1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Егзорцизам

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од thelittle17, 19 август 2011.

  1. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Егзорцизам или рукја како што е на арапски јазик, е истерување на злите демони кои што влегле во некој човек и кои што му пречат во неговата психофозичка активност.

    -Дали верувате во овој таканаречен 'ритуал' ?
    -Дали овој ритуал, е прифатен од верските заедници во МК, и дали во Светото Писмо (или друга света книга) е споменат овој 'ритуал' ?
    -Какви се вашите гледишта и мислења за овој тн. 'ритуал' ?
     
  2. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    се плашам да читам и проверувам понатаму по темава оти од страв ќе ми испаѓаат демони. :D :(
    п.с.се е можно може има вакви работи а не знаеме.
     
  3. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    Еве нешто од Википедија за егзорцизмот во христијанството и исламот :)

    Христијанство

    Во христијанството, егзорцизмите наводно се извршуваат во името на Исус Христос или преку молитва. Католичкиот ритуал за формален егзорцизам е наречен "Главен Егзорцизам" и е опишан во Дел 13 од книгата за "Римскиот ритуал". Свештениците најпрво треба да бидат сигурни дали лицето боледува од некоја болест пред да го извршат ритуалот. . Во христијанскиот ритуал лицето кое врши егзорцизам,познато како Егзорцист, е често член на црквата, или лице за кое се смета дека е надарено со виши моќи или вештини. Егзорцистот може да користи молитви, и верски материјали, како што се: утврдени формули, гестови, симболи, икони, амајлии,итн. Егзорцистот често се повикува на Бог, Исус, и /или неколку различни ангели и архангели за да изврши егзорцизам. Потребно е време од неколку недели за да егзорцистот го истера длабоко навлезениот демон.
    Воглавно, , опседнатите лица не се сметаат за винвни за злото кое се наога во нив ,ниту се целосно одговорни за своите постапки.. Затоа, оние коишто го изведуваат овој ритал сметаат дека ова е повеќе како лекување одошто судбина .Повеќето ритуали обично се држат кон ова мислење,велејќи дека не е насилство да бидеш опседнат од виша сила,освен во случај на бесвесно насилство од лицето, тоа може да биде врзано за негова заштита како и заштита на егзорцистот.

    Ислам

    Во Исламот, егзорцизамот се нарекува ruqya. Се користи за да се поправи штетата предизвикана одsihr или вештерство. Се состои од рецитирање одредени стихови од Коранот кој го слават Бога (на пример The Throne Verse ), и се повикуваат на Божјата помош. Во некои случаи исто така се чита и adhan (повик за дневни молитви во исламот) со верување дека ова има ефект да ги брка неангелските суштества и виши сили.
    Пророкот Мухамед им пренел на своите следбеници да ги читаат последните три сури од Коранот, Сура al-Ikhlas (Верабата), Сура al-Falaq(Зората) и Сура al-Nas (Човештвото).

    Иначе не верувам во овие ритуали...Мислам дека сето тоа е резултат на тешко психичко пореметување...А егзорцизмот се смета како начин да се излекува заболената личност ,само поради црковното влијание врз луѓето...И секако да не се заборават демоните :D кои се причини за ваквата болест :rofl:

    Сум го гледала филмот Egzorcizmot na Emili Rouz и иако не верувам во тоа,интересно е да се проучуваат вакви работи :D п.с Многу језив филм :drunk:
     
    На Rock-a-Fella, thelittle17 и EleMental им се допаѓа ова.
  4. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    незнам, за мене е баш веројатно .. за све мора да постои некое логично објаснување.. и баш сакам да сум публика на ваков настан .. доста интересни информации.
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Помина 3 часот, почна да се разденува :) Ја видов темава и порано ама несакав да ја отворам од причина што серам од страв од овакви работи. Филмот го имам изгледано, и од тогаш се зареков дека повеќе во мојот живот нема да гледам такви филмови што се демек по вистинска случка, или било какви хорори што поврзуваат со духови и слични натприродни појави. Неможам, едноставно. Можеби и тоа е причината што не сум седнала да истражувам по нетов во врска со темава. Страв ми е, нема да можам да спијам. Ќе легнувам и ќе очекувам мене тоа да ми се случи, а не дај Боже било што да тропне или крцне, ќе се посерам мајке ми. :tmi:
     
    На Meckicja, sweet-star, fairy90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    ^^ Сето тоа го прави само нашата немирна свест.. самите ние сме "виновни" за таквите стравови ..
     
  7. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Има теорија дека и Исус бил егзорцист , нели во Библијата од евангелистите е наведено како ги бркал злите духови и демоните од луѓето , но тврдењето дека бил егзорцист , црквата го побива и го смета за богохулие . Јас не верувам во вакви ритуали , Егзорцист можам 100 пати да го гледам и воопшто не се плашам .
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Ако е злобен човекот нема спас за него ]:) ни со ритуали ни со баења. ]:)
     
  9. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Само да се надополнам , тоа за Исус што го читав , црквата делата на Исус ги смета како Божјо чудо , дека Исус тоа го правел со божевствени моќи , а не за егзорцизам , додека самата појава на егзорцизмот како поим и како дејствување помеѓу свештенството денеска официјално го смета за ерес , иако било доста застапено во средниот век за време на инквизицијата . Имено биле користени сурови форми нa " егзорцизам " врз психички - болни личности за кои биле убедени дека се опседнати со зол дух . Честопати при ваквите ритуали доаѓало и до смрт на болниот . Какви всушност биле тие " ритуали " што можеле да предизвикаат смрт кај некого и не е баш познато .
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Да, егзорцизам, бидете сигурни. :rofl:

    Порано било егзорцизам, сега се тоа епилептични напади... аман...
    Имам видено нешто слично, ама ко помала, што беше многу чудно.
    Го носеа човекот, инаку син на страшен манга во маалово, во црква, ги тепаше поповите и слични ми ти глупости и од тоа што видов, мојата крајна константација беше: СВАШТА.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Многу нормално дека не е вистина , само онака , обична дискусија за Исус и за суровите методи на црквата
     
  12. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    па зашто и од каде си толку сигурна? образложи .
     
