Мнооогу добар лосион, повеќе ми се свиѓа од млекото на Елдена кое ми е густо, колку е само траен, цела недела телото ми е мазно, а не како кај другите намачкај веќе утре си како за’рѓан. Исто како и Елдена убав но со полесна структура и мирис, но исто долготраен но малку е поскап од Елдена, некои 140 денари а 500 мл. со овој се мачкам у лето бидејќи Елдена ми е потешка. И да ми се може никогаш не би ги заменила за некој од поголемите фирми.
Оаа фирма ја нема кај нас? Јас имам од оваа фирма шампон и сум задоволна донесен ми е од Германија,а за дугите производи не знам..кажете дали се добри ако се добри ке си ги порачам кога ке ми иде некој роднина.
Леле луѓе, да отворевте страна наназад, ќе прочитате дека 10 пати е пишано дека ДМ маркети НЕМА кај нас. И Ариел жено, има девојчево пишано дека ја нема, ти пак прашуваш. Бог да чува и да брани бе.
Од Кам 99 ден. беше сега незнам дали е пак поскапено...убаво е ама мирисот по некое време некако се сменува и ми мириса на кантарион....ич не ми се свиѓа мирисот.
Се извинувам што ќе бидам оф топик но сакам да прашам каде можам да најдам маслиново или бадемово масло и колку е нивната цена ви благодарам однапред
Ќе најдеш и во обични продавници и во Тинекс/Веро/СП или пазар инаку јас земав пред некое време бадемово масло и беше околу 70 денари
CIA можеш да му додадеш неколку капки од некој парфем на точење ако имаш, затоа што да нема некој посебен мирис, ама па многу е убаво за кожата.
гледам сите се изјасниле за млекото за тело од кам ,редовно го користам и е евтино,и многу ја држи мека кожата,и кремот за раце од кам 50 денари е од камилица 100 мл е а ги хидратира рацете ,преубаво нешто,бонс бонс на малиција парфемчињата од нив сум презадоволна трајни и евтини и сладок вкус имаат
Genera (не можам да најдам слика) Регенератор за коса (500мл.=55ден), во цилиндрично шише, жолта боја е, со коскос (и уште некоја состојка). Се одадов пари за скапи регенератори, а сите се исти. Овој е навистина убав за тие пари.
Геловите за туширање на Рефан ми се многу убави. 120 денари, густи и пенести, со убави мириси. Најубав ми е тој од калинка и папаја. И кремчето за чувствителна кожа од рози, исто така на Рефан, повеќе пати сум го пофалила на форумов. Сум користела многу поскапи кремови кои можат вода да му носат. Околу 270 денари е, но го ставам во категорија на Афродита, Лореал, па и Еуцерин, што се значително поскапи.
Има најава дека ДМ иде во Македонија во 2012 ... за сите оние кои едвај ги чекаат нивните производи и услуги ... за другите ДМ може лесно да го најдете вососедството ... Србија или во Бугарија ... се надевам дека не сум оффф ... за тоа уште едни производи од ДМ http://www.dm-drogeriemarkt.de/cms/servlet/segment/de_homepage/balea_home/balea_produkte/ ефтино и навистина одлично - Гарниер може вода да му носи - од лично искуство !!!
Има најава дека ДМ иде во Македонија во 2012 ... за сите оние кои едвај ги чекаат нивните производи и услуги ... за другите ДМ може лесно да го најдете вососедството ... Србија или во Бугарија ... се надевам дека не сум оффф ... за тоа уште едни производи од ДМ http://www.dm-drogeriemarkt.de/cms/servlet/segment/de_homepage/balea_home/balea_produkte/ ефтино и навистина одлично - Гарниер може вода да му носи - од лично искуство !!! Господ здравје да ти даде за информацијава!
да и првата продавница ќе се отвори некаде мај/јуни и во центар точно незнам но затоа ќе видиме. Едвај чекам.
^^ и да отворат ДМ кај нас за разлика од во другиве земји кај нас цените на производите сигурно ќе се дупло поскапи
Нема ништо подобро, поготово за во зима....не за џабе е 100 години квалитет. Во темата за бебушки веке имам споменето за колекцијата на Becolino, страшна работа....ефтино колку и Бекутанот, но квалитет невиден, Dalia е производител, исто така фирма стара колку и Нивеата.
Мислам ќе бидат на ниво на кам маркет или нешто поскапи, сигурно едно млеко од Балеа за тело од 500 мл нема да биде поскапо од Нивеа. Еве во Хрватска производите од ДМ маркет се дупло поевтини од производите на другите фирми, неможе кај нас цените да се повисоки од хрватските, башка ќе се набавува од Србија и транспортот влегува во цената, во Хрватска производите се носат од Словенија, Германија или Австрија па пак се најприступачни. Останува да видиме но јас верувам дека ќе бидат пристапни за сите, на ДМ не му одговара неговите производи што се помалку познати да не се продаваат.
За мене маслиновото масло е незаменлив „препарат“ за нега за лице, тело и коса. Ниту еден препарат нема такво влијание на мојата кожа, како што има маслиновото масло. Го купувам тоа што го носат од Албанија, последен пат кога купив беше 100 ден. половина литар: