Едвај чекам ќерка ми да порасне, да може да запали сама светло во тоалет и сама да оди во В.Ц., ми се здосади веќе на секој пола саат....мамооооо ми се идееееее во веее-цееее!!!!!!!!!
Едвај чекам да дојде викенд, да се опиеме од вино со љубениот на Виноскоп, едвај чекам да дојде зима пожелно Нова Година, да ја поминеме поубаво од лани, секако во иста атмосфера, едвај чекам да полагам , едвај чекам да си купам мантилче и фармерки...
едвај чекам да дојде денот кога ќе можам да кажам: excuse me i speak 4 languages (покрарај мајчиниот и овој српско/хрватскиот де) лол
За отприлика еден месец, во фамилијава ќе имаме нов член. Ново цуфче, нова радост! Едвај чекам да го видам, допрам. Едвај!