Англичаните губат колку и да се квалитетни, оти го форсираат нивниот стил на игра, не излегле никогаш од островот за да знаат да се вклопат со начинот на игра на другите репрезентации. Шпанци, Германци, Италијанци, Французи, Хрвати.... сите играат во различни лиги, не се 100% во домашната лига. Јас не знам еден Англичанец што играл надвор од Премиер (со ретки исклучоци). Може и грешам, ама еве, не можат некако да мрднат подалеку од четвртфинале, па мислам дека тоа има врска со нивната игра.
Пак ќе повторам сосема нормално е за мене да навивам за Европска репрезентација а не за Африканска. Инаку во врска со расизмот, Карим Бензема кој не беше повикан на ова Европско да игра за Франција го обвини тренерот Дидие Дешамп дека не го повикал само затоа што има Африканско поточно Алжирско потекло а исто така најголем дел од етничките Французи мислат дека има премногу Африканци во нивната репрезентација, така да толку за тоа. За Германија точно дека не играат само Германци ама 16 играчи се етнички Германци, а 19 од 23 се Европејци а останатите 4 се половина Европејци бидејќи имаат еден родител Германец. Јас не велам дека 100% од играчите треба да бидат етнички Французи или Германци, нормално е да има некои што не се ама ако некој воопшто не следи фудбал и прв пат ја гледа Франција ќе помисли дека игра некоја репрезентација од Африка .
Pobedi, trofei zasluzhuvaat onie koi kje se dokazhat i makotrpno kje stignat do zavrshnica na eden turnir, kako shto ne ednash se sluchuvalo vo minatoto nekoj pomalku znachaen da se proslavi. Sekoj od nekade pochnuva. Vakvi "uspesi", preku proshiruvanje formati, ne gi gledam kako uspesi. Kakvo e toa prvenstvo koga od site ovie koi konechno dojdoa do shansa da vidime deka ne se tuka radi reda, nikoj ne pokazha nisho posebno, tuku najgolema senzacija i iznenaduvanje predizvika Italija? Jas ama apsolutno se soglasuvam deka site znaat da igraat fudbal kolku da primat pet golovi od Francija. Koga gi spomna i Anglichanite, ostrovskiot fudbal mene mi e precenet i teshko dopadliv. Asistencijata na Ronaldo za Quaresma protiv Hrvatska da ja broime ili da ne ja broime, zbunuvachki ccc
Тоа е тоа, никогаш немале млад или "егзотичен" тренер со кој ќе внесат некоја иновативност. Последен условно речено добар(со него мислам беше кога им извадивме 2-2 на гости) им беше Ериксон, на два пати на пенали испаднаа во 1/4 финале ако добро се сеќавам, а имаа страшна генерација. Или зборуваш за победа во регуларен дел или зборуваш за победа во дуелот. Уште еднаш да преброиме, Португалија во регуларен дел има пет нерешени, а од тие пет нерешени исходи во продолженија или на пенали има 2 победи. Што е збунувачки? Италија најголема сензација? Репрезентација од топ 5 стигнува до 1/4 финале и тоа е сензација, а нација од 300 000 луѓе во првото свое учество го остварува тоа и никому ништо, нели? Велс, стигнува уште подалеку, ама тоа исто не важи. Добија овие репрезентации помош од судии, им се прогледа низ прсти за нешто, па да им биде незаслужен успехот?
Не важи бе. Толкав број слаби и здодевни натпревари немало на друго Европско. За да бидеш сензација, требало да испаднеш примајќи 5 голови во еден натпревар Видиш, можеби си во право дека тоа е сензација, зависи од кој агол гледаш. А држење во неизвесност на светскиот шампион до последно, елиминација на европскиот, убедливост над Белгија , прво место во група, се ова постигнато со најмалку звучен состав од кога знам, и Велс да ја собере славата оти ги помина С.Ирска, Словачка, секад извиканата Русија + Белгија Не може тоа така. И до кога веќе ќе ми ситничиш со Португалија, шо има врска дали напишав 4 или 5 и дали се бројат вака или онака, кога не прави никаква разлика во муабетот. Не прашав ништо за да ми се објаснува. Јас таков гол од игра гледам како победа, а кога доаѓа редот на пеналите, сметам за нерешена утакмица отсекогаш. И?
Ти лично можеш како сакаш да гледаш, но факт е факт, статистика е статистика и не може да има дилеми околу нивната точност. Еве и сликовито. . Ај од обратна гледна точка. Македонија да се пласира на европското 2020 и да стигне до полуфинале/четвртфинале притоа елиминирајќи ја Англија/Белгија, нема да биде сензација? Нема да ги пречекаме фудбалерите на плоштад, да ги прогласиме за народни херои, да ги споделуваме на фејсбук цел месец после тоа? Океј, навиваш за Италија, ама од Италија се очекува секогаш да е во врвот. Репрезентација со светски и европски титули не може во никој случај да се радува на 1/4 финале.
