Егзема

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Scarlet88, 18 јуни 2010.

  1. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Eczema е воспаление на епидермисот! Се јавува како осип, црвенило, иритација, гноење, чешање! Може да настане од алергиска реакција, од стрес, примање на некои лекови и сл, може да е хронично, сепак нема никакви докази од каде потекнува оваа болест, ниту има лек за неа, има само начини како да го подобрите животот имајќи ја оваа болест, но тука е неможноста да се излечи!

    Јас лично имам неуродерматитис.....барем така ми рекоа докторите...ми се појави на 17 години! Ми го уништи животот, неможам да се слечам, неможам да одам на плажа, а за дечко да не правиме муабет...ке треба да раскинам...! Било како ме оневозможува во многу ситуации......! Сум пробала секаков лек, од мед, алое, боров јаглен, направив рокада во исхраната, не јадам продукти со конзерванси, млеко и јајца........и што ли уште не...не делува! на топлово ми се влошува ситуацијата! Не се капам со оби4ни шампони и сапуни!....со еден збор не живеам повеќе....
    Знам дека има многу млади луѓе кои го имаат овој проблем! Па ако ништо друго, да споделиме искуство! Поззззз :inlove:
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    Имам дете кое има егзема. Уште како бебе ја утврив дијагнозата. Имам многу читано за ова, пред се таа е наследна - генски се пренесува, јас не сум имала ама татко му да. Се губи или намалува со ојакнување на имунолошкиот систем. Прво и основно е дека треба многуууу ама баш многу да се пази на исхраната, значи никако конзерванси, јајца, свинско месо, грав, млеко....Има сега многу лекови и креми со кои може да се третираат тие места ама сите се на база на кортико, кои нели прават проблеми на хормоните.
    Го бањам само со Мустела, специјална колекција за таков вид на кожа и сватив дека се е во исхраната. Откив и една крема која ја набавувам од еден човек кој ја прави во домашни услови. Прво ја испитав со мојот педијатар дали е штетна и дали ке штети на детето доколку ја употребувам и као на биљна база е и не пречи.
    3 год се забављам со ова чудо и приметувам да како расне детето нели го зголемува имунитетот и така е се подобар и подобар. Сега веќе ги нема тие осипи што си ги имаше константно на одредени места. Некад се појават од време на време но за кратко време исчезнат. Првата год. кога го однесов на море имаше само 6 месеци а целиот беше со осип, за неколку дена детето се цело исчисти и за тие 14 дена беше супер.
    Како и да е, сите што имаат вакви проблеми би им дала еден совет дека навистина и 100 % треба да пазат на исхрана, да пазат што јадат, затоа што доколку малку го подигнеш имунитетот веднаш се приметува по осипите.
    Прочитав некаде дека ако не се контролира егземата најлоша варијанта е да човекот бива склон на настинки - грип и најлоша варијанта е астма, за жал.
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    И јас користев кортикостероиди, антихистамини ама ми го уништија цел организам! Кремите што ми ги дадоа такозвани кожни доктори блага веза немаат...тоа се губење на пари а богами и на нерви! Кренав раце од се веќе....цела сум со оспит, ме чеша ненормално, еве два дена на сум на таблети за смирување, па решив да пробам Еуцерин, ќе видиме како ќе реагира!Во исхраната ги тргнав конзервансите, не пијам газирано, јајца и млеко! Мн ми е тешко тоа ми е омилена храна :@! Фала многу што се обиде да помогнеш, го ценам тоа! :*
    Ако има некој друг, било како совет да даде поврзано за ова болест нека пише! Поззззззз :)
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340

    Знам низ што поминуваш...ако сакаш да ти кажам од кај ја зимам таа крема??? И Еуцерин е добра колекција за ова, исто како и Мустела. Треба да погодиш што и одговара на твојата кожа.
     
  5. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Фала Славица, го користам еуцерин со уреа! Презадоволна сум! Сега само треба да внимавам на исхраната и облеката! Поззззззз, и фала мн на помошта :inlove:
     
  6. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Дали е егзема она бели дамки што се појавуваат низ телото како ишарана,гливична инфекција габа егзема ќе ми помогне некој да разграничам ,и дали има некој што гоимаистиов проблем?поздрав
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340

    Не е тоа егзема. Егзема- црвени осипи кои најчесто се јавуваат на меките ткива. Понекогаш прават како меурчиња кои се полнат со некаква течност и пукаат, многу чешаат, ја сушат кожата...Најдобро за тоа да се консултираш со кожен лекар.
     
    На krstevska.anita му/ѝ се допаѓа ова.
  8. milicaperkova

    milicaperkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Затоа што ми е огромен проблем, ми го уништува животов морав се да научам за ЕГЗЕМАТА еве нешто и од мене на темата .


