Да ми дадат книга да преведам (ако воопшто има). Едвај чекам одговор за работа (за сестра ми). Едвај чекам да видам што сум направила на испити. Едвај чекам да го видам. Едвај чекам да дојде пролет!! Едвај чекам да ми порасне косава. Уфф...
Едвај чекам да дојде пролет. Да го почувствувам повторно мирисот на липите на мојата родна Ленинова.Зависна сум од мирисот на липите на Ленинова,ме потсетува на детството,кога таму беше мирно и едвај на саат време по некоја кола поминуваше... Да си седнам во Бастион и да уживам во сончевите зраци
Едвај чекам да помине петок и да се одморам. Едвај чекам да дојде пролет и да процутам како цвеќињата!