  13. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123

    Добро , ти веруваш дека во луѓето влегуваат демони , духови и ѓаволи ? Па доказите се насекаде околу нас . Постојат историски податоци дека " ритуалите " биле вршени врз луѓе со најразлични психички пореметувања ( што велиме ние кога некој ќе се помести од паметот ) , потоа епилептичари и т . н . Денес медицината пронашла начин да ги контролира овие болести , па затоа не ни ни требаат " егзорцисти " . Ете ти образложение .
     
    На Notorious-B и easyyyyy им се допаѓа ова.
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    По природа и не сум баш голем верник во религијата онаква каква што ни е сервирана, но токму ова (егзорцизмот) е единственото нешто кое ме тера да се колебам и запрашувам дали навистина постојат Господ и Луцифер кои меѓусебно секојдневно се борат. |(
    Научните тези се сведуваат на психолошки пореметувања, но сепак, не постои цврст доказ дека „пациентите“ имаат пореметувања во мозокот иако егзорцизмот научно/медицински е дијагностицирам како збир на најмалку две или повеќе психолошки пореметувања. Најчесто како дијагнози се поставуваат пореметувања од типот на шизофренија, епилепсија, дисоцијативно растројство на личноста, хистерија, Туретов синдром итн. Кога некои од овие ке се соберат на купче, донекаде и перфектно може да се добие слика на „опседната“ личност.
    Но од друга страна, постојат некои за науката необјасниви појави. Менување на гласот во дел од секунда, левитација и ксеноглосија на пример, а како за беља, овие „симптоми“ се понеизбежни од горенаведените.
    Исто необјасниво е и горењето на кожата при допир со света вода.
    Така да, незнам ни самата што да мислам за ова. :?:
    Инаку да, и во Библијата се многупати напоменати ваквите појави на опседнати луѓе и егзорцизмите врз нив за кои се верува дека ги извршувал Исус и/или неговите апостоли. Во стариот завет самата употреба на зборот егзорцизам била забранета за употреба, во неколку наврати само се спомнати симптоми на опседнатост но за нив е напишано дека се испратени како казна од Бога за злобните.
    Додека во новиот завет во повеќе наврати се опишани акти на егзорцизам во евангелијата на Матеј, Марко и Лука.
     
    На MarchelineAmaru и thelittle17 им се допаѓа ова.
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Да верувам дека постојат и постојат .. не сите луѓе се ментално заболени и епилептичари ако виделе нешто слично на демон,дух. ѓавол..
     
  16. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Така ти мислиш , јас не , а за епилептичарите дефинитивно ти кажувам дека не гледаат ѓаволи , мислам јасно е тоа
     
    На Mentalna85 и Jojoba им се допаѓа ова.
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    јас ме реков дека гледаат, само кажувам свое мислење дека не секој што видел ѓавол дух или сл. е ментално пореметен ..
     
  18. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Ерм...малку оф топик ама епилепсијата е широк поим, постојат дури над 40 видови епилепсија.
    И токму луѓето кои страдаат од психомоторна епилепсија се најизложени на гледање и слушање вакви „паранормални појави“ кои се проследени со напади. Но сепак, сето тоа е на психичка база и нема врска со споменатите духови, ѓаволи, демони и баба роги во темава. :)
     
    На kikkki и thelittle17 им се допаѓа ова.
  19. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Ех, мили мои. Да не даде Бог тоа да им се случи на некој близок, па да се присетите тогаш :( .
    Кога не ќе можете да помогнете на никој начин со никаков медицински лек, кога не ќе можете или поточно кажано не ќе можат и 10 луѓе да фатат и смират една личност, кога од неа ќе слушате зборови со друг глас, кога ќе си ги слушнете и вашите скришни дела што сте ги правеле, а никој не ги видел, кога ќе видите како некој лебди во воздух, кога ќе видите како една личност, жена има толку моќ во себе што може да го скине и најдебелиот синџир на своите раце и нозе... да не набројувам, но тоа вистински е страшно ;( .
    Па, потоа кажете дека не постои некоја надприродна сила која постои, а не се гледа. Дека се работи само за телесна болест.
    Ние луѓето сме такви, не веруваме, се додека не го искусиме тоа на своја кожа.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  20. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    E само за епилепсија мене некој да не ме учи , прво и прво видовите на епилепсија не можат да се разграничат така лесно помеѓу себе , но еве нешто и за психомоторната епилепсија која се споменала
    Psihomotorna epilepsija: Obično kod odraslih, nekad je zamijene za psihozu. Karakteriše se ponovljenim neadekvatnim ponašanjem (psihičke promjene, automatizmi- nekontrolisani pokreti u vidu mljackanja ili pokreti svlačenja i oblačenja). Oboljeli su nekad nemirni i agresivni. Osoba je dezorijentisana prema sebi, drugim licima, vremenu i prostoru
    Халуцинации? :?: :^) па и не баш , ретки психички промени ... многу ретко епилептичарот халуционира , е во тој мал број што халуцинираат , колкумина гледаат баш ѓаволи и баш баба роги :devil: ? И , да мое мислење за некој што тврди дека искусил или дека видел вакви натприродни појави е дека или има посериозни психички проблеми , или дека измислува ... П .С Мислам дека темава не е за тука , туку за во Другата наука