцијал да ја минеме групата ако одиграме добро против Словенија и победа против Црна Гора. Фаворит за финале мие Германија но тука се и скандинавците, последниве сезони се во страшна форма а шпанците никогаш не треба да се отпишат. За мене најинтересно ќе биде Србија-Хрватска МАКЕДОНИЈА
Ракометот е најубавиот спорт, сме биле рамо до рамо до светски репрезентации, ама квалитетните играчи веќе ни се пензионираа, овие помладава група за к** не ги бива, каков срам направија коа отидоа во Египет, дали беа на такмичење или на екскурзија исто им беше! Нема воопшто да ја поминат првата група, но сепак ќе си го гледам целото первенство до крај
Да. Играч - тренер е. Многу битно на првенствово е да отидеме без позитивни ракометари на Ковид. Како што гледам во другите репрезентации веќе имаат случаи на позитивни кои не можат да играат и ќе се десеткувани. Ние, како подмладен тим, во една екстремно тешка група, очекувања за следна фаза и немаме толку. Битно е дечките да се покажат, да одиграат допадлив ракомет и да се надигруваат со Данска и Словенија. Црна Гора, иако послаба, сепак далеку незгодна репрезентација, со висококвалитетни играчи не смее да се потцени. И треба да се сфати дека секоја репрезентација поминува низ процес на подмладување и промена на генерации. Полска, Чешка... Ние сме мала земја со многу малку ракометари и тешко е да имаме повторно таква талентирана група, поготово па да се роди некој како Кире, кој беше безвременски талент и најдобриот десен бек кој некогаш го виделе ракоментните терени во светот. Уживајте во дечките и без нервози. Бар сега немаме високи очекувања и секоја победа може да е само плус.
Многу го сакам ракометот како спорт, но искрено за ова првенство не сум нешто оптимист во врска со нашите. Сепак ќе следам.
@Billy Idol те чекам со линкови за да гледам онлајн. Само за ракометот дојдов, и нормално навивам за Словенците
Одамна веќе немам некои очекувања и свесна сум дека би било чудо ако се пласираат понатаму. Ние едноставно не сме турнирска екипа, бидејќи немаме клупа. Ок, во квалификации може да победиме било кого, ама на првенства каде натпреварите се скоро секој ден, јок. Затоа ќе гледам и нема да се нервирам. И да, очекувам Кире да игра на првиот натпревар против Словенците, па во зависност на резултатот и намалувањето на шансите за понатаму, ќе ја намали минутажата. Против Црна Гора воопшто не очекувам да игра. Инаку шуќур МТВ ги откупи правата па нема да гледаме по линкови.
Е потешка група не можеше да ни се падни. Никако да ни се посреќи со ждрепките за избор на противници, и во фудбалот катастрофа. Како и да е, навивам за нашите во секој случај. Меѓутоа и да испаднат уште на почеток, нема да ме спречи да си го изгледам првенството до крај со ќеф. Обожавам ракомет.
Очекувања немам, дека ќе навивам, ќе навивам сигурно. Ќе ме нервираат со играта, ама отупев веќе - најубаво е Кире да не игра. Само да не играат како баби
Очекувам, Кузмановски да превземе одговорност на ова првенство... и да блесне. https://off.net.mk/offside/rakomet/...o-6-sabajle-za-da-treniram-vo-park-i-na-sekoe „Морам да потенцирам дека ако не беше Лино Червар, јас немаше да се занимавам со спорт или да бидам ракометен професионалец. Тој ми беше тренер, но и втор татко“.
Кога ќе го научат она скандинавското, за 3 секунди гол, може ќе ги биде. Ако продолжат со играта на Лино, тегни влечи, нема гол, живците ќе си ги искиниме. Сигурно можат да смислат 20-тина различни акции, за гол во 3 секунди. Па нека менуваат. И цепелини само кога ќе водат над 5-6 разлика. Тоа е за десерт. Како јагодка на торта со шлаг. Но прво разлика, поголема. Која се стекнува со озбилна одбрана и брз напад. Никако тактизирање во напад. Во налет, на јуриш и без промашени зицери. Без многу мислење. Секако за ова треба и кондиција, ама тоа треба да се подразбира дека секој кој е одбран во тимот има и кондиција, барем за 3/4 од натпревар. Исто треба и да се прават брзи рокади со резервите од клупата. И нема потреба од играње со 7 играчи, без голман. Или 6, ако некој е исклучен. Тоа само во екстремни ситуации, ако стварно има потреба за одмор на голманите или губиме многу, па да се проба и тоа.