Мене кога ми останува наут од тегла, најчесто го печам со зачини и си грицкаме додека гледаме нешто навечер. Го плакнам убаво, па го поминувам со брисач да не е скроз мокар. Додавам што ми текне од зачини, мешам убаво во длабок сад, па префрлам во плех на хартија за печење и го ставам во фурна. Обично пола час на 180° му е доволно.
И јас ова го прам. Го цедам и валкам во зачини и печам, или го валкам и во малку таан растворен со малку вода + зачини за поќе вкус. Многу подобро за грицкање пред екран ми е од чипс на пример.
За да не е грозна, во водата што врие стави 1 лажица путер, на сам крај насецкај малку зденка горе, да се стопи. Со урда не ми е убава, со сиренце - да.
Ама путер и зденка е веќе буржоазија.Го спомнав рецептов како најевтина варијанта. Инаку ја јадам само кога сум на некакви режими и баш вака како што кажав, вода со палента и многу малку сол. Путер и зденче ако иам у фрижидер, у палента не ги ставам, на леб ги мачкам.Верувам дека е далеку повкусна твојава комбинација.