    Во денешно време чест кожен проблем кај децата и возрасните е неуродерматитисот. Под тоа се подразбира осип кој чеша и кај кој може да дојде до воспаление на кожата, а лекарите го нарекуваат „атописка“ или „ендогена“ егзема. „Атописка“ означува зголемена подготвеност на телото да развие преголема чувствителност (хиперсезибилитет) против материите од природната околина (полен, треви, куќна прашина и многу други). Таа подготвеност се изразува на пр. како моментална алергија ( која веднаш се појавува).

    „Ендоген“ значи дека доаѓа одвнатре. Деловите на кожата зафатени со неуродерматитис се зацрвенети, воспалени и чешаат. Со постојано чешање кожата се навлажнува и се создава кора на местото каде што чеша. Неуродерматитисот најчесто се наоѓа на вратот, тилот како и на рачните зглобови, лактите и на свивките на колената. Нешто поинаку неуродерматитисот се јавува кај доенчињата, каде што се уште нарекува и теменица, затоа што од ситното црвенило се создаваат бели кори кои често се распространети по целата глава и изгледаат како исушено млеко. Склоноста за заболување од неуродерматитис се наследува, што не значи да секој кој има наследни предиспозиции, мора и да заболи. Бидејќи болеста не е заразна, не треба да се колебате да ги запознаете луѓето од средината на заболениот дека нема никаква опасност. Доенчињата ако се дојат, поретко заболуваат од теменица и неуродерматитис, односно ако преку колострумот на мајката се изградат заштитни фактори.

    Кај мене проблемот е огромен, постојано ми се јавува егземата. Лупење на рацете,колениците,околу лактите, на лактите,под косата,вратот.
    Премногу ми влијае лошо на животот, ме прави плашлива не самоуверена, ми е страв да излезам помеѓу луѓе од страв да не ми се потсмеваат :( понекогаш самата себеси се прашувам зошто ми се случува тоа.
    Но има и пострашни периоди кога буквално ми опаѓаат парчиња кожа, како помала дури размислував и за самоубиство,но сватив дека треба да се носам со проблемот.
    Нема кај не отидов и нема што не пробав, но никако да се ослободам од егземата ( не се лекува ) но може да се држи под контрола, само мене никако не ми успева да ја ставам под контрола.
    Единствено што ме држи е подршката од моето семејство и надежта дека еден ден се ке се среди.
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    Премногу ми влијае лошо на животот, ме прави плашлива не самоуверена, ми е страв да излезам помеѓу луѓе од страв да не ми се потсмеваат :( понекогаш самата себеси се прашувам зошто ми се случува тоа.
    Но има и пострашни периоди кога буквално ми опаѓаат парчиња кожа, како помала дури размислував и за самоубиство,но сватив дека треба да се носам со проблемот.
    Нема кај не отидов и нема што не пробав, но никако да се ослободам од егземата ( не се лекува ) но може да се држи под контрола, само мене никако не ми успева да ја ставам под контрола.
    Единствено што ме држи е подршката од моето семејство и надежта дека еден ден се ке се среди.[/quote]


    Направи си строг режим на исхрана и ќе го видиш резултатот. Претпоставувам дека ти е мака од се, ама тоа е. Контролирај ја и не и се предавај
     
  10. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    дали е егзема, гноење на ушите? прв пат во живот ми се јаува ова,па сакав да прашам. Дали е можеби некоја алергиска реакција? и како се лекува ?
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    Не. Егзема е алергија/осип на кожа.
    Оториноларинголог најубаво ќе ти каже зошто ти загнојуваат ушите. Можеби од јаки настинки/грип па настанала инфекција во уво...
     
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Сакам да ве прашам дали некој има употребувано "Џин Џира Цинк Пиритион" случајно го видов во списанието Мали совети за здраво семејство-Зегин, чини 536 денари и пишува дека се користи за:
    -Првут
    -Псоријаза
    -Себороичен дерматит
    -Површински кожни инфекции
    -Егземи и невродерматит
    -Сува и испукана кожа и пеги
    -После депилација, пилинг, бричење


    Сакам да го купам, но не сум сигурна колку е добар спрејов, дали ќе ми помогне за Егземата што ја имам, сепак не би сакала ако не помага да лупнам 500 денари за џабе. :?: |( :|
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. krstevska.anita

    krstevska.anita Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1

    Направи си строг режим на исхрана и ќе го видиш резултатот. Претпоставувам дека ти е мака од се, ама тоа е. Контролирај ја и не и се предавај[/quote]


    направи си строга диета без свинско,риба пресна ,јајце,зачини ,јагоди,киви ,оцет,газирани напитоци,алкохол,грав,сувомеснато,кикиритки ,лешници ,бадеми и сета храна што ги има овие работи,ке си купите маст од невен се надевам ке ви помогне :|
     
