Прашав дека редовно ја гледам неа кога им игра репрезентацијата на големи собири. Можеби сега не се појави поради актуелното незадоволство во Европа од политиките. А можеби само и нејзе и е досадно првенствово.
Па да досадно сигурно,знам се сеќавам за минатиот пат кога беа светски прваци,беше и неколку пати ја дадоа во кадар,е сега мислам во финалето,затоа и ти кажувам се чувала за финале ,да слави,ама не е секој ден Велигден нели?
Ама се појавуваше и на други натпревари, покрај финалето. Меркел е фудбалски фанатик, навивачка на Energie Cottbus. Само луѓето ја забележаа во Бразил 2014. Кога наздравуваше пиво со Joachim L.
Очекувано беше дека Франција ќе оди во финале, се разиграа на крајот на шампионатов, како и Португалците. Се опуштија де. Прогнозирам дека Франција ќе биде шампион, не даваат титула на домашен терен. Ждрепкава изгледа беше причина што скоро и да немаше интересни натпревари по групите, можеби УЕФА ќе размисли пак да го врати стариот систем. Искрено, порано континенталниве и светскиот шампионат беа вистинско задоволство за гледање, голеада имаше, сега одвај гол-два по натпревар, а тоа не се очекува од најдобрите кога се собрани на едно место. Пенал рулетот не е од значење за квалитетот на една репрезентација (освен што одредува кој ќе помине понатаму), туку е чиста среќа, па сега кому му е денот. Инаку, Германците синоќа ја прикажаа најлошата игра на шампионатов досега, од она што гледав.
И јас сум тажна што Германија изгуби. Ама тоа е сега. Во финалето нека победи кој сака, воопшто не ме интересира. Инаку и мене ми се допаѓа Грицман.
Можеби не толку интересно финале, колку што беа интересни некои полуфинални, па и четврт финални дуели. За кој типувате во финале? Јас некако немам баш фаворит сега.
За Португалија,ама мислам дека Франција ќе биде првак не дека е нешто подобра, ама си игра пред свои,многу и е полесно,ако имаат некоја луда среќа Португалците тогаш може да извојуваат победа.
Za nikogo od ovie.. Ama Francija kako da e vo prednost..a??? Doma igraat..publika imaat.. Inace tipuvam x-x&0-2 da zavrsi
E сега без Роналдо,многу тешко,ако го издржат второто полувреме,на пенали Португалија ќе победи,а инаку ништо не покажа Франција, да не кажам повеќе шанси имаа Португалија,па дури и без Роналдо.
Со среќа нека им е Титулата на Португалија помалце незаслужена со оглед на тоа како догураа до финале али тоа е тоа редно беше и Роналдо да земе Европско после толку плачење
Најпрво мислев дека Германија ќе го освои европското. Баш се изненадив сега од Португалија со оглед на тоа дека претходните натпревари играа нерешено, сепак сега се покажаа кога најмногу требаше. До срцево ми допре Роналдо, абе срце се изнаплака.