Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Оу јес толку го плативме во Тедико, секаде држи различна цена но секако не е повеќе од 150 денари 1000 мл. а колку е само густ, одличен е.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат ^ Потврдувам за кремиве! Посебно таа од бадем, прекрасно мириса. И, упиваат брзо! :up:
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат имам слушнато од мрсни кремови може да ти излезат мозолчиња...а сите ефтини кремови како што знам се мрсни.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Тоа зависи од кожата,не од кремата.На некои мрсен крем може да им створи мозолчиња на некои не.Јас на пример ако ставам павловичева неколку дена на лице,обавезно ќе ми излезе бубуличка(пробав еднаш 2-3 дена пред да нанесам пудра),а една што ја знам нон стоп става па ништо.
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Бекутан - млекото за тело, а во последно време го пробав и шампонот, прекрасни се (како бебенце сум ) Исто колекцијата на Алкалоид Young Derm, крем и лосион, двата по околу 70 денари мислам беа. Кремава за раце, 40 и нешто денари е, преубаво мириса и ги навлажнува дланките. И незаменливата и сенаменска павловичева маст
Ефтини препарати за тело,кои многу вредат Медико идеал, богат со цинк, идеален за сушење на акни и смирување на кожа после депилација. Покрај маслиновото масло, најупотребливото масло. Одлично за подобрување на квалитетот на косата, ноктите, рацете, па и за масажа на лицето и телото. Ниеден шампон не ја мие косата подобро од овој шампон. Иако по миење со него, мора да се истретира косата и со маска за коса, сепак сјајот добиен од шампон од коприва (или бреза) е незаменлив. Косата изгледа здраво и чисто. и прекрасно мириса
Конкретно за кафениот, бидејќи другите не ми се допаѓа како мирисаат. По мека кожа јас во животов сум немала, мирисот трае, а цената е преку сила 170 ден. и тоа за големо пакување од 750мл.
Од оние што јас ги користам: Трепките ми ги прави преубави Бидејќи имам комбинирана кожа, на т-зоната ми е мрсна, одличен е за вадење на нечистотијата Едно помало пакетче си носам со мене во ташна, а друго поголемо ми стои дома и го користам за вадење шминка. Незаменливи се марамициве, а мирисот им е сон! Го користам за масирање на скалпот пред бањање
Маслата за коса на галафарм се многу убави,ниеден регенератор не им е рамен за суви врвови. Јас до сега ги користев маслиновото масло,бадемово и ореово масло и сите се супер Шампоните за коса на Илирија од коприва и бреза се незаменливи,иако и Херба на Алкалоид не се лоши, баш сега таков користиме дома од камилица и добар е земено во обзир дека чини 70 ден за 1 литар. Бекутан влажни марамици за чистење на шминка-закон,и преубаво мирисаат,а и другите производи на бекутан се топ Крем за раце 48 - со гидини го користам супер ми е посебно за во зима одличен.
Ги спомнав и во друга тема, ама морам и овде. Вазелините на Галафарм се дефинитивно добра инвестиција, чинат помалку од 50 денари, а неверојатно добро ги хидрираат усните. :up:
Искрено, подобри се маслата на Фитофарм. Ги имам пробано и на Галафарм и на Фитофарм, вторите имаат далеку подобар ефект, можеби затоа што се чисти масла.