Niall го прослави роденденот на концерт и отсвири дел од нова песна која ќе се најде на новиот албум. https://vine.co/v/OaMIPBggrbh
Directioner сум една година. Најсовршени се и секоја нова песна мене ми е омилена хаха. Моментално ми е омилена:
Јас не сум ги слушала многу,но,сепак,ми се допаѓа нивниот пејач,лидерот на нивната група,Charlie мислам дека се викаше.Е,сега тоа што пеат песни наменети за тинејџери,па и моите омилени Depeche Mode во прво време,првите два албума им биле тинејџерски поради нивните 18,19 години кои што ги имале тогаш,но со тек на време,како што старееле и созревале,правеле се потешки и потешки песни.Така што,Оne Direction ако сакаат подоцна кога ќе созреат да прават потешки песни,ќе прават,ако не ќе си останат само тинејџерски идоли што направиле само еден или два албума колку само малку да бидат популарниА,тоа што ти и другарките не ги слушате и не ви се допаѓаат,јас мислам да си слушате она што на вас ви се допаѓа,а не тоа што другите ве тераат да го слушате.Поздрав!
Добро што ти се допаѓаат, но не мислам дека ќе направат различни песни од тинејџерските мислам кога едни ке станат 18 и ќе им дојде паметот други ке станат 12 и ќе ги сакаат. И колку што знам главниот е Harry освен ако не збориш за другиот бенд што го спомна.
Нема проблем и онака една што живее кој баба ми постојано пушта слики или ликнови на нивните видеа на facebook па не е чудо што го запамтив името.
Directioner сум две години. Многу ми е жал за Зејн, ама слушнав дека ќе се врати на 23 Јули. Менаџментот „фино“ го замолиле да го напушти бендот, бидејќи без дозвола заминал од турнејата и отишол во Лондон.
^ Не мислам дека ова е точно драмата на твитер од пред неколку дена со Луи и оној Naughty boy ме предомисли, Зејн самиот одлучил да ја сними таа песна уште од септември.. Сам одлучил да замине а и не дојде да ги одбрани фановите, лошо од негова страна! Немојте да ме сфатите грешка, Directioner сум 3 години, го сакам Зејн, но знам и да кажам кога некој не е во право! офтопик: Спојлер Го повлекувам секој збор напишан во цитатот, и се извинувам на девојката што ја навредив, 6 месеци сум Лари Шипер и веќе немам ниту една дилема, се што напишав горе сега можам да го негирам со факти и докази и сама да си докажам дека не сум била во право, кога човек ке ги согледа работите, се има смисла И сликата, сега кога знам колку му било тешко на Луи во тоа време,
Не може само така да си замине и да ги остави фановите. Тој прво рекол дека не сакал да биде веќе познат, епа тогаш зошто отиде со toj Naughty boy? Ама и да си замине од бендот сепак сите ќе го знаат. Сеуште имам надеж дека ќе се врати и се си мислам дека тој сега снима песна со NB додека не се врати во бендот.
Па не замина со Naughty boy, замина со Perrie и со неговата фамилија на одмор, малку да се одмори. А песната е одамна, како што и Harry снимаше соло песна, така и Zayn сними, нема ништо чудно тука. А сепак го разбирам Zayn, пошто навистина се под голем притисок и немаа ниту еднаш одмор, цело време на турнеја, пишување песни... Да, не требаше да си замине сред турнеја, ама и тој сам си кажа дека не бил среќен во тоа што го работи, па мора да го разбереме. Како и да е, јас секогаш ќе го подржувам и се надевам ќе се врати.
Да заминеш на одмор е друго, да заминеш од бендот на сред турнеја и тоа со само еден Фејсбук статус и да не дадеш никакво објаснување е глупост! Точно, Хари снимаше песна, но еве го во Африка на друг континент далеку од семејството, не ги напишти ниту фановите ниту другарите, ако тоа не било тоа што Зејн сакал да го работи во животот, зошто отиде и се скри зад грбот на NB , требаше да излезе, да каже, сите ќе го разбереа.. а вака нормално е да се лути! И кога NB ги навредуаше и провоцираше НЕГОВИТЕ фанови, пак никаде го немаше, а Луи беше тука.. Џабе вели дека се плашел да не ги повреди фановите, и разни други глупости кога веќе ги повреди.. И не верувам дека ќе се врати мислам дека ќе почне соло кариера и ќе се обиде да привлече повозрасна публика и се надевам дека ќе успее, и ќе го поддржувам но ќе останам на тоа дека тој изневери толкава фанбаза додека не излезе самиот и не објасни во што бил проблемот, и се надевам дека грешам и дека е невин- толку! А за другите 4, се гледа дека отсуството на Зејн не им влијаеше многу и продолжија во уште подобро темпо, а сега после одморот ќе бидат уште посилни!