Евтино приготвување на оброци (Low income meal)

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Mazegin, 20 февруари 2025.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.488
    Допаѓања:
    13.737
    Ама па и во чорба, при запршка се става една лажица брашно, не многу, а и зејтин, се ставам малку при запршка. Дури и ако е со месо, ако е мрсно, ако се згусне, нема потреба од запршка. Инаку, просо дали користите? Немам користено. А гледав на српски канал, полнеа модри патлиџани со просо внатре.
     
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    6.638
    Пол:
    Женски
    Не сум живеела никогаш сама, ама сум си спремала оброк за на работа нели да не јадам од пекара или порачано постојано.
    За 1, не ми е сеуште дефинирано дали е попаметно од ресторани или што и да се со готвена храна да си купиш порција, во мојов град се околу 150 денари или да спремаш.

    Конкретно за спремање, секогаш сум гледала да е работи што може да се мрзнат или барем со една примпрема да имам 3-4 различни оброци.

    Пример 1 - парче стек, го печев во недела нели на евтина, со масло, сол, бибер, кора од лимон, лимонов сок и лук.
    Така испечено, сечкав на парчиња (кругови) и во кутија ви фрижидер, за 3 дена на работа.
    Ден 1- пилешки сендвич. Леб, парче марула, домат, од стекот и зависи што имам друго при рака.
    Ден 2 - препечени лепчиња на тостер, плус салата со марула, од пилешкото, пченка, домат, краставица било што внатре
    Ден 3, - пилешкото со неутрална павлака измешано и кари, плус додаток или малку тестенини, или ориз, кус кус, киноа, било каква житарка.

    Кус кус исто е одлична тестенина. И како додаток сум ја користела, за сосови со месо. И како оброк, само со зденка, путер, павлака измешано.
    И како салата. Кус кус, со кромид, домат, краставица. Ми доаѓал цел оброк така.

    За еден-двајца, или брза припрема и Air fryer, ми се наоѓа ептен. Дали малку зеленчук и парче месо да направам само за мене, за еден оброк.

    За евтино пример мајка ми, а и јас во последно гледаме остатокот од едниот ден, да се пренамени во втор оброк.
    Пример денес печено пиле со компири. Остатокот од пилето, на ситни парчиња утре би станал или пилешка чорба, или ориз со пилешко.
    Битно да не се фрла храна, што во мојот дом е голем проблем.
     
    На Cosmic Girl, јolene, vans001 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    9.484
    Пол:
    Женски
    Исто може однапред да се направи малку поголема количина на храна и да оди во замрзнувач. Вака и на струја се штеди. Јас имам јадено и замрзнати манџи, и оброци ко сарми, полнети пиперки, ок биле ко ќе се згреат, нема којзнае колкава разлика на вкус.
     
    На SummerGirl, Cosmic Girl, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    6.638
    Пол:
    Женски
    Се сетив сега да дополнам. За 1-2 лица, откритие ми е и гравот од Кам во тегла што се продава.
    За ептен кратко време е готов, дали течен во тенџере, дали во тавче. За 20тина минути е спремен.
    Додатоци и запршка по желба.
     
    На Cosmic Girl и vans001 им се допаѓа ова.
  5. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    Кој е тој? Слика?
     
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    6.638
    Пол:
    Женски
    278126040_10161242116239863_8629304947178262257_n.jpg

    На интернет ја најдов сликата, сега е околу 70-80 денари. Не е оваа цена.
     
    На eliesaab, vans001, Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Pham

    Pham Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2023
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Те молам зборувај повеќе на темава :D
     
    На Cosmic Girl и eliesaab им се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    6.638
    Пол:
    Женски
    Идеја од денес.

    Околу 300 грама месо, го ставив да се динста со 1 главица кромид, малку лук, малку црн домат, пиперка, тиквица, зачини. И на крај конзерва домати. Испадна поголема количина.
    Пола ќе го јадеме утре со пире.
    Пола ќе го замрзнам, само сосот, па во следните 10тина дена ќе го одмрзнам, внатре ќе додадам ситни коцки компир и во рерна кратко да се потпечи, т.е колку компирот да се спрема.

