https://www.gol.mk/rakomet/kovid-vleze-i-vo-makedonija-pet-pozitivni-testa-pred-ep Петмина позитивни Кај најдоа баш сега пред поаѓање Најверојатно ќе ги пропуштат двата натпревари, само да не се прошири бројката.
https://www.gol.mk/rakomet/poznati-se-pette-pozitivni-makedonija-so-nov-golman-na-ep Штета за Митревски кој ќе ги пропушти првите натпревари Список на ракометари за ЕП 2022 Голмани: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајкоски Леви крила: Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски Леви бекови: Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски Централни бекови: Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев, Горан Крстевски Кружни напаѓачи: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Костадин Петров, Кристијан Симоновски Десни бекови: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов Десни крила: Никола Костевски, Гоце Георгиевски Поради несаканите проблеми пред патот за Унгарија, дополнителен повик во репрезентацијата добија голманите Благојче Трајкоски и Градимир Чаневски. Позитивните лица ќе мораат да бидат пет дена во изолација, а потоа кога ќе добијат два негативни ПЦР-теста, ќе може да бидат на располагање.
Кој малер е Митревски. Цел живот беше резерва. Чекаше шанса да се докаже, покаже. Израсна во врвен голман, во одлична форма, еден од најбитните играчи во репрезентацијата... И ќе го пропушти цело првенство дека е позитивен. Штета. Томовски е одличен голман, ама цел товар ќе биде сега на него... Него, оти не е повикан Кизиќ? Знае некој?
Добро може после да се уфрлат во списоков, позитивните? Или нема веќе додавање Или пак дури после првата фаза
МТВ-преноси од групната фаза на ЕП ракомет 2022 четврток, 13.01.2022 17.15 (МТВ1) Отворено студио 17.50 (МТВ1+3) ракомет ЕП: МАКЕДОНИЈА - СЛОВЕНИЈА 20.20 (МТВ1) ракомет ЕП: ДАНСКА – ЦРНА ГОРА 20.20 (МТВ3) ракомет ЕП: ХРВАТСКА – ФРАНЦИЈА петок, 14.01.2022 17.50 (МТВ1+3) ракомет ЕП: ГЕРМАНИЈА – БЕЛОРУСИЈА 20.20 (МТВ1+3) ракомет ЕП: ПОРТУГАЛИЈА – ИСЛАНД сабота, 15.01.2022 17.15 (МТВ1) Отворено студио 17.50 (МТВ1+3) ракомет ЕП: МАКЕДОНИЈА - ЦРНА ГОРА 20.20 (МТВ1) ракомет ЕП: СЛОВЕНИЈА - ДАНСКА 20.20 (МТВ3) ракомет ЕП: ШПАНИЈА -ШВЕДСКА или ХРВАТСКА - СРБИЈА недела, 16.01.2022 17.50 (МТВ1+3) ракомет ЕП: ПОРТУГАЛИЈА – УНГАРИЈА 20.20 (МТВ1+3) ракомет ЕП: БЕЛОРУСИЈА – ПОЛСКА понеделник, 17.01.2022 17.50 (МТВ1+3) ракомет ЕП: СЛОВЕНИЈА – ЦРНА ГОРА 19.50 (МТВ1) Отворено студио 20.20 (МТВ1) ракомет ЕП: МАКЕДОНИЈА – ДАНСКА 20.20 (МТВ3) ракомет ЕП: ФРАНЦИЈА - СРБИЈА или ШВЕДСКА - ЧЕШКА вторник, 18.01.2022 17.50 (МТВ1+3) ракомет ЕП: ГЕРМАНИЈА – ПОЛСКА 20.20 (МТВ1+3) ракомет ЕП: ПОРТУГАЛИЈА - ХОЛАНДИЈА или АВСТРИЈА - БЕЛОРУСИЈА Превземено од Драган Николовски. Линк за join во група: https://www.facebook.com/groups/261750963941769/?ref=share
Опасен овој Кире сите ги ставил во посебни соби, ќе банкротира Живко од него. Шала на страна прав професоналец.
Знам дека со @smb asr барате линкови од странство да можете да ги гледате. Ама тешко, многу тешко ќе има ова првенство. http://play.mrt.com.mk/live/42 Најдобро е на МРТ страницата и да пробате да пристапите преку ВПН. Ама не знам кој ВПН дава македонска IP. Hola.org и ProtonVPN вака ми текнува како бесплатни верзии да ги пробате каде може да има. Не сум на ПЦ за да можам сега да испробувам. Ама ако наидам на линк отворен за светот, ќе споделам. Edit: пробајте преку овој ВПН дали ќе ви отвори. Има и за Андроид и ИОС https://vpn.lat/europe/north-macedonia-vpn/
Не очекувам многу. Неутрален сум ама секој дополнителен успех ќе биде добредојден. Поише ми е за дебатите со другарите кој што зошто и како