Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Се сложувам дека нема подобар ацетон од тој во Кам , а 50 денари е мислам . Јас па еднаш не најдов чичково и земав бадемово за врвови . Го ставам од ушите надоле и ми стои саат време пред да ја мијам косата . Кога ќе се истроши ќе го побарам чичковото , само од некое знам потемнуваше косата а не сакам Искрено во зима не трошам многу пари на млека за тела , зимам едно бебешко масло , не се многу скапи и барем знам дава влажност на кожата .
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Веќе сте набројале дел од моите омилени. Кремата Здраве (која патем ја има во Тедико во Н.Лисиче, ја има и жолтата), јас ја земав од таму, нецели 50 ден. Чудо од кремче. Би кул лосиони за тело од Галениус. Ем наше, ем евтино, посебно ова од Ванила и цимет како мириса , и кожата ја прави нежна и мека. А цената му е некаде од 100-130 ден. Зависи каде ќе ги начекате. Ми се допаѓа и тоа со мирис на брусница, само тоа од крушка мириса страшно одвратно. Лосионот за тело на Елдена од Кам. Млекото исто ми се допаѓа, ама е помрсно и побавно се впива, а со ова полесно се дише. Цената му е смешна, некои 120 ден. а квалитетот е одличен за тие пари.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат После толку фрлени пари за шампони, конечно го открив шампонов во Кам маркет, кој е против мрсење. Исто од Кам маркет од истата марка како шампонот, има и гел за туширање преубаво мирирса. Крема за лице
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Абе „ Ефтини препарати за тело,кои многу вредат “ Мислам дека сепак такви не постојат, цената е ГОЛЕМА но едноставно не се плаќа ВЕДНАШ. - Кога тогаш се плаќа од тоа нема бегање.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Нема врска, едноставно некои фирми или немаат добар маркетинг план или се засенети од брендовите кои повеќе ги купуваат заради името отколку квалитетот. Инаку, за тие што се во близина на Принц маркетот во Чаир, и тука ја има Здраве кремата, и таа жолтата. 51 денар се.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Ја обожавам кремата за раце. На рацете им дава влажност и хидратација, а и многу убаво мириса. Евтина е некаде околу 50 денара е
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат - за 85 денари, добиваш бебешка кожа, чист мирис и дерматолошки проверено млеко. - ги користам белиот лосион за тело и кремата за раце и лице и се покажаа одлични. Не се мрсни, имаат убав пријатен мирис, а цената е смешна, за 500мл, околу 200 денари платив.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Малку сум сум скептик кон ефрините препарати за нега, пред се затоа што имам многу осетлива кожа. Би ги издвоила млекото за тело Бекутан, кремата за раце Ассо, и целата колекција на Балеа која за жал ја нема во Македонија. Цените во ДМ маркетите се живо џабе, па ако некогаш негде сретнете ваков маркет задолжително влезете. Мене омилени ми се антицелулитниот гел со масажер, серумот за нега на деколте, кремите за пети кои чуда прават. И се тоа за смешно ниски цени.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Ах, како можев да ја заборавам најдобрата паста за заби за мене. Забите ми ги прави бели ко снег, а нема кој не ја знае со праисториската амбалажа .
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Имаше истражување некое пред некој месец го читав за квалитетот на козметиката по светов и заклучок беше дека скапите брендови не мора да се поквалитетни од поевтините. Кај скапите брендови често повеќе отколку квалитетот се плаќа брендот. Е сега, таму во евтини брендови беа наведени на пр. Нивеа и др. од тој ценовен ранг, а мора да се согласиме дека кај нас има и прилично поевтини козметички препарати. Сакам да кажам, може да се добие квалитет и за пониска цена (ама и не мора). Еве на пр. мене ми се многу погодени млеката за тело Garnier, а не се воопшто скапи, како и млеката за тело Нивеа.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Можете ли да ми кажете каде ги купувате овие лосиони? Јас ги барав низ сите големи маркети, ама ги нема.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Ги имаш низ повеќе продавнички,парфимерии,али зависи каде ќе најдеш. Имаш во рамстор,во Џоана парфимериите,Unique,Веро мислам дека.. низ гтц секако ќе најдеш,само побарај низ повеќе продавнички
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Balea washgel, го нема кај нас, најблиску во Србија (пр. во ДМ маркетите), ептен е ефтино (2 евра - 150мл), а е премногу добро за миење на лице, ништо не ми чисти шминка како ова и кога ставам крема барем знам целосно е чисто лицето Сите производи се убави на Balea..
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Гелов за туширање сега е многу подобрен, дава голема, кремаста пена, прекрасен мирис од мед и млеко, посебен за зимските студени денови. 500мл. чини околу 180ден. (а, во Кам моментално е на промоција околу 135ден.)
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Овде веднаш би го сместила лосионот Хлорохеникол презадоволна сум за само 95 денари. Има брумчиња по грбот и благодарение на овој лосион сосема ми исчезнаа
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Купка Афродита за коса и тело, ние ја користиме за тело, густа е и убава, а чини само 122 денари.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Шампоните во производство на Алкалоид кои се 70 или 75 денари мислам од 1 литар Стик за усни од галафарм кој чини само 50денари Течен сапун Тео (незнам колку чини од литар ама ефтино е)