Same here. Додека го гледав не ми беше многу страшен, дури досаден на моменти, ама после цела недела неможев да заспијам до 3 се препотував од страв, буквално си ја замислував сцената во студентскиот и во црквата кога се виткаше девојката, па погледот со црните очи. Дури ме беше страв од сестрами која спиеше до мене, немој и неа да ја нападнале демоните И сето тоа оти знаев дека е базиран на вистинска случка, да беше обичен филм фантазија веројатно немаше толку да се преплашам.
Jас го немам гледано, ќе го гледам вечер, само да не се по*ерам ко на филмот INSIDIOUS ќе ве молам баш ќе го пуштам
Филмов го гледав кога имав 14-15 години. Гледано од денешна перспектива го сметам за еден од најдобрите хорор филмови што сум ги гледала, а не сум гледала многу, можеби 7-8. Не ми беше многу страшен, а и за страшните сцени наоѓав лек - ставав рака на очи дур не поминат.
wooww како влегува у психа ,коа го гледав не ми беше баш страшен ,ама вечерта е тогаш беше страшното не ми излегуваше од глава коа броеше до 6 и коа излезе луцифер,и после тоа неколку месеци на моменти ме факаше страв
Кога го гледавме со сестра ми она одеше во кујна на тие "страшните" сцени и ме прашуваше помина ли а постара е многу од мене и повеќе се плаши
И јас додека го гледав не ми беше ич страв ама после две недели страдав од несоница. Неможев око да склопам од страв. Цело време се потсеќав на таа слика кога дечкото се разбуди и ја виде Емили на подот целата испревртена и со тие злобни, црни очи.
Го имам гледано еднаш, уште еднаш не фала Го гледавме со друштво, 3 часот по ручек, на бегање трчав до дома иако бев со брат ми и беше денски.. Ади поќе Хорор
Леле! Одамна го имам гледано, со другарка и од тогаш се плашам од вакви ствари. Неколку години има од кога го гледав уште ги памтам сцените во шталата и кога спиеше. Да ги немаше тие сцени полесно ќе ми беше. И да кажам, го гледавме навечер, кај другарката дома, а јас имав околу 13-14 години и ми беше страв сама да идам било каде, мораше мајка ми да доаѓа да ме земе. Сега да го гледам верувам дека исто би било. Не сум јас за вакви филмови
Зошто баш 3ч? Иначе го немам гледано, Гледам сега на сител го најавија за утре вечер во 10ч.. Ама не би го гледала. Гледам овде и повозрасни се исплашиле, а јас..
Мислам да го гледам филмчево, па баба ми ја викнав да спие во дневната кај што ќе го гледам. Искрено страв ми е....
Планирав да го гледам вечерва, ама вашиве коментари ме замислија малце дали да го гледам.... Ајде барем ќе ѕиркам веројатно, од љубопитност. А и со мама сум немам гајле.
Јас знам дека после филмов ќе не можам да заспијам и ќе се превртувам. И онака имам парализа во сон, па после филмов не знам што ќе биде. Но сепак од љубопитност ќе се обидам да ѕирнам некоја сцена.
После вашиве коментари се мислам дали да го гледам Искрено не сум многу по хорор филмовите ама незнам што ме привлече да го гледам овој...
Мене па не ми е тоилку многу страшен филмов колку што ти навлегува во психата, во мозокот. Има некои страшни сцени, не викам не, посебно за тие шо не се навикнати на хорори ќе им бидат премногу страшни, а посебно па на вакво време со дожд. Мене филмов ми е еден од најдобрите хорори, како што кажав не поради тоа што ми беше премногу страшен, туку поради тоа што навлегува во психата. Јас не сум имала проблеми со спиење и слично поради некој хорор, ама со овој имав. Го имам гледано два пати и еве сега си го гледам по трет
Јас пред многу години го гледав и умрев од страв. Еве сега со сестра ми пак седнавме Морничав е,а надвор што грми и треска додава на неговиот ефект Нема спиење вечерва...
Сега ми текна, сум го гледала на интернет со другарка. Ништо посебно, само ѕиркав вечерва, не ми се гледаше.
Го гледав по прв пат а имав слушнато за него како неверојатно страшен филм, но не знам до мене ли е проблемот, но никако да се исплашам од некаков хорор. Буквално, ќе каже некој тој е најстрашен, најезив, го гледам и ништо. Ваљда не сум многу плашлива личност, штознам . Филмот како филм е океј, потикнува и некои прашања во врска со случајот, дали е психички или стварно била опседната. Имаше некои језиви сцени, но ништо премногу страшно. Можеби асоцијацијата на 3 часот ми е така најмногу страшна, затоа што јас од порано се плашев од некоја причина кога ќе дојде три часот по полноќ, сигурно и тоа од некој филм ми има останато во глава. Оваа глумицата дали оти од Декстер ја знам и ми има многу специфична фаца, кога и да ја видам одма на Дебра ме асоцира .
Филмов Значи воопшто не е од типот како Паранормал активити,мене ми е дури и пострашен Во паранормал а. беше со духови бла бла и такви филмови со слични сцени има многу ама овој е..поразличен Делот кога кажаа дека во три часот демоните се потсмеваат на светото тројство,и кога демонот во Емили зборуваше со отецот ми останаа врежани во мозокот исто така кога броеше one,two,three,four,five SIX и кога кажа Луцифер