Има една знам што ешизофреничарка. Најискрено ви кажувам кога те гледа во очи и правиш муабет како да има непто во нејзе. Без оглед што може да прави нормален муабет. Гарантирам дека поп да се појави ќе и изврши егзорцизам. Погледот очите не и се нормални. Незнам како да ви го објаснам ова. Може имате видено некои луѓе што погледот им е луд.
Истото го имам приметено но не во нормален разговор. Имав колега од факултет со параноидна шизофренија, дечково е многу интелигентен и успешен но за жал се најдовме со другарка на лице место кога имаше напад на лудило пробал да ги остави лековите после ни кажа, човекот почна да крши се околу себе а погледот ѕверски, не како кога некој е лут туку скроз поинаку очите му се сменија. Јас верувам дека тоа е опседнатост од демони. Само што мислам дека поповите не се компетентни да вршат егзорцизам.
Докажано е дека опседнатост не постои, туку тоа е психоза која доста добро и научно е објаснета. Значи тоа што им се случува психотична епизода, посебно кога на своја рака ќе остават лекови, тоа е реакција поради прекинување на терапија, а не опседнатост од демон.
Со демони биле опседнати ауу.. После се чудиме оти луѓето со ментални болести се кријат од околината, се срамат од својата состојба /болест. Толку прост народ никаде не постои,
Јас лично сметам дека во речиси сите, ако не и сите случаи на "опседнтост со демони", врз кои се изведувало егзорцизам, се работи за некаков тип шизофренија или психоза.