Значи да нема забуна, официјално од ФИФА и УЕФА резултатите се сметаат само по 90 минути, така е отсекогаш и затоа Португалија има 5 нерешени од 5 натпревари. http://www.futbol24.com/team/UEFA/Portugal/results/ 30.06.2016 UEFA EC Poland 1-1/p.3-5 Portugal 25.06.2016 UEFA EC Croatia 0-1 AET Portugal 22.06.2016 UEFA EC Hungary 3-3 Portugal 18.06.2016 UEFA EC Portugal 0-0 Austria 14.06.2016 UEFA EC Portugal 1-1 Iceland Инаку Пепе има мала повреда па можеби нема да игра, а ако не игра најверојатно во одбрана ќе играат Фонте и Алвеш, па ќе видиме како ќе го задржат Бејл .
Ќе те разочарам, но се уште се 4 од 5. Сликовито ќе претставувале, да немало забуни Уште овој пат ќе пробам да објаснам и тука прекинувам. Велс не помина преку никаква голема репрезентација во квалификациите, туку си играше со Кипар, Андора, Израел, Босна, и пак заврши втор во група. А сега, форматот му дозволи да игра полуфинале на првенство, додека 90% од најквалитетните репрезентации испаднаа во дуел меѓу себе, без Велс да припари до некоја од нив. Велс допрва треба да покаже дали ќе го биде, или нема да го биде. Разбираш дека веќе се отиде на тоа да им се олесни патот на послабите, ѕирни ги квалификационите групи и погледни колкав простор за калкулации оставаат ждребовите. Ако тебе во фудбалот ти се поважни други нешта, пред квалитетна игра, што да ти пишувам повеќе. Никој фан на Италија не се радува затоа што Италија испадна во 1/4 финале, туку затоа што Италија покажа дека останува школа за многумина, тогаш кога најмалку се очекуваше од неа. Што се однесува до мкд, јас никогаш не би пречекувала т.н. фудбалери на плоштад, ниту би споделувала статуси на фб поврзани со нив, а знам дека нема да има ни потреба од тоа - мкд не би стигнала на Европско, затоа што квалификациите ќе ги заврши последна во група со Гибралтар, Сан Марино и Молдавија.
Јас сакам Велс да победи денес.Португалците ми се многу антипатични. А за Германија си навивав секогаш. За Италија навивав се’ до натпреварот со Германија. За Полска ептен ми е криво што испадна. Инаку темава отиде во сосема друга насока. Велс на првенството пријатно ме изненади.Исто и Исланд.
На секое првенство во првите 4 има по едно изненадување Велс се надевам на ова. За новиот принцип и јас сум против 2 години се играат квалификации за на крајот пола да се пласираат. Порано имало уште помалку репрезентации на европско.
Немав можност во сабота да пишам, затоа сега кога си дојдов. Од околу десет души во собата, само двајца бевме за Германија. Какво дерење имаше на пеналите, дури и телефонот го фрлив во ѕидот. Ама леле на крај кога победи Германија, каква штама беше, не само внатре, и на тераса, ни пиле не пееше. Само колите минеа, сите Италијанци со отворени прозорци од нервоза. Кога играа против Шпанија на плоштад бев, абе лом се сторија скокајќи и викајќи, па дури и пуштија чад во боја, го формираа знамето. А свирки до 12 вечер фрчеа. Ама не дека играа лошо против Германија, сепак на крајот и немаше нешто што може да се стори. Тетка ми пак ми купи два дреса од Италија, и носев дрес на Италија, а навивав за Германија. Хипокрит левел 3000. Ќе се слави и денес, сигурна сум! Deutschland!
Баш ми е жал за Германија Премногу Ја заслужи титулата затоа што многу убаво играа на првенствово и тоа без пораз
Пријатно Шваби..Мирно ќе се спие вечер јухуууууу Да победеа тие ќе бев приморана во финале за роналдо да навивам,сеа вака сууупер е.
Јас отсекогаш сум за Германија,ама денес не знам што им беше,едино тој Dexter се издвои од сите.Другиве баш беа како изгубени Германци Па и тројца повредени играчи и се очекуваше ова Дека имаа среќа Франција имаа,головите им беа од грешки на Германците.Боатенг што грешка направи,па и Швајнот Подобри беа дефинитивно Германците,ама браво и за Greezman или како и да се пишува За Роналдо никогаш нема да навивам,многу ми е лигав ,затоа во финале сум Франција да победи,кога веќе отпадна Германија