Едвај чекам да отиде на одмор некој од канцеларија. Барем ќе ја преземам неговата работа и нема да трошам за џабе пудра секое утро, кога од никаква полза не сум вака. Не ми е успех да се шминкам и средувам за да потрошам 6-7 часа во читање на книга.
Ми ја смени желбата у рок од една секунда ...да појде некој во пензија.. уствари во пензија е, а ова му е хоби - шефувањево .. па јас би да го дочекам денот, кога вистински ќе ужива во пензијата и нека шефува од дома
^ Жапче ептен сте си на пик со човечево, а? И во Испукајте се те читав пред некој ден. Да не сум оф, едвај чекам да заврши денов. Тука скапувам, вечер роденден, а наместо да правам нешто со фактури, испратници воа-ноа ми дадоа задача да симнам музика од некои си Легенде.
Едвај чекам да дојдат резултатите од матура и да бидам задоволна од нив, а потоа да ме снема од градов 10 дена на одмор.
Едвај чекам да помине матураа, уписиве и се поврзано со факс да се среди се и да почнам да уживам во друг град во станче со дечко ми уф убавиниииии
ЕЧ 20тиии и конечно на одмор да кажам чао Скопје и да го исклучам мозоков едно 15 дена...уф ајде нека поминат побрзо
Дааа се видиме. Да одам во хрватска. Да ослабам ! Да добијам месечен џепарлак. Да ми заврши добиеното.
Едвај чекам да помине понеделник да го издржам тој кошмар. После тоа конечно ќе можам да си уживам во летото онака ко што си знам. Едвај едвај чекам да помине понеделник.... после тоа цела недела само на коктели ќе бидам!
Едвај чекам да дојде утре , да останеме сами со дечко ми кај него дома , да си играме Господин и Госпоѓа Смит да готвиме заедно (sex in the kitchen). Нека се раздени побрзо ајдее