Тоа е... Првенствово катастрофа организирано. Никакви Ковид мерки, мал милион позитивни, логистички лошо, термини неадекватни, квалитетот на домаќините да направат нешто достојно на многу ниско ниво. Кај нас пак, Ковид случаи на најбитните, сега и повреда на Кире. Малер не бие страшен. Тоа е. Бар сега без притисок ќе гледаме и очекувања сведени на минимум. Да уживаме во тоа што учествуваме како репрезентација на едно Европско првенство. Напред момци. Направете ни ја интересна вечерва, испотете ги добро Словенците. Велковски, од тебе најмногу очекувам. Среќно.
Зошто вакви стресови уште од старт. Аман веќе доста се крстевме во Кире нека покажат и другите кохонес, мај френдс. И онака оваа првенство планирано беше да игра од сенка, така да не се потресувајте многу. И бидете спремни на мноогу голови. Столе капитен, ајде мајката нека ја фати и репрезентацијата .
Доста аматерски грешки знаеме да направиме. Ама и Словенците не се ништо подобри. Знаеме да изненадиме со брза центар и сме непредвидливи со составот. Тоа ни е голем плус.
Нека се челичат младите xd Има негде стрим на интернет каде што може да се слушне тајмаутот а не глупите реклами ?
На кои дроги е Врањеш со англисков. А и овие од МТВ реклами даваа за време на нашиот тајм аут, а сега овој го пуштиле.
Грешкиве не убиваат, Томовски не враќаше во живот неколку пати ама залудно. До словенскиот тајм-аут правеа грешки и тие.. Има уште да се игра, НИШТО НЕЕ ГОТОВО !!
Не е гол, топката треба да е во мрежата, а не како во кошарката да биде исфрлена со звукот на сирената. Па и Кире ептен цепидлачи за еден гол, тргнал ги мава судииве.