Саботааа ќе одам преку факултет во Белград , нема врска што ќе дремеме некој саат во музеј зашто после тоаа
Едвај чекам да ми е мирна главата, без некои обавези освен тоа да одам на плажа и да се мислам што да облечам за вечер хухухуху ..
Едвај чекам-утре да си го испијам сабајлечкото кафенце Ми се пие кафе бре,ама сега да си сварам во 4ч ? Нјет.Ќе си легнам, па утре свежа ќе пијам кафе.
Едвај чекам, да помине периодов, да се ставам официјално на MUTE, да искуцам out of office reply и да мрднам малку во поинакви, попријатни обврски. Да направам опа цупа, да му се предадам на градот онака лесно и без напнување дури и со желба, ко тетка Широкоразножна од пред факс на својот нареден муштерија, да отворам црно тиквешко, да надокнадам смеа и разговор со луѓе кои не сум ги видела одамна, и да споделувам воздишки. Да направам рисет, да дигнам рака горе, да подзапотам лева мишка, да дигнам десно колено, да го мирисам градот под мене. Да го почуствувам него до мене. Како ми дише на увце. Ова овде и сега е само лоша пајажина од која сакам барем на кратко да избегам. Лош пајаку иш! Не ме кревај, јас паркирам сосема по пропис!