едвај чекам да ми завршат испитите успешно (да ме послужи повеќе среќичка ) и да си отидам на одмор па да си го цидам цуцето
Уште 9 проклети дена. Имам чувство дека полудувам. Едвај чекам да поминат, па да заминам на одмор. Две недели не сум мрдната од собиве дома, па мислам дека депресијава ќе ми помине кога ќе отидам на одмор. А како да не биде така... покрај море, плажа, сонце, дружење, поголема физичка и ментална активност. Се надевам дека овие 9 дена брзо ќе поминат.
Да го видам. Зошто мора да ја има оваа специфична убавина, па да е незаменлив? Па кога ќе го видам само на слика, срцево в чорап ми лета
Едвај чекам да останам на одмор-ми здосади на работа и од тоа ринтачење,електронскиот индекс,системот-нивен заебан, шалтерот одвратен,просторијата во која работам како ''ќумезарник''снемуваш кислород бидејки нема прозорец,принтерот на секој пет минути заглавува,а ти како некој мајстор прстите црни си ги правеш и страдат ноктите убави со гелче направени,а врв на се е кога треба да се качиш на четврти спрат т.е.на ''мансардата'' за некоја банална работа. Ми треба одмор.
... да ги положам проклетите испити. Кога еднаш веќе и јас ќе дипломирам, па раат да си седам... оооо студентска мака голема!!!
Едвај чекам да заминам на одмор...за 10 дена ке биде и тоа! Далеку од сите ...малку одмор и разбистурвање на сите мои мисли..!