Гол за победа во самиот финиш иако Хрватска нема шанси за полуфинале, ама вака и Исланд нема многу шанси. Колку сакам Црна Гора да ги победи французиве.
Па веќе е познато скоро, уште да се финишира. Данска, Франција, Шпанија и Шведска влегуваат во полуфинале.
Точно. Ако изгубат а не постигнат повеќе голови ќе испаднат поради гол разликата со Исланд. Јас искрено би сакал Исланд да влези во полуфинале.
"Ние исто како и Хрватска тргнавме во процес на подмладување. Имавме позитивни пред тргнувањето на Европското првенство, а поради повреди останавме без тројца важни ракометари. Така бевме натерани, сакале ние или не, да играме со децата. Имав шест играчи од по 20 години во составот, а сепак до 59. минута бевме во егал со Словенија и со Црна Гора. Сепак, не вреди да плачеме, во денешно време секој ситуацијата ја толкува на различен начин, онака како што му одговара и според тоа каде го гледа својот интерес. Најважно е да не ја загубиме главата во овој хаос, мораме да ја прифатиме ситуацијата и да гледаме кон напред. Сите репрезентации со исклучок на Данска имаа многу проблеми во различни моменти од шампионатот, затоа мислам дека ова првенство е чудно и нерегуларно“, изјави Лазаров. Нашата селекција заврши на 22-то место од вкупно 24 учесници на Европското првенство. Полошо рангирани од Македонија се само репрезентациите на Босна и Херцеговина и Украина.