Филм за маж и жена кои се сакаат целиот нивен живот но дури по многу време живеејќи разделено ќе одлучат да бидат заедно.Ја прикажува нивната љубов и пријателство за време на среќавањето на една иста дата низ годините и како и двајцата живеат и патат еден без друг. Мене ми е дефинитивно еден од омилените љубовни филмови.Нема многу патетика и бајковита приказна.Некако ми беше баш реален и тажен,особено на крајот. Дали го гледавте и како ви се допаѓа? А и глумецот е преубав .
Го немам гледано филмот,баш мислев да си го симнам,ама сестра ми ми викаше досаден бил,не го ни догледала до крај,вака така... Ај совет дали да го симнувам,да не си трошам џабе интрнет ако не е интересен.
Зависи од вкусот. Ако сакаш романтични драми,тогаш ова е една од подобрите.Има многу тажен крај но сепак не е претерано бајковит и носи важна поука.Оно што го сакаме да го зграпчиме денес,затоа што утре можеби нема да биде тука.Јас сум многу задоволна и би го препорачала на сите филмот.
За овај филм морам да искоментирам дефинитивно. Точно е дека е љубовна ама реална приказна и мене тоа ми се допаѓа, ама луѓе бре што беше она на крајот незнаев дали да плачам или да се смеам. незнам за вас, јас дефинитивно не го очекував автобусот...не дека јас очекував среќен крај, јас не мислев дека тие двајца ќе завршат заедно in the first place, ама кога веќе се случи тоа крајот некако ми беше без врска
Еден од моите омилени филмови. Прв пат кога го гледав вистински ме допре, па го гледав одново и одново. Прекрасна приказна, и иако повеќе ќе сакав да беше со среќен крај, мило ми е што не е
Па филмов просечен ми беше некако, ни добар ни лош. На моменти досаден, само крајот крајот ме изненади не очекував дека така ќе заврши. Инаку сакам книгата да ја прочитам сега
Толку многу го чекав филмот да го гледам и пред неколку месеци го гледав ама не е нешто ау јак филм ама ок е и да крајот ... мислам ...
Мене лично филмов ми е предобар. Не е ни клише, ни веќе видено. Многу ми се допадна како се обработуваат (мислам) 20 години, па сите тие промени, физички, психички - некогаш не добиваш онака како што си замислил. Репликите ми беа многу убави, а исто и самите глумци.
Предобар филм, мене премногу ми се допаѓа еден од омилените ми стана и бидејќи Ан ми е меѓу топ 5 глумици уште повеќе го сакав, многу тажен крај, и глумците се на место, се на се премногу добар <3
Ен ја обожавам. Филм со неа досега ми немал утка. Филмов е.... љубовини. Од локации, до реплики, до глума, до приказна. Го гледав со Сестра ми (а двете сме фанатици по црна хроника) и гледаме така двете, гледаме, гледаме...се‘ до оној момент кога Спојлер: на крајот ја мава автомобил, автобус, што возило ли беше...? дури вози точак. Е толку време сме се смееле. Целиот концепт пресмешен ми беше. Таа полетна, залетана со точакот, со полетно и ведро и немирно како нејзиниот карактер фустанче и наеднаш - бап! толку. И трагично и комично истовремено. Нека спојлеров не ве мами, уште ми е преубав филмов и уште си се смеам на крајот. Тоа е.
Очекував класична романтична приказна која на момент ми стана досадна но, веќе кон крајот стана филм со длабочина на пораката која ја пренесува ... во секој случај добро ќе беше да завршеше среќно за двајцата во реалноста, не само во мислите. Дефинитивно го препорачувам, ќе ве натера да размислувате каде води вашиот живот.