Да седнам со другарка на кафе-муабет во ќошот на кафулето каде што нема да бидеме набљудувани од луѓето. Надвор се спрема да врне снег, а ние облечени во џемпери и чизми, со беретки на главата. Во кафулето е топличко, мириса на прекрасната арома од запалените свеќи, а во рацете топло чоколадо. И на разговорот му нема крај...
Лисјата на дрвјата да ја променат бојата, да станат жолти, портокалови, кафени и да уживам во глетката на шумско шаренило. Спојлер
..завршеток на годинава за да финализирам некои работи. Не затоа што завршува годината, туку затоа што токму тогаш се финишира ова патување. Посреќна за завршеток на патување, никогаш не сум била. А потоа, нова ера.