Секоја млада жена сака нејзинотот тело да изгледа чисто,убаво,мазно.Со таа цел ние секојдневно купуваме разни производи почнувајќи од гелови за туширање,лосиони,гелови против целулит,препарати за нега на стапала,нокти и т.н. Не секогаш она што е скапо е и добро.Многу пати ми се случило да купам некој доста поефтин препарат за тело а да бидам презадоволна. Токму тоа ми е целта за отварање на оваа тема.Кои препарати за тело ги користите вие,од кои сте задоволни а притоа истите тие немаат високи цени. Еве јас ќе започнам -Гелот за туширање кој јас го ''открив'' се вика OPEN го има во сите поголеми маркети,а цената му е околу 170 ден за 500мл.Има прекрасен мирис на колачиња и ванила,кожата ја прави мека и свиленкаста. -Маслиново масло за сува и оштетена коса,помага многу а е многу поефтино од селиконски капки и други препарати за коса.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Сите масла (рицинусово, чичково, бадемово), Павловичева крема Елдена млекото за тело
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Сите масла се добри и за телото и за косата, јас користев еден многу добар крем а воедно и лосион за тело од маслинка. Го има во продавници и супермаркети. 500мл е околу 150 денари ама кожата ја прави мазна и мека.Потоа имам користено крем од невен и тој е добар особено ако ви се испукани раците
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Лала крема за лице, 100 ден, убава арома за секојдневна употреба и за флеки по лице Вазелин има лабело за усни и крема за сува и испукана кожа Чиста класика од шампон и нема утка Ова кремиче е евтино и е закон за многу сува кожа на раце
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Морав и ова кремче да го додадам,има смешна цена од 50 ден.а многу помага за бубулички освен на лице и на тело.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Subrina гел за туширање. Има избор на прекрасни ароми, последно го користев тој од лево. Трајни се и ја прават кожата мека и нежна. Цената им е 100 денари, вреди до последен денар.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Гроздовата маст за уста, околу 30 тина денари е, ама навистина вреди, а и не се троше бргу. Овие што се долу во кружните кутивчиња. Исто се согласувам за кремчето Здраве и за шампонот од бреза. Скептична сум за вакви работи, пред се’ ефтини, мислам дека штом се ефтини не се добри, ама ете не било така.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Имам мрсна кожа во т-зоната, а овој тоник ептен ми се погоди, како за секојдневна употреба. Овој ацетон од Кам. Нема подобар, тврдам. И овој путер за тело од Би Кул, што мајка ми случајно го купилa и се видел ефтин. Пријатен мирис за во лето, и пријатен за кожа.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Исто да ги додадам геловите за туширање од Фелче не се лоши и мислам дека не се скапи. Старфиш зошто ги користиш чичковото и руцисиновото масло?
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат За коса Коренот знае да ми биде доста сув, поготово во зима, па си ставам пред миење од чичковото. И рицинисувото го имам користено, ама подобри резутати има од чичковото. Даваат многу сјај и некако поголем волумен во коренот.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Презадоволна од шмапониве. Некои 60, 70 денари се ама фини ми се за косава.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Bagno Schiuma Coconut & Vanila Околу 120 до 140 денари, 1000мл. Преубаво мириса и ја оменкува кожата.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Старфиш сакав да те прашам чичковото масло за каква боја на коса е? Зошто ми имаат кажувано дека е за светла коса. Смеѓа или плава. Извинете за оффтопик .
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Две работички од Авон,кои се прилично ефтини а супер се,баш си ја вршат својата работа
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Ќе бидам офф ама ве молам кажете ми каде ја купувате кремава Здраве?
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Како ја наоѓаш во Тедико?? Баш заради неа специјално се симнувам во Тедикото долу во Скопјанка и никогаш немало. Си прашав дури и ми викаат нема.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Јас во Топанско ја најдов во Тедико, ја имаше и жолтата. А во ова тука во Н. Лисиче не ја најдов.