Едвај чекам 1ви, да се јави бате и да ми каже дека уште еден негов голем успех, од многуте е запишан во неговата кариера.
после цело лето поминато во нашето топло скопјенце , конечно одиме на одмор .... едвај чекам , бројам денови
Абе и јас едвај чекам да почнам со школо Епа шо ќе има смешки. Професорите се секој посебна приказна. А цел клас ни е полн со таленти. Кој се смее, кој плака, кој уче, кој се крие, кој прде... Сцени, скандали, драми... Бегање од часови, мрзнење надвор со цигарата во рака... Ќе тресне некој некоја зелена и сите ќе му се смееме. Рака на срце, не ми е толку до школото, како што ми е до неговиот крај. Едвај чекам...
ЕЧ прво да поминат наредниве два дена затоа што ќе експлодирам од напнатост. А потоа да поминат и нецели две недели
да се запишам на факултет со што ке си одам од овој град,а и плус ке си имам само мој стан(добро де можеби ке го делам со дечко или со некоја другарка)а сето тоа ке биде спонзорирано од мама и тато само ке треба да чекам уште 1 година за да завршам 4-та
Едвај чекам да дојди повторно тој пусти 10 јуни Училиште како училиште ... Еден обичен школски ден : оди, седи по 7-8 часа, дојди, јади, учи, легни, оди,седи по 7-8 ... и бла бла.. ама од златнен распуст нема поубавоо! добро сепак тука се и викендите и уште еден ама зимски распуст ама ќе си почекаме
ЕЧ да почнам да учам . Прв пат во животов го мислам и го кажувам ова , нема валда така брзо да зажалам
И јас исто, Душица. Нешто летово ме поремети.. Порано неможев да се замислам со книга во рака, сега едвај чекам во понеделник да ги земам книгите и да започне предавањето.