Јас го користев овај регенератор пред неколку години, па сега дури ми текна на него ама не знаев дали сеуште го има. Го најдов во Тинекс, 70 и нешто денари. Јас сум презадоволна од квалитет и од цена,погоден ми е за косата, а и долго време го користам бидејќи е големо пакување. Ти го препорачувам
да.регенератор е,многу е убав а евтин,има прекрасен мирис,косата е мека и нежна.... сосем случајно го пробав и сега го препорачувам на сите вас,во склад со темава
Кремава за раце ја земав 33 ден. од Carrefour, 50 мл. Доволно е малку да нанесеш ги омекнува рацете и брзо се впива. Мене ми е совршена за секојдневна употреба. ( Би ве замолила сите што пишувате за производите да пишувате од каде ги купувате за да можеме полесно да ги наоѓаме )
А знаеш дека не само што не им пишува состав на нив, нема никава информација по интернетов за овие креми? Имав земено крем за лице со D panthenol кој сакав да го користам за раце и кога го побарав, немаше никаква информација. Ги имаше Mystic, но немаше ваков вид. Од истиот вид имаше и шампони. На нив не се сеќавам од што беа, но се сеќавам како изгледаа. На интернет сите други ги имаше освен тој шампон. Не знам за вас ама некако не ми се сигурни овие производи
Од конкретнава крема веќе немам така што неможам да го видам составот, но имам од истата линија на креми Mystic едната со бадем и едната со лимон и на двете креми се наведени состојките, ги произведува бугарската фабрика БИОФРЕШ http://www.biofresh-bg.com. Речиси повеќето козметички прозиводи што се произведуваат во Бугарија се поефтини, пример сe производите на фабриките Aroma, Hera
^ Не ме сфати. Пишував конкретно за таа крема. Има и други видови и нив ги има на нивната страна. Но оваа со d panthenol ја нема. Секаде барав и немаше ниту на официјалната страна ниту било каде. Истото важи и за шампонот. Токму тој на кој имаа попуст на него го нема на страната. Башка, ја пишува страната но јас никаде не ги гледам ниту еден од тие производи. Just saying...
^ Дури сега гледам се разврзале муабети околу кремава. И јас ја барав на интернет но не најдов слика од кремава, инаку како што пишала sonce10 погоре, кремава ја произведува Биофреш од Бугарија и на самата кутија ги пишува состојките од кремата на англиски и на македонски накратко пишува за што се користи и како делува кремата. Јас лично задоволна сум навлажнува омекнува погодна за секојдневна употреба.
Сакам да ги прашам оние кои ја користат или ја имале користено кремата здраве...значи гледам многу позитивни коментари сте оставале во врска со неа па сакам да ве прашам дали би ми ја препорачале да ја користам по што имам бајаги мрсна кожа немам мозолчиња тука таму по некое ми излегува чат пат и така малку имам црвенила како резултат на акните кои сум ги имала порано....по кремите не сум многу.....немам користено до сега ни една значи на лице крем немам ставано само лосиони гелови и сл а читам таа крема "чуда"правела какви ефекти има,мислам какви благодети сте осетиле од неа и од кој вид зашто мислам дека имаше сина опаковка и жолта не сум сигурна можеби сум офф топик ама ајде.
Си ја купив кремава Здраве и сакам да прашам како ја користите кремава? Мачкате на целото лице или само на делови кај што имате мозолчиња? Да не е многу јака па да не не треба на цело лице да се мачка?