  14. krstevska.anita

    krstevska.anita Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1

    Направи си строг режим на исхрана и ќе го видиш резултатот. Претпоставувам дека ти е мака од се, ама тоа е. Контролирај ја и не и се предавај[/quote]


    направи си строга диета без свинско,риба пресна ,јајце,зачини ,јагоди,киви ,оцет,газирани напитоци,алкохол,грав,сувомеснато,кикиритки ,лешници ,бадеми и сета храна што ги има овие работи,ке си купите маст од невен се надевам ке ви помогне :|

    http://www.narodnilijek.com/web/neven-j ... c-i-jetru/
    и јас го имам истиот проблем како вас ,се мислам дека е недостаток на А И Д витамини
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. krstevska.anita

    krstevska.anita Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Ако ви помогне спрејот доколку го купите пишете поздрав од мене
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    ^ Не е мој овој цитат

    Нема врска, грешка во цитирање :)

    Не е недостаток на Витамини А и Д
    http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%BD_%D0%90 http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80 ... %BD-%D0%B4
    но тоа не значи дека кожата не треба да се тинтра со посебна козметика. Егземот така се рефлектира на кожата а од друга страна што ние не го видиме таков осип е и од внатрешната страна на кожата. Спаѓа во алерии која е генска и наследна.
    Пак ќе повторам, решение е во исхраната, стрпливот и истрајност


    Во врска со спрејот, незнам чие е производство ама колку што гледам е на база на цинк а цинк во креми, мастови, спрејови и сл. за кожна употреба намалува црвенило и ја засушува раната т.е кожата (на некој начин ги затвара порите на кожата) и незнам колку е паметно за оваа намена.
     
  17. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    5.050
    Пол:
    Женски
    нас ни помага само еуцерин омега 12 омега...инаку приметив дека на тие места каде што била егземата козата е малку посува и побела..дали од сончањето од лани е не знам зашто на тое места се чешаше многу и имаше баш голема рана...вие мајки какви се вашите искуства на оние места каде што била егземата?поздрав
     
    На krstevska.anita му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    имам егзема ( мајасил) уште од кога сум се родила,цела сум била исипана :| и ми се изгубил,по некое време пак ми се појавил, од 6 месечна возраст уште го имам ама само на раката,ми се појавува на пролет и на лето, најчесто кога ќе јадам,домати,цреши,вишни,портокали,мандарини,јаготки,малини... :|користам една маст која многу ми помага, барем не ме чеша.
    Едит:Афлодерм се викала маста :)
     
  19. mici123

    mici123 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    јас би сакала да го споделам со вас следново: моето детенце има 2,5 години и позади на грбчето се чешаше особено навечер на спиење и уште ако има мали ноктиња тогаш до раскрварување се чеша. со се и сешто го мачкав што ќе слушнев, секакосо креми на припродна база, ама ништо од сето тоа-дур како краставо му стана. И при еден раговор со една пријателка го виде и сама ми препорача крема од ноќниче на др.таис исто така на природна база. Луѓе за 3 дена му помина, престана да се чеша, а кожичето му се обнови како ново е. Секоја чест на пријателката (Маја те сакам многу) и на кремата ТОП Е. Така што топло ја препорачувам на сите оние што имаат проблеми со кожата - осипи, црвенило, чешање. Пробајте нема да згрешите, барем кај мене беше вистински погодок. Ја има во зегин аптеките, а сега му купив и маслено средство за туширање исто така на др.таис исто така за смирување на кожата. ;) :geek:
     
    На Cecko85, cresa-jagoda и Mala-volsebnicka им се допаѓа ова.
  20. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    уште од како сум се родила како бебе сум имала мајасал односно егзема тогаш ми се излечил но некаде во пубертеток пак ми се појави прво дланките од внатрешната стана почнаа да ми се потат и да ми се лупи цела кожа
    после некое време мислев се среди но не почнаа на последните два прсти да ми испаѓаат малетки топчиња полни со водичка и страшно чешаат па ке ги изчешаш па к есе направи рана па ке почн екрв да тече значи страшно чешање на нерв да те удри
    пробував разни креми и на крај си отидов на кожен каде што ми дијагностицира контактен дерматит кој најверојатно ми беше на алергиска база од некои хемикалии ми даде крема адванте мислам беше и за неполна недела ми се повлечи ми се изчисти и ден денес после 4 години немам ништо
    инаку јас се приметив дека мене бонукс прашокот за перење ми го ствараше ова и дуел омекнувачот и ленор
    така да совет до сите ако го имате на оредено место и не сета по целото тело тогаш ви е контактно заразено ви смета некоја храна или хемикалија ако пак ви се појавува на различни места од телото односно се шета по телото тогаш ви е од нервна база ова ми го објасни лекарот
     
    На Cecko85, cresa-jagoda и krstevska.anita им се допаѓа ова.