1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Египетски хороскоп

Дискусија во 'Канта' започната од CIA, 18 септември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Египетскиот хороскоп е еден од најстарите а со него се служеле и фараоните за полесно да управуваат со големата земја и да ја олеснат положбата на својот народ. Но како и денес така и тогаш е користен за ублажување на љубовните маки.

    Египетскиот хороскоп е поделен на 12 знаци а секој знак господари само со еден бог.На основа на датумот на раѓање лесно ќе откриете кое божество ве штити и што ви советува за подобар љубовен живот.

    Од 1 јануари до 2 февруари – Ве штити пророкот Амон

    Амон – бог на пророците, дава талент на своите штитеници вистински да се заљубат на прв поглед и тоа во вистинската личност. Упорни сте но и ненаметливи личности а својата волја ја спроведувате тивко и полека. На прв поглед изгледате ладно но во суштина негувате длабоки емоции. Понекогаш дури изгледате незаинтересирано што е само маска за огромна емотивност .
    Ваша боја е златната а оружје со кое заведувате – умот.

    Од 3 февруари до 4 март – ве штити богот на светата река Нил, Себек

    Многу ја цените убавината и уметноста. Понекогаш вашата надворешна убавина и сјај можат сосема да ги заслепат сите. Сепак спаѓате неѓу најнапредните личности кога станува збор за емоции и сексуалност. Оригинални сте и неповторливи. Во емотивните врски имате потреба за интелектуална размена и пријателство. Освен тоа сте и љубопитни и не сакате да се врзете само за една личност. Склони сте кон експериментирање, пред се на сексуален план. Себек е бог – крокодил, ја чува светата река нил и богатството на древниот Египет.
    Вашата боја е сина а оружје со кое заведувате – вашата оригиналност.

    Од 5 март до 6 април – ве штити богот на плодноста и бујната вегетација, Озирис

    Многу сте романтични и сензуални. Склони сте кон идеализација на љубовниот партнер и љубовниот живот воопшто, па може да се случи да се разочарате. Потребно ви е многу време вистински да се заљубите. Но кога љубовта ќе се роди времето работи за вас. Вашата љубов е цврста и сигурна бидејќи сте исклучително чувствителни, страствени и верни, идеални партнери за секоја личност која вистински ја сакате.
    Ве штити Озирис , богот на плодноста – и советува за среќа и љубов да се облекувате во мастило сина боја а ваше најјако оружје – сензуалните очи.

    Од 10 април до 2 мај – ве штити богот на вистината Птах

    Во љубовта сте импулсивни и полни со желби. Искрени сте, отворени, лојални па дури и наивни. Сакате потполна искреност. Немате многу трпение и поради своите барања и импулсивни реагирања лесно раскинувате со врските. Понекогаш знаете да бидете и палави и брутално искрени бидејќи мислите дека тоа е најдобриот начин без оглед на последиците. Вашата страст е директна и се сакате сега веднаш. Обично кога правите избор на партнери барате партнери кои цврсто газат по земја и на кои можете да е потпрете.
    Ваше најјако оружје е насмевката а боја црвена.

    Од 3 мај до 16 јуни – ве штити богот на животот, Хорус

    Непостојани сте и не сакате цврсти врски а ве привлекуваат авантури и нови познанства. Без размислување се впуштате во нови авантури и патувања. Поседувате страствена природа и очи кои секогаш се живи,немирни и обично светли. Силна и стабилна личност ќе биде вашата вистинска љубов, некој/а кој/а ќе може да го смири вашиот немирен дух а сепак ќе ви ги пружи сите посакани задоволства. Во секој случај не смее никој да ве ограничи. Посесивните луѓе ве гушат и бегате од нив.
    Ви љубовно заведување ги користите сите свои способности а највеќе својот богат дух.

    Од 17 јуни до 21 јули – ве штити божицата на љубовта, преубавата Нефтис

    Преубавата Нефтис владее со најромантичниот знак. Нејзините деца се неверојатно посветени на нивните љубовници, претопувајќи се со оние кои ги сакаат во едно тело и една душа. Сензуални сте, страствени и многу емотивни. Многу сте креативни. Поради пречувствителноста често можете да бидете искористени.
    Во заведувањето се потпирате на својот изглед и го истакнувате со помош на бела облека и сите останати пастелни бои.

    Од 22 јули до 18 август – ве штити богот на молњите и на бурите СЕТ

    Имате многу жив темперамент а вашите чувства се возвишени и достоинствени. Сет е богот на молњата и бурите и на вашиот жесток ии страстен карактер. Не се предавате лесно. Секогаш сонувате за страст и романтика. Вашите критериуми понекогаш се толку високи што попрво ќе седите и ќе мечтаете отколку да се препуштите на половично задоволство.
    Освојувате со својата достоинствена појава и аристократското држење. Вашите бои се сончевите бои: портокаловата и златната.

    Од 19 август до 21 септември – ве штити вашиот бог заштитник Анубис.

    Многу сте одговорни, интелегентни и чесни. Емотивни сте и романтични но понекогаш ви недостасува иницијатива. Склони сте кон преголеми очекувања но во еден момент морате да се спуштите на земјата и да се одлучите за личноста која сепак има и понекој недостаток. Вашите врски со тек на време се се појаки.
    Ваше најјако оружје – интелегенцијата и духот.

    Од 22 септември до 15 октомври – ве штити богот на Сонцето , Ра

    Вашите емоции се деликатни, полни внимание, префинети . Ретко кога ви се случува да влетате во некоја врска смислено а авантурите се сами по себе исклучени.
    Секогаш сте опкружени со личности од спротивниот пол па можете да си дозволите да бидете пребирливи. Сепак тука за вас лежи најголемата опасност. Понекогаш не сте сигурни дали сте го направиле вистинскиот избор и склони сте кон претерано колебање.
    Не мислете премногу на минатото бидејќи благодарение на непресушниот шарм вашата иднина.
    Вашата боја е зелена.

    Од 16 октомври до 9 ноември – ве штити богот на чудата Изида

    Божицата Изида е божица на љубовта а личностите кои се родени под нејзина заштита како да имаат магична моќ. Вашата насмевка е во состојба да го маѓепса секого. Во љубовта давате се од себе. Многу сте страствени и отворени а такво однесување очекувате и од партнерите. За вас нема забрането овошје и на вашите чувства е тешко да се оддолее. Упорноста ви е најјака особина. Сакате игра и бирате иако дозволувате да бидете избрани.
    Вашата боја е темноцрвена.

    Од 10 ноември до 3 декември – ве штити богот на светлината, мудроста и магијата, Тхот

    За вас љубовта е синоним на животот и поради тоа секоја врска ви е величенствена. Со драго срце превземате иницијатива и лесно се препуштаат на изненадувачки и возбудливи љубовни случувања . Највеќе ви одговараат долги врски во кои станувате пред се пријатели со партнерот.
    Вашата боја е виолетова а вашето оружје – духовитоста.

    Од 4 декември до 31 декември – ве штити божицата на забавата и уметноста Хатор

    Кога во некого ќе се заљубите тешко ја прекинувате врската. Ја сакате љубовта но истовремено и се плашите. Имате голем сексуалем потенцијал. Конзервативните ставови и срамежливоста која ја покажувате навистина не можат да го наговестат заклучокот за вашата вистинска заинтересираност.
    Вашата боја е темнозелена а вашето оружје е вашата мистичност, човек вас треба постепено да ве открива.


    Јас сум од 3 фев до 4 март и ми погоди :)
     
  2. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Болдираното е тоа што е точно. Е сега за подвлечените не знам, тоа самата не можам да си го кажам :)
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.