Едвај чекам да дојде петок не поради новогодишните празници,поради распустот кој следува ми здосади од секојдневието одење на работа обврските по дома и слично.Сакам да се одморам и да лежам по цел ден.
^ Сонце, и јас да ти кажам искрено ЕЧ да дојде не петок, ами четврток т.е. да ми помине колоквиумот и да се префрлам на хедонизам. Луда вечер низ Скопје со најблиските и фотоапаратот, пат кон дома, попладне со греано вино со вкус на цимет, кафе со поголемата сестра... убаво да ја заокружам 2011.
Со душа го чекам моментот кога устата и мозокот ќе ми бидат на иста бранова должина Само тоа.... Добро, и кога пак ќе те видам, ебаго Picture doesn't count
Ова бебево заебава. Требаше родено да е до сега. Нема проблем, ќе почекам. Битно здраво и живо да е. И убаво. (на мене )
Да се собере поширокава фамилија негде на 1ви или 2ри и внук ми пред сите да ја претстави катата. Стандард по едно два-три пати прекин на претставата.. пошто, да тргне столче, па од почеток, па да тргне друго столче, па пак од почеток... мислам кафеав појас не е шала Да дојде Бадник да видам дал по втор пат во мојов живот баксузен, има шанса да ми падне паричето, пошто пред некои две или три години ми падна за прв пат и го загубив бре после три дена А и дедо Мраз да дојде- ми должи подароци за сите Нови Години до сега
Истото како девојката над мене. Ми се смачи од Нова Година. Што е толку посебно, ај? Глупости во боја. Едвај чекам да дојде утре..