Јас сум задоволна како играат, со оглед дека играат со далеку поискусните Словенци, добро се држат младиве. Јас не бев за тоа Кире да игра, за се осоколат малку младиве и покажат храброст и иницијатива, без него на терен. Редно е сами да се снаоѓаат.
Некако порастеретено, со помал страв играат вака кога Кире е на клупа. Сега ќе им дели шлаканици во соблекувалната за промашувањата.
Треба похрабро да играат и поагресивно, се осеќа нервоза во играта и шалтаат со тоа топката околу само без врска, како да нема кој да шутира.
Имавме потенцијал, цел натпревар се носевме со нив со оглед на тоа дека се по искусни ама беа фаворит и се докажаа. Мислам дека ние не изгубивме од нив туку од грешките наши, не дека не правеа грешки и тие, правеа особено во првото полувреме, после тајм-аутот нивни кој го имаа во завршетокот на првото полувреме се смени наеднаш и го покажаа квалитетот кој го имаат во второто полувреме. Против Црна Гора мора да се поправиме и да издвојуваме победа а против Данска да се случи чудо за нас шо е тешко тоа малце, а Словенија да изгуби.. Како и да е, ГЛАВАТА ГОРЕ !! МАКЕДОНИЈА
Не успеав да го гледам натпреварот. Криво ми е што изгубиле, се надевам ќе има можност за "поправен".
Изгубивме два разлика, а примивме три гола во игра со 7 играчи. Како и што предвидов. Кире си вежба за тренер. Ако, со среќа нека му е. Ама ако продолжи вака, за кратко би требало да биде сменет. Ако Живко има повеќе авторитет во федерацијата.
Лесните голови, кои ги примивме со 7-6 игра го покажуваат спротивното. Лесно потклекнува на притисок и спремен е одма да се коцка. Стабилноста која треба да ја стекне како тренер е многу далеку од него. Ќе треба многу искуство да трупа, па да разбери дека Шундо бил во право. Убавата игра не носи резултат. Резултат носат головите. Словенците се високи и спори, за нив требаше целосно младите да играат, брзо и разновидно. Кога почна да комбинира со Миркуловски, кој веќе нема брзина, тргна колата надоле. Немаат акции, немаат план. Иако цепелинот и збунката пред тоа, сите тргнаа назад, па еден се залета на пеналот, беше една од најубавите. Такви треба да имаат 20, еве и со букви, дваесет акции, различни. Ако не и повеќе. Креативноста, изненадувањето, комбинациите на различни играчи. Тоа треба Кире да го научи, ако сака да заработува како тренер.
Не е битно толку да ја поминеме групата колку што е битно да изградиме репрезентација за следните големи натпреварувања. Во утакмицата со Словенија беше видно дека многу од грешките кои ги правевме во Египет се поправени и дека оваа репрезентација со напорна работа може да го достигне успехот од 2012 во Србија и дури и повеќе. Како и да е добра игра во сите сегменти освен во нашето неискуство и брзоплетоста на нашите играчи, се на се може да се заклучи дека за наредните големи натпреварувања имаме тим добар кој може да се носи со сите. @brazilia не би рекла дека Кире згреши со играта без голман, бидејќи истата игра во некои моменти ја користеше и селекторот на Словенија и се почесто и други селектори и тренери, тука треба да се поработи на психичкиот момент на играчите кога играме седум на шест. Се на се би заокружила дека одигравме одлична утакмица, имаме потенцијал за наредните големи натпреварувања. Браво за момците. Напред Македонија
Најпрво да кажам дека очекував многу полоша игра од нашите, баш ме изненадија. Но... Томовски беше извонреден, Кузмановски и другиот Кузмановски, левото крило, беа на висина на задачата. И баш е штета што ја пропуштивме шансата за победа, посебно поради тоа што и Словенија не беше нај нај, освен во одбрана каде што нè поместуваа ко шаховски фигури. Премногу аматерски грешки, пре-мно-гу и како после да не се нервира човек. Имавме поддршка од голманот, убави голови постигнуваа и на крај изгубивме поради невнимателност и брзање. Да бевме полоши барем да не ми беше мака
Браво за момците Се гледа голем напредок во играта, брз центар, се игра разновидни акции и преку крила и преку бекови и преку пикери. Очигледно е дека Кире сака сите да ги разигра, да не биде концентрирана играта преку 3-4 играчи. За голманите да не зборам, Томовски, Митревски, Чаневски, Кизич, имаме добра иднина и искуство во исто време на таа позиција. Со оглед на тоа дека сме редовни учесници 15 години наназад, освен Хрватска друга балканска земја неможе да се пофали со таков успех. Само напред момци, веруваме во вашиот потенцијал на чело со Лазаров! Со за МАКЕДОНИЈА