^ Таа се нанесува само на местата со кои имаш проблеми. Барем така е логично со оглед на густата формула. Другарка од бугарија ја користеше често. Според тоа за што и е намената, претпоставувам дека би требало да се нанесува само на местата кои имаат потреба од ваков крем. Не би требало да пречи и на целото лице, но внимавај да не е пречесто и да не нанесеш многу бидејќи остава бели траги. МНОГУ бали траги
Извинете, незнаев каде да прашам. А за каков тип на кожа е Здраве кремот ? Јас имам комбинирана то мрсна кожа и на целото лице ми делова добро освен на челото. Ми се направија црнки повеќе од вообичаеното..
^ Ако сметаш дека од тој крем ти се направиле, не користи го на тие делови или воопшто не користи го. На кремот си пишува „против кожни надразнувања“ и не мислам дека е добро за секојдневна употреба, особено не на здрава кожа.
Сапунот од козјо млеко во последно време ми е хит, прекрасен е пилингот го купив, а на мајка ми со Q10, исто така како што и предходно кажале некој феминки млекото за тело од Кам маркет и Афродита шампон и купка ...
Лосионот Пантексол - се препорачува за сува и оштетена кожа(го има во сите аптеки), и рицинусово, бадемово и маслиново масло (ги користам за коса).
Морав да си цитирам пост за да се поправам. Кремата веројатно може да се користи секојдневно но на одреден период да се направи пауза. Ја користев повеќе време на одредени делови од лицето (понекогаш и на цело лице) и секогаш ми помагаше против недостатокот кој моментално ми се појавил. Но сега имам проширени пори, но сметајќи дека во тој период менував многу козметички производи за лице, не можам да проценам и пресечам дека е од овој крем. Само да споменам дека може да е и од него.
Здравооо, дали ја видовте новата колекција за сончање La Ligne од маркетите на Кам во кој што вклулчува(млеко за сончање , спреј и крема)? Ја има некој користено?
Некои производи ги купувам за мали пари а одлични се покажаа: Подобра ми е од Нивеа а дупло поефтина,ја користам со години Ефтин а добар Супер за лето,за 400 мл само 87 денари
Да, првото е за интимна нега,еве јас лично го користам некои добри 15 години,уште додека беше само еден вид и во розево пакување.Сега користам од камилица откако се појави,другите ги немам пробано.Инаку имам пробувани гелови на Клео,Нивеа,Орифлејм и сл.ама овој ми се покажа најдобар па не го менувам
Регенератор за коса Maximum од Bonnes Farm за само 70 ден од Тедико Маркет. Содржи алое вера и камилица, има многу нежен и пријатен мирис.
https://encrypted-tbn0.gstatic.com/imag ... VVJCnOtYiQ Најубавиот крем за лице, кој воедно е најефтин. Околу 140-150ден. е 75мл. Италијански е, направен по нивна традиционална рецепта, најпродаван и најпознат во Италија, но веќе проширен и во многу други земји. Направен е на база на пчелин восок и глицерин. Предности: -Многу е благ, што може да го користат и деца. -Ги намалува брчките. -Премногу лесно и брзо се нанесува. -Има многу убав мирис (за некого може ќе е прејак, ама се губи мирисот). -Не создава акни, црвенила. -Ги намалува флеките, недостатоците на кожата. -Ја прави здрава, сјајна и совршено ја хидратира. Недостатоци: -Многу е помрсен. Но, сите производи со пчелин восок се мрсни. Затоа има две колекции: за мрсна-комбинирана кожа (Бианка) и за сува-нормална (Роса). Решението е да се става помалку крем или некои го користат како ноќна крема. Мене лично на почетокот ми е помасна кожата, но после тоа ја впива кремта. Топло го препорачувам на сите, вреди за парите. А, и многу позитивно е коментиран на повеќе форуми, може да разбарате.
Јас го зедов во Зегин, ама и по другите маркети треба да има (имам завидено низ продавниците). Има интензивен мирис, на ружа, помрсен е, јас ставам по малку. Засега е одличен, еве уште го користам.