Едвај чекам да замириса на расцветани јапонски цреши. Едвај чекам да се обојат улиците, парковите, шумите. Едвај чекам да седнам на сеирџиско кафе преку ден, да ставам цвика на око, да мижам пред сончевите зраци, да го слушам џагорот на луѓето кој сосема совршено се меша со пеењето на птиците и со некоја чилаут музика во позадина. Едвај чекам да се качам на Водно, и додека ми брмчат сите пчели и инсекти јас сакам да го надбљудувам мојот град барајќи ги сите ќошиња кои нешто значат. И потоа, едвај чекам да биде топло и да испотам мишка Еднаш кажав, ќе кажам уште еднаш. Од смрдеа никој не умрел, но од ладно богами да. Од сивило и зима исто - следете ја стапката на самоубиства во Финска, се ќе ви биде јасно. Ете тоа едвај чекам, макар и по цена да кивам неколку пати за ден. Што е тука е. Само нека е пролет и нека се шири љубовта низ воздухот!
Едвај чекам да се стопли, да разелени тревата, да се расцветаат дрвјата, да огрее сонце да можам слободно да шетам без да се тресам , потоа да одам на ексукрзија, па да заврши школската година и секако да дојде лето, за да уживам
Да почнам со часовите по аеробик, морам да се зацврстам, се стопли времево, нема веќе камуфлажа Едвај чекам да се прошетам на некој месец во некој убав град, ах...
Едвај чекам да дојде лето за да одам на одмор, да се сочам на море, да се мачкам со млеко од кокос, да пијам ладно коктелче „секс он д бич„ , скришно да набљудувам под темните наочари, да уживам со секое делче од моето тело... А потоа секоја вечер да одам во некоја добра дискотека, да се изжуркам до максимум.. и така секој ден. Зарем има нешто попрекрасно од ЛЕТО? НЕ... НЕМА
ЕЧ да ми помине ова грдо чувство, оваа љубомора (не знам ни од каде се појави овој пат ) Не можам да се поднсам кога сум ваква
Едвај чекам да поминат матурските испити и да се запишам на фак,воедно и да си заминам од ова досадно и монотоно место и да започнам нов живот и едвај чекам да си пронајдам вистински пријател,колку и да сум била повредувана секогаш длабоко нешто во мене ми вели дека ПОСТОИ! едвај чекам уште 7-8 месеци само
Едвај чекам во недела на кршетвка кај моите мили близначиња внчиња и да заблескам во прекрасниот хотел со новиот аутфит
Edvaj chekam da polozham za vozhachka.. i edvaj chekam kolaaa ) [mod-kirilica:tgw8k0wf][/mod-kirilica:tgw8k0wf]
ЕЧ да дојт утре и да одам... Битола! А потоа едвај ќе чекам да се вратам назад. Најпосле едвај чекам да се распролети.
Да заврши машината за сушење,да ја исклучам, и да си легнам и го гушнам ќеркичето,што 1956238745 пати стана за мочкање,па сокче бараше,па млекце,па тостче,па јогуртче па вода,и само чекам да се случи ерупција,ќе гледам гејзер во живо.
едвај чекам да го гушнам цуцето мое неможам без неговата прегратка и да дојди пролет више ме пукна времето бе несакам поке ладно...