    Во есен обавезно си спремам мали ќесички со сецкана пиперка, црн домат и тиквичка, некогаш и морков, колку за еден оброк.
    Во тава, гулаш и слично си додавам после цела зима и не плаќам по 150-200+ денари за килограм пиперки пример.

    Грашок, брокула, пченка земам замрзната.

    Едит: спремам за 2ца плус мало дете. Да имате отприлика идеја за количината.
     
    Последна измена: 23 февруари 2025
    На kozuf, Antebellum, Mazegin и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Исто и јас вака правам.
    Секогаш гледам рок и ако знам дека нема да се искористи до тогаш, не го земам.
    И за големите количини исто пишував пред некое време на темата за бојкот на маркетите.
    Беше сугерирано да се купува од пазари наместо од маркети.
    Пишав дека јас не сакам да купувам од пазари каде не можам сама да изберам и каде што морам да купам три кила за поефтина цена.
    Ако не се изеде и ја фрлам храната, што дека сум ја купила поефтино?
    Немам услови да складирам храна дома - во смисла на суво и темно да чувам негде намирници.
    Компири ако купам и не ги искористам за 4-5 дена почнуваат да ртат. И тоа по 1 кг земам.
    Купувам на грамови и парчиња, почесто одам да пазарам во неделата ама бар свежо зимам.
    Се јаде разновидно дома и никој не мрчи дека нешто му се здосадило да го јаде.
    Дури и месара имам во близина, немам потреба да смрзнувам месо.

    Исто како тебе и јас смрзнувам некои намирници, најчесто овошје и зеленчук за во зимските месеци да имам - модар патлиџан (за малиџано салата обично), свежи кајсии и праски, тиквици и сл.
     
    Последна измена: 24 февруари 2025
    На Miss_S и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Од вакви тегли јас купувам наут во Стокомак и тој е толку негде со цената.
    Веројатно и во КАМ имаат.
    Спремен е за јадење каков што е, а количински е доста.
    Го додавам во салати и во тортиља врапови како извор на растителни протеини.

    А ако сакате уште поефтино и поубаво од овој во тегла а не ве мрзи да си го спремите сами тогаш купете си од КАМ ќесичка суви зрна наут. Поефтино е ќесето а од него многу наут ќе си спремите, зошто набабрува.
    Зрната се поќиснуваат во вода една вечер да отстојат. Наредниот ден ги варам додека не се доволно меки за јадење. Вкусот е многу поубав од тој во тегла. Некогаш ако не ме мрзи и лушпите (тие проѕирните) им ги вадам на зрната после варењето, иако и тие се јадат.
    Освен во салата може да се направи хумус, многу е лесно.
    Хумусот во најефтина варијанта во продавница е околу 90-100 денари за мало некое кутивче.
    Дома може да направите далеку повеќе за многу поефтино и ќе си го зачините по желба.

    Ако сакате и рецепта ќе ви пишам тука.
     
    На Antebellum, zence, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.501
    Допаѓања:
    37.757
    Пол:
    Женски
    Манџите не мора да се прават со месо. Па и да се прават така, пак е поевтино отколку да порачаш храна од надвор. Јас вчера правев компир манџа без месо. Денес ќе динстам зеленчук.
     
    На Mumoftwo30, Tanjamm, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.388
    Да. “Посна” манџа од секогаш ми била повкусна од онаа со месо.

    На запржен кромид и лук, ставам два домати, грашок и еден компир да се динста. (Ако имам у фрижидер доматно пире не ставам домат) Црвена пипер и сол и од зачини. Мене ми е превкусно.

