Едвај чекам да ми заврши оваа глупа програма и да се преселам во потоплите краишта да си живеам со млади луѓе и да си шетам на плажа и во зима...еххх,уште 5 месеци...ќе се изначекам
Едвај чекам да излезам од дома. Како ми се собра, повеќе од еден месец сум заглавена во собава. Добро, сепак со мали шпартања ваму таму, ама не е тоа тоа. Кој филинг е кога сите шетаат а ти имаш Спојлер пролив. И едвај чекам да дојде утре, утре наводно ќе ми биде подобро.
... нови познатства, дружења, шетања до доцна во ноќите, забави, патувања, капење, сунчање, сонце, наочари... Лето. Авантури. Тоа го чекам.
Да дојде септември да пристигнат паричките и да се почне новиот софија виа скопје бизнис дил . Да се освежам со нов круг работници и неработници , оти досадно ми станува некако се едно исто Хочу живооот, бољи живот... хочу свееее! И едвај го чекам тоа сВе
Да се стемни и да ја дочекам јунскава ноќ со винце и чаирски романтики, да го разбијам сивилото на Скопје со шарите на мојот фустан! Ете така.
Со среќа и со цело битие да уживаш, зашто коа ќе се мажиш....е веќе тоа е друга приказна хехехе се адевам не те уплашив
Едвај чекам некоја јака, секси, возбудлива летна авантура/романса. Со странец па да можеме да се разбираме на англиски и да се пцуеме на нашки. Ете тоа си чекам. Кој чека ќе дочека, искрено се надевам
Ее, јас едвај чекам да дојде Гага у МК. (освен ако тоа се шпекулации) и исто така да поминат бргу тие 2 недели за да видам дали ќе има резултати од диетава.
.. петок - уписите во средно. Од една страна викам да ми остават уште малку простор за размислување каде ке се запишам, а од друга страна.. сакам петок бре.