Ни на Данците не им менува? Ако не им менува, нека ни попуштат да победиме, да се порадуваме и ние малку на една победа
Словенија Пред време сите ги отпишавме Црно Горците и покрај шо се соочува со проблеми како и сите останати сепак го дадоја максиумот, бравооо честитки.
Го слушам Тони Стојановски зборува требало да заживеат старите ракометни центри, си мислам дали се свесни луѓето дека народот се исели и се помалку му е гајле за спортот. Како е тргнато уште малку ќе треба да бидеме среќни ако можеме да составиме респектабилна репрезентација, а некои пак зборуваат за менување на играчи,зошто овие нечинеле небаре изборот е огромен. А тој всушност е се помал и помал.
Браво за нив, Целосно заслужено се во втората фаза. Нашата репрезентација треба да учи од нив како се бори за својата држава и се остава срцето на терен.
Холандија гледај каков ракомет игра, а до вчера ги немаше никаде. Тие се пример како се работи и во женска и во машка конкуренција. Буквално за неколку години кај нив ракометот доживеа трансформација, од аматерско ниво до освојување на медали. Очекувам набрзо и мажите да го направат онаа што го сторија жените,да освојат барем еден медал сигурно.
Влезе во серија и тоа е тоа.. Црна Гора има одлиичен тим, браво мислам дека заедно со Холанѓаните на ова ЕП најдобро се покажаа и ако не беа фаворити во повеќето натпревари. За Германија
Одличен е. Хрватите неочекувано лошо. Црна Гора пријатно изненадување излезе со Холандија. За жал следниот дуел го играат едни против други.
За полу финале немаат шанса, евентуално ако поправат нешто во играта за да разигруваат за 5-6 место ама и тоа тешко ќе им оди со оглед на тоа дека ќе играат со Франција, Данска, Исланд и Холандија кои се доста поквалитетни од Хрватска моментално.
Црна Гора ја победила Хрватска Не ми се веруваше. Хрватите полека и полека паѓаат далеку се веќе од медалите, ептен ако им се отвори ждрепката, ама и тогаш знаат да се избламираат.