    Чорба или потаж од тиква исто ми е превкусна. Потпржувам кромид, потоа ставам морков, компир, тиква да се потпржат некои две три минути и преливам со вода. Така сварено го ставам во блендер и додавам од варилото онолку вода колку што сакам да ми биде густа или ретка чорбата. На крај ставам павлака или неутрална павлака, зависно од тоа што имам у фрижидер. Ја јадеме чорбата со потпечени кришки леб (загорени повкусни :D)
     
    На Miss_S, SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    На тема посна храна а вкусна - турлитава (без месо). :inlove:
    Поздрава од пржен зеленчук во секој случај.
    Особено на лето ја правам, кога се ефтини тиквиците и модриот патлџан.
    Многу често ја правам и од остатоци од зеленчук ако ми останале дома и мора да се искористат во краток рок, зошто од се се става по малку.
    Состојките за една голема полна тава се: пола зелка, 1 тиквица, 2-3 компири, 2-3 моркови, 1 кромид, малку грашак, малку боранија, 1 модар патлиџан, црвен патлиџан (или уште поубаво е салца - таа го дава вкусот и без патлиџан не е тоа -тоа) и ако јадете бамји неколку. Ништо не пржам претходно. Се сецкано на коцки мешам во тавата со зејтин, сол, вегета и црвен пипер, малку вода и печам во релна.
    Мрсната варијанта е со коцки месо (свинско обично ставам) кое претходно го варам и го додавам во зеленчукот со малку од неговата вода.
     
    На Pham, eliesaab, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.802
    Допаѓања:
    202.798
    Пол:
    Женски
    За колку време искористуваш една тегла наут или грав? Оти е голема количината за едно јадење, моиве нејќат, а јас не сакам само тоа да јадам во еден ден. Повеќе ми одговара во тегла, готовиот, оти не секогаш имам време да го варам наутро (во 6:30 излегувам од дома), а си носам салати на работа. Зборот ми беше, колку време стои отворен?
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.253
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Како што читам, сфаќам дека на моето семејство во работна недела му спремам „ефтини“ ручеци :|
    Меѓутоа, сакам скоро секој ден да има некаква манџа дома затоа што сметам дека е поздрава опција од виршли, бургери и сл. Е сега, ако некој мисли дека виршлите се подобра опција од леќа, не се мешам. Значи, од понеделник до петок леќа со мевце, компир манџа, гравче, ориз, грашок, спанаќ...Супа, обавезно. За викенд може да биде нешто поинакво, ама сепак ќе кажам, традиционалните манџи ги сметам за подобра опција од прженици.
     
    На theowndemon, Annath, Miss666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    8.402
    Пол:
    Машки
    Да, исто така и оризот, гравот, боранијата, итн. содржат протеини но треба да се напомени дека тие немаат есенцијални аминокиселини и се класифицираат како нецелосни за разлика од целосните во месото, рибата, сурутката, јајцата и млечните производи и тие растителни протеини неможат да бидат градбени единки како овие другите за да се има правилен раст и развој и одржување на коските, косата, мускулите, ткивата, ноктите и да послужат како одбранбен механизам како антитела, ензими и добри хормони.

    Примарна цел на овие растителни продукти е содржината на јаглехидратите за да послужат за извор на енергија, особено тие сложени и спори јгх кои не го рипаат хормонот инсулин нагло кој е еден од клучните хормони заедно со гликогенот, кортизолот и тироидната жлезда кои одлучуваат каков ќе биде човекот здравствено а и физички.

    Сакав само да кажам дека кога се вели протеини, не сите протеини се исти за да не доаѓа до забуна, и не сите протеини имаат иста функција. Растителните протеини имаат своја придобивка, но главните протеини кои се најклучни за целолупното здравје се тие кои соджрат најмногу есенцијални аминокиселини како од од млечните производи и животинските.

    Најдобро е да се комбинираат протеините, и од растително и од животонско потекло и да се внесуваат сите макронутриенти за одржување на здравјето.
     
