babylove кашички

Еден маж најдобро се запознава според односот кон жените

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од DenicijaNaPetre, 31 јануари 2021.

  1. DenicijaNaPetre

    DenicijaNaPetre Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    335
    Понекогаш помислувам дека мојот феминизам прераснува во болест.

    Нагон на повраќање и огромен бес го преплавуваат моето битие секогаш кога маж ќе употреби погрден збор за жената која му родила дете, за жената која 9 месеци не спиела за да донесе на свет нов живот кој ќе стане НИВЕН подоцна.
    Следна етапа: тој лумпува деноноќно, а не знае еден памперс да смени. Детето му тргнало на факултет, а тој еднаш не го нахранил со свои раце. Еднаш не бил маж па да каже: „ти треба одмор, легни, јас ќе се погрижам во следните неколку часа“... Ама не, како ќе го каже тоа кога тоа не е негова должност. Се знае чија должност е да го направи, а чија да го израсне тоа животче.
    Алергична сум на ситуации кога жената жртвува од својот одмор за тој да ја допие „последната чашка“. Кога тој ќе тресне на маса и ќе каже дека тој е столбот, тој е оној кој одлучува. Уште поалергична сум на ситуации кога ќе ги слушнам оние конзервативни мислења според кои жената мора да го почитува и засекогаш мора да го трпи зашто нели, треба да се заедно во добро и во зло. НЕ МОЖАМ, НЕ САКАМ да ги слушам оние клише муабети дека ќе се смени. Да, ќе се смени. НА ПОЛОШО!!!

    Повелете, вие сте на ред :)
     
    На theowndemon, Dust, Lavender4 и 31 други им се допаѓа ова.
  2. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    830
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, затоа викаат гледај како се понаша спрема мајка му, тоа ќе ти покаже и каже многу како ќе се однесува со тебе.

    Постарите биле мноогу мудри и итри, затоа вреди да се послушаат советите од нив.
     
    На elimkd, Naked Gun, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    1.613
    Пол:
    Женски
    Па и незнам баш не се сложувам со ова дотолку...
    Еден од моите бивши дечковци мајкаму толку ја сакаше ја гледаше ја почитуваше паа останатите жени за него беа курви вклучително и јас и ужасно се однесуваше кон мене.
    Така да ова мислам и не е некое правило.
     
    На hermosa, Dust, pamelche и 29 други им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    1.837
    Допаѓања:
    5.601
    Пол:
    Женски
    @honey.11 од еден муабет што ти направил, ќе ти го решат од прва дали ќе биде или не. Мудри се, совет никогаш не штети.
     
    На Tanjamm, mode-kristina и honey.11 им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    5.630
    Допаѓања:
    50.479
    Пол:
    Женски
    Се е тоа убаво ама ќе се случува се додека дозволуваме.
    Ваквите типови се познаваат уште во врски, не треба да се продолжува и во брак.
    На форумов на пример, ја тепа, и кажуваш дека треба да се тргне одма, таа ти вика дека е сигурна дека ја сака, ти и велиш дека не ја сака, таа ти вели - ти знаеш само критики да пишеш.
    У реду, трпи си.
    Многу има вакви.
    Ќе наебеш ти ако сакаш да им помогнеш.
    Затоа помош давам само на тој што бара.
    А самоиницијативно се научив да не скокам пошто некои луѓе не сакаат да бидат спасени.
    Единствено не можам да се помирам кога се вмешани мали деца, кога има тепање и/или дерење пред нив, срце ме боли, пошто и да сакаат нема како да се спасат.
    Треба да имам ама немам трпение за жените што не излегуваат од такви врски.
    Знам дека не е лесно, дека стравот те кочи максимално, те држи во грч ама кога се во прашање ситуации со деца мислам дека само интелектуално го знам ова, а ме фаќа гнев, сакам да и кажам да се тргне од таму пошто е нејзина обврска да се грижи за детето, да не дозволува да расте таму.
    Гледам да си го надминам ова бидејќи во нашава земја треба стварно да си херој за да излезеш од вакви врски покрај смешни плати, неподдршка од семејство кое уште живее за комшиите, институции кои не си ја бркаат работата.
    Ама не можеме да чекаме мажите да се свестат и да не спасат.
    Нема да се случи.
    Многу се ќути, многу се трпи, жени што не ќутат се осудувани баш од жени, па мажи си земаат ваков замав ко со јавна соба.
    Мојата помош се состои во донирање во здруженија што мислам дека помагаат на жртви, помагање ако некоја ми побара помош и генерално тоа е тоа.
    Ние да бевме свесни што е љубов, а што никогаш не смее да се дозволи во врска, ваквите клошари ќе останеа без жени и без семејства и ќе научеа лекција на потежок начин.
    Ама ние самите за жал уште тапкаме в место, уште ги оправдуваме за се што прават, уште се обвинуваме себе си, уште простуваме работи што не смеат да се простат.

    А за мајките, гледајте да има скинато папочни врвци со неа.
    Пошто маж за кој мајката е светица, таа никогаш не греши, нејзе никогаш не и се спротиставува, немојте да се лажете дека така ќе се понаша и со вас :)
     
    На Lavender4, Аничкаa, Bojana890 и 29 други им се допаѓа ова.
  6. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    20.049
    Мажот не се грижи