Едвај чекам да дојдат празниците друготоо...само по себе ќе си дојди бидејќи имам мноогу планчиња во главчево
Еч да дојде другарка ми, сум спремила винце и мезе, да ја испратиме оваа 2010 година. И така со вино да си кажеме што имаме....
Да го реализираме веќе минатогодишниот план. Заедничка иднина рече ќе биде многу побрзо одошто јас очекувам па баш да видам колку креативно ќе ме побара за жена. А каков скептик сум, па како и да не бидам кога толку несериозно ми делува. Се се одвива по планот завршив факултет минатава година, тој си има сериозна работа. Моите планови беа да се земеме па бебе понатаму ама некако во последно време многу ми е чуден се бебиња му се мотаат во глава, минатиот месец и беља направивме и тоа без јас да бидам предупредена. Пресметав јас неплодни денови беа, ама никогаш не се знае и еве сега си чекаме. Утре треба да добијам па ај да видиме се договоривме да чекаме до недела дена после утрешниот ден (датумот за добивање) за да направиме тест. Едвај чекам да дознаам на што сме! Едвај!