    На Mumoftwo30, јolene и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Да, многу е тегла наут ако од неа јаде само еден. Тоа е и причината зошто обично правам свој наут.
    Ние двајца јадеме, па пак се форсираме да ја искористиме целосно.
    Мислам дека издржува 5 до 7 дена во теглата, одма се заматува течноста кога ќе е престоена и добива мирис.
    Затоа сакам сама да направам наут зошто ставам колку што ми треба и да имам тазе.
    Го чувам нутот процеден од течноста во фрижидер и стои околу 1 недела а можеби и повеќе и некако ми е поубав на вкус. Ако е расипан сменет му е вкусот.
    А за киснењето сум наоѓала разни препораки на интернет - и дека може пократко и дека може подолго да се киснат. Едни викаа од 8-24 часа, други викаат не повеќе од 12 часа.
    Ако ги ставам пред да си легнам во работен ден, наредниот ден попладне ги варам и ништо не им е.

    Хумус искрено само од домашно приготвен наут сум правела, супер е за таа намена. Не сум пробала со наут од тегла зошто не ми е ист вкус и помеко е зрното.
     
    На Annath и јolene им се допаѓа ова.
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам.
    Многу убаво објасни!

    Еднаш ме нападнаа на форумов веганите, нека не ми се лутат и сега, зошто ова што го пиша е и мое мислење.
    Лошо мислење имам за диети кои исклучуваат една цела категорија на макронутриенти. Од луѓето што биле околу мене на некој ваков режим, немам позитивни примери напротив. На долги стази сите имале некои промени на полошо како реакција на тие рестрикции.
    И сум пробала и самата и не сум имала добри резултати од таква исхрана - ниту од онаа што исклучува јх како кетото, ниту од веганската. Последиците од исклучувањето на една цела група хранливи состојки и јадење само друга група, кај мене одма беа веднаш воочливи и по крвната слика (пред и после состојба) и по мојата општа состојба.

    Во конслуталција со специјалистите кај кои се контролирам за моите здраствени проблеми дојдов до план за јадење кој подразбира прво редовни оброци, а второ ја вклучува секоја група макронутриенти со тоа што гледам да бирам попаметно и да јадам поразновидно.
    Единствено ми се „забранети“ купечки сокови, од кои најстрого тие што се без шеќер, зошто содржат многу штетни замени за шеќерот како и процесирани грицки или слаткиши.. вообичените глупости што се се само не храна...

    Растителните протеини од наут, печурки и зеленчук ги јадам во склоп на некои оброци, ете како наутот во салати ама месото не ми е исклучено. НО, гледам во неделата да преовладува lean meat во оброците. Сум приметила дека ми е подобро така со моите здраствени проблеми.
    Така да веќе и не ме интересира што велат кето експертите, веганите, екстремните постачи кои јадат храна вредна за цел ден во 4 часа (lalala)
     
    На Mumoftwo30, M.B., joy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    8.402
    Пол:
    Машки
    Апсолутно да, исклучување на одредени макронутриенти по себе не е здраво и претставува лошо за организмот.
    Човекот е создаден да работи на три вида горива, јаглехидрати како примарно гориво, протеините и мастите и сите три групи имаат своја намена. Телото може да работи на гориво масти но само одреден период. Да, факт е дека инсулинот е тој главен виновник дали човек ќе е слаб или дебел и останатите горе што ги наведов хормони, зошто кога внесуваме јгх тој хормон инсулин трансмитира и испраќа шеќери до мускулите и црниот дроб и кога овие резерви ќе се заситат или наполнат, вишокот на шеќер односно гориво оди во складирање на резервни односно во липиди т.е сало и на тој начин се покачуваат килограми зошто телото е паметна машина, тоа сало исто така гориво но за "кога ќе затреба", односно кога телото ќе биде ставено на некој режим гладување или диета па за да надополни енергија и преживее ја искористува таа складирана енергија т.е салото и тогаш доаѓа до процесот "слабеење или топење". И затоа кето диетичарите ги наоѓаат шеќерите како виновни за дебелината па ги исфрлаат од исхраната.

    Но телото вели не, не е програмирано да работи без јаглехидрати. Неколку часа без јаглехидрати нашите неврони се успоруваат, нашиот нервен систем, мускулите се згрчени, чувствуваме нагло пад на енергијата, чувствуваме нервоза, главоболка а иако сме јадени и сме јаделе масти ама сепак јгх не. Кога ќе касниме било што од јгх, дали леб, шеќер обичен, овошје, тогаш се чувствуваме како преродени, среќни, енергични, се лачи хормонот за среќа.

