Еден бакнеж (Алфа ТВ)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од LilBaby, 6 март 2013.

  1. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.883
    Мојата омилена емисија со самото нејзино појавувње во етер.
    Се надевам дека има голем број љубители на нашите евергрини затоа што во емисијава се пејат песни и од младоста на нашите родители што секако будат спомени. :)
    Морам да ја пофалам Алфа ТВ, единствена што се труди во културно-забавната програма.
    Изведувачите се: Наде Талевска, Андријана Јаневска, Елена Петреска, Ѓорѓи Крстевски, Јоце Панов и Горан Наумовски.
    Покрај целиот шунд што владее и не гуши по домашните телевизии, оваа емисија ми го разубавува викендот. Се емитува на Алфа ТВ, во недела, 20:00 часот. Водители: Ирена Спировска и Игор Ангелов кој никако не може да ја ќари Ирена, во секоја емисија се обидува. |(

    [​IMG]

    Која е ваша омилена изведба?

    http://www.youtube.com/watch?v=6_n5QM4SwNQ
    http://www.youtube.com/watch?v=ueXA7udLG3c
    http://www.youtube.com/watch?v=NBlb0OOLcYo
     
    На Mayyya, Doozy и Elennaa им се допаѓа ова.
  2. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    835
    Едно големо браво на Алфа за емисијава...на никоја друга немам видено некоја емисија со чисто македонска содржина...не пренатрупаа со серии и политички програми ! Емисијава никогаш не сум седнала да ја изгледам од почеток до крај се некаде одам па на поминување фрлам око ама едно огромно БРАВО за замислата и реализацијата. Само што мислам дека секоја емисија можат да носат нови пејачи од естрадава ни сушна ....ќе се најде по некој :*
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.835
    Допаѓања:
    76.659
    Пол:
    Женски
    И јас ја гледам емисијава. Убав начин за заживување, а богами и за потсетување на некои подзаборавени евергрини. Дури и не знаев дека некои постоеле, гледајќи ги емисииве научив доста мелодии кои досега ми биле непознати и отеков со моето пекање по тоа некое си време кога истиве биле актуелни. :lol:
    Моите ми се ептен интересни - нема песна која не ги потсетила на нешто, чујат ли некоја мелодија, веднаш почнуваат „леле, се сеќаваш ли на ... кога.... ааа се сеќавам, се сеќавам, како не“ :D
    Мене омилена ми е Наде. Сите ми се солидни, ама Наде ми е убедливо гласиште над гласиштата.
    Оваа ми е омилена.
    http://www.youtube.com/watch?v=UfYlrYlsPP8

    Елена Петреска не ме воодушевува како лик, иако не спорам за нејзините гласовни способности кои ги има ... тука некаде. :D
    Оваа нејзина изведба ми е исто така една од поомилените. :wasntme:
    http://www.youtube.com/watch?v=RhBdMN6bb8o
     
  4. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.908
    И јас ќе кажам едно огромно благодарам за Алфа телевизија, за емисијава.
    Долго чекав нешто вакво. Ги обожавам евергрините.
    Добра им е идејата. Се надевам дека ќе има голема гледаност емисијата, бидејќи навистина вреди!
    Добри вокали, добра изведба.
    Не сум испуштила ниту една емисија до сега. И плус редовно си ги преслушувам на јутјуб. :P

    Посебно ми е мило што Андријана Јаневска пак ја гледам на телевизија.
    А, Ѓорѓи Крстевски...мил ми е човекот.

    http://www.youtube.com/watch?v=fn5OlC14i0g
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.696
    Допаѓања:
    59.895
    Еј браво за темава! :clap:

    Многу културна и достоинствена емисија, на ниво што се вика. :D Од изборот на музичари, преку облеката па се до изборот на песните. Секоја чест, јас секоја недела си ја гледам со баба ми. Уживање е еден час, навистина.

    Шегите им се малце, кхм :D , ама ај, малце е тоа. Дефинитивно подобра варијанта неголи емисијата на Игорче Џамбазов... очекував од него нешто вакво, тогаш ќе сменев канал.

    Добра им е и емисијата со Маја Поцевска, мада што многу ретко можам да ја начекам. Ја гледав кога бев дома и слободна. :!:
     
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.883
    Покрај нели музиката, неизбежни ми се двајцата мужиња во бендот.
    Илија на виолина :inlove: , слаткиш невиден е, а и ми изгледа на страшно добро воспитано момче, и оној на клавијатура ми побегнал од сензорот за македонските фаци, он ми е непознат, ама и тој е симпатичен.

    :D

    http://www.youtube.com/watch?v=CxBm80GQPTk