Овој лосион за тело на Балеа во ДМ, околу 105 денари, иако минатиот пат не го видов низ рафтовите, пробај, можеби го донеле во меѓувреме. За ова сум сигурна дека го имаше - крем за тело од кокос, во кутија, 175 денари, ама 500 мл, повеќе се исплати од првото кое е 200 мл, а и сигурно е поконцентрирано.
Кремава од Авон ја обожавам. Цело зимо си се мачкав со неа и прв пат не ми испука кожата на рацете. Компактно е пакувањето па си ја носев во ташна за на школо. Сега си земав нова, гледам го смениле пакувањето,жолто е ,ама пак истата крема со глицерин е. Околу 100 денари е зависи како ќе ја начекате. Втора супер работа е вазелинот. Го имам тој со невен и пантенол на Галафарм и супер е. Цената му е под 100денари.
Последно нешто што го земав,гел за туширање од Далиа,од малинки,115 ден од Тинекс,кој ми се иде да го изедам додека се туширам Кожата ај што убаво мириса,ами е нежна ко свила Пробајте,ви враќам пари ако не го бендисате
Кај беше до сега? Значи женски,прекраснотиии од мирис Незнам зошто волку касно го откривам,за 750 мл со цена од 150 денари (10-20 денари плус можеби) добивате долготраен мирис,и мекост на кожата Ако точно пишува на нет Клеово е на Паглиери,исто како и Фелче Азурата ..значи им нема промашај во мирисите! Препорачувам доколку не сте го пробале!
Елдена млеко за тело, јас го користам тоа во темно плаво шише, рај за мојава сува кожа. Конечно мислам дека си го најдов идеалното млеко за тело.
Потполно се согласувам, за истово спомнав и во друга тема, мене ми е сон, убаини од мирисот , моментално го користам зеленото од ова, преубаво мириса, има долготраен мирис, мене ми се допаѓа што не ме чеша кожа од него, за разлика од Фелче Азура.Убаво мириса и Фелче Азура, ама ме чеша кожа од тоа.Ми се допаѓа и што може да се користи долго време, во однос на цената.Оти има некои пример скапи, а за два дена отишол.Незнам дали има и други од истиов производ, тоа ќе треба да истражам за сега овие два ги знам.Исто и ја го препорачувам ова и зеленото, двете се сон :geek:
Не знаев кај да го сместам ова, па некако тука најсоодветно ми дојде. Господ да ми ги поживее овие од pintrest што идеи ми дадоа. Последниве месеци се префрлив на бричење на нозе и некако фино ми дојде. Прво земав од Балеа еден гел и супер беше ама после открив нешто подобро. За бричење може да се користи било каква маска или регенератор за коса. Бев сумњива за ова па ајде да пробаме. Супер е! Имам една маска за коса која беше ептен ефтина и во големо пакување (Генера кај нас на пример). И ова пред депилација топ. Кожа мазна, без поткожни (да чукнам во дрво). Јас го користам ова не само за на нозе него и за под пазуви. Ете од мене.
Сапун чисти раце го има во 4 варијанти и сите се добри и убаво мирисаат, а цената е одлична, литро 77 денари, а мирисите на сите се неверојатно добри особено овој белиот Божилак и се доволно густи. Со сапун ги мијам сите нови работи што ќе ги купам и мирисот е долготраен подобро од Ариел.
Дефинитивно овде е Генера млекото за чистење на лице Го купив 89 денари од Тинекс, и прво бев многу скептична, ама одлично се покажа. Лицето ми е чисто и убаво мириса, навистина е исплатливо :up:
Ова млеко за тело од Космо за некојси 110 или 120 денари го купив уште пред некој месец и девојки совршено е. Ја омекнува кожата,хидратантно е и не се менува мирисот,а за тие пари 400 мл. па и не е на одмет. Го имам и истото од јагода.....мх мх мх.....
Женски,пред некој ден ја купивме кремава со мајка ми,од кам,и предобра е! Од камилица е,многу убаво мириса,и ги омекнува рацете Не ми текнува на цената,ама знам дека беше задоволителна.