    Телото е зависно од сите нутриенти. Телото не може да работи без шеќери т.е јаглехидрати. Треба да се внесуваат јаглехидрати т.е шеќери, но да бидат од правилен тип т.е оние спори шеќери кои нема да предизвикуваат нагло рипање на инсулинот како полнозрнестите житарни производи, за разлика од брзите шеќери кои го рипаат инсулинот нагло даваат нагло енергија а потоа кога ќе се стабилизира шеќерот го крвта и нагло пад на енергија како сахарозата, белиот шеќер, белиот леб кој има гликемиски индекс 100 рамен на белиот шеќер, фруктозата, но не и секое овошје го рипа инсулинот брзо, има овошја кои споро ги разложуваат шеќерите. Кога јадеме брзи шеќери не фаќа и дремка зошто шеќерот во крвта е висок, кога ќе се стабилизира и се разбудиме чувствуваме пак глад ама тоа не е глад туку паднат шеќер, лажен глад, и инсулинот бара повторно да биде вивнат зошто паднал шеќерот а претходно бил висок и тој лажен глад го тера организмот да јаде уште на тој начин трупајќи пак калории и одење во суфицит ставајќи килограми.

    Затоа треба да се конзумираат правилно сите макронутриенти и да се одбираат правилно јаглехидратите и правилно да се искористуваат.

    А протеините се градбени единки и мора да се внесуваат со секој оброк, одреден број на протеини му требаат на телото во денот според телесната тежина и физичката активност за телото да функционира нормално и правилно. Сите тие аминокиселини се клучни и се градбени единки и ако некој смета дека протеините од животинско потекло не се важни и клучни, се лаже само самиот себе, зошто баш тие протеини се градбени и одбранбен механизам.

    Треба се да се внесува правилно, сите макронутриенти. Јаглехидратите да бидат што повеќе сложени и спори, мастите да бидат здрави, а протеините да бидат најзастапени и да се комбинираат и животински-млечни и растителни но главен акцент треба да се стави на животинско-млечните и истите да преовладуваат највеќе зошто тие се вистинските протеини за правилен раст и развој на телото и нормалја финкција организмот и хормоните.
     
    Последна измена: 25 февруари 2025
    На Mumoftwo30, јolene, Pham и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Ме потсети муабетов за белиот леб, т.е за неговата поздрава варијанта-
    Домашно направен интегрален или црн леб.

    Знаеме колку се скапи лебовите од црно брашно. А згора на тоа секогаш кружат гласини дека некои не се направени од вистинско црно брашно, туку се од чисто бело брашно и некоја боја.

    Секогаш далеку поисплатливо ми е да направам црн леб, отколку да го купам.
    Ако имате фурна за леб користете ја, ако немате топло ви препорачувам да си купите.

    Едно пакетче интегрално или 'ржано брашно од 900-1000гр е околу 70 денари.
    (Ако сакате секако има и поскапи т.е. помали пакувања од 500 грама за тие пари, ама ок се и овие што ги има во сите маркети). Од едно пакување ќе направите 2 до 3 леба од 800 -1000 грама.(Ако рецептот бара и дел бело брашно, тогаш и поефтино му иде).
    Ако се земе во предвид дека купечкиот леб не е повеќе од 450-500 гр тогаш не трипати, туку шестпати е поефтино да го направиш лебот. За квалитетот нема ни споредба, ама еве доволно е што нема адитиви.
    Секако може и рачно да се замеси, ама фурната за леб штеди раце, време и струја.
    Таа не троши колку една релна, само си ставаш состојки и ја оставаш се сама да си направи, сама и ќе си заврши. Ти за тоа време си правиш нешто друго или си одмараш.
     
    На kozuf, Mumoftwo30, јolene и 3 други им се допаѓа ова.