За оние кои разбираат германски има добар текст од поранешен протестантски теолог за случајот на Анализа Михел која умрела во текот на тнр. егзорцизам. Случајот е делумно земен како основа за филмот Егзорцизмот на Емили Роуз. Во реалноста таа страдала од епилепсија и лоши родители. Кутрата девојка била психички и физички измачувана од страна на нејзиното умноболно семејство и од фанатизираните католички свештеници. Смртта настапила всушност преку изгладнување и дехидрација. линк Запоседнатоста постои но тоа ни оддалеку не е онака како што се прикажува низ јутјуб и холивудски филмови, и лекот за истата никако не може да биде егзроцимот. Напротив тој може да доведе само до нова запоседнатост, бидејќи тоа е своевидно истерување на „ѓавол„ со друг „ѓавол„ . Тнр. црковен егзорцизам нема ништо заедничко со она што Исус од Назарет го подучувал и правел. Запоседнатоста не е причина туку последица од човековото погрешно мислење и постапување, и тоа обично на подолг рок. Поради тоа далеку повеќе може да помогне психотерапијата, при што ниту запоседнатиот ниту психотерапевтот не е неопходно да веруваат во запоседнатоста. Инаку на тема запоседнатост која со современ речник би можела да се опише со астрално хакирање повеќе може да се прочита во книгата „Астрален Хорор„ (во изд. на Универзален живот) напишана од божјата пророчица за денешното време.
Мислам дека многу одамна се нарекувала шизофренијата пред да биде откриена дека човек е опседнат од демон ако покажува знаци на халуцинација, хистерија, необични движења. Да влезете во некоја ментална установа каде што многу луге поминуваат низ халуцинации ке мислете дека сите се опседнати, така да демон неверувам, тоа мислам дека го праве и маскира шизофренијата.
Имаше кошмари, не можеше да спие, се гушеше и се причинуваа ликови и баба ѝ познавала некој човек што може да и помогне. Легнала на грб и и рекол да се опушти и да земе силен воздух и и поминал со роката од глава до пети одозгорс (лебдејки) и се почувствувала како да се трга нешто од нејзе. А и била фрлена магија од една злобна идиотка(да, магија врз 17год девојче) Од тогаш многу помирно спие посмирена е, повесела
Што по ѓаволите (pun intended) бара темава во психологија, наместо во религија или другата наука? Егзорцизмот е опасна пракса на која се одлучувале луѓето токму поради недостатокот на знаења во психологијата и психијатријата. Дегутантен и трагичен пример за тоа до каде штетело (во минато време пишувам со надеж дека барем за вакви екстреми човештвото напреднало да бидат само маргинализирани случаи денес) пополнувањето на дупките во знаењето со религија - а тоа се практично убиства од не(соодветна) грижа за ментално болни луѓе. Имам читано за Емили Роуз и Анелиз Мишел, но не сум и не би гледала филм по таква вистинска приказна, немам стомак и нерви да ги гледам границите на верското лудило во таква интензивна форма.
Тој човек им е фамилијарен пријател и затоа отишол кај нејзе.Не му е работа тоа не работи вака по страна.И јас барав број ама не го добив.
А, зошто треба да е темата во психологија? Сем ако збораме зошто сите што место на психијатар одат на егзорцизам, друга причина не гледам.
Имам имам пред две години се случи пред иконата пред која детето прозборе во Грција сега што се наоѓа во манастирот свети петнаесет тиверополски маченици беа одиле две мои колешки оделно не заедно и они кажуваа оти таму донеле двајца мажи мислам кажаа една жена под рака и жената кога ја внесле во манастирот почнала да вика да се дере едвај ја додржале таму отецот и ставил крст на главата и испеал некоја молитва и жената се изгубила и кога се присвестила веќе била ок
Јас го имам гледано филмот Егзорцизмот на Емили Роуз и мислев дека такво нешто постој само на филм, ама имам присуствувано на егзорцизам во живо и можам да ви кажам колку и да не сакате да верувате, и опседнувањето од демони да го поврзувате со шизофренија, сепак постој можеби вас не ви се случило или на некој ваш близок ама не значи дека воопшто не постој и на никој не се случува.
Кој психијатар ги пушти ваму? Извини на забуната, за тој дел прашвав, зошто рече психијатри пуштаат луѓе вака, а јас се движам во такви кругови.
Јас мислам дека демоните, духовите, самовилите постојат..се прашувате зошто? Кај нас тука кај едно школо има игралиште за фудбал и има бунар, се зборува дека дете паднало во бунарот и на секои 4 год се појавувало дете кое им ги зимало топките на децата и пак се враќало во бунарот и се зборуваше дека еднаш некое дете тргнало по топката и духот на детето во бунарот му го масакрирал лицето и луѓето од населбата викаа поп да го прочати местото но сеуште ги имало ваквите случки на игралиштето..сеуште не сум сигурна ама мислам дека постојат вакви работи..