Најјака борба имаа Словенија со Црна Гора. Португалија со Романија добра беше. Италија изгуби лошо, 12 разлика, мислам ќе се поздрави со Европското.
Ауу каква утакмица. Од почеток како им тргнаа словенците реков готово, свртев нашите да ги гледам, после враќам изедначени беа. Имаат иднина црногорците, супер игра покажаа.
Пак со грешкиве Аман веќе Чуден менталитет имаме ние македонците. Влегуваме со мисла дека ќе изгубиме, па играат со страв и губат топки. Кога ќе влезеш со мисла дека ќе се бориме и ќе се обидеме да победиме, другше ќе биде се. А вака со лузерски менталитет, толку е. Данциве не се толку јаки како што беа претходните првенства. Да не ни беа грешките, ќе бевме гол-два разлика.
Данциве имаат промена во генерации и пак се најдоброто нешто на првенствово, не би рекла дека е до грешките.
На контри не фаќаат. Ние и во напад многу грешиме. Многу се побрзи, а кај нас во брзината воопшто не е сменета со години. Треба побрза игра да играме, а не да успоруваме. Можеби е добра стратегијата да гаѓаат од далеку, бидејќи тешко се пробиваме. Добра им е одбраната на данците.
Требаше да им ја дадеме службено,барем да не се замараме и да се фокусираме на Португалија пошо тоа ни е шансата за пролаз даље.
Mislam deka poise gi cuvase za u nedela znae i on deka so danska kako i da e kje nemavme sansi ovaa bese kolku da se izigra
Психата исто е многу битна работа, а овој резултат ќе им влијае на играчите. Тоа се докажало и на многу претходни натпревари. Најдобра слика за тоа беше претходното првенство. Нема што да чува. Или играат, или не. Искрено, немаше добра борба од нашите, ама Кире рече дека е задоволен од играта. Дури и ги натерал да играат данците 7 на 6. Не знам што сакаше да каже авторот, ама играта беше очајна, поготово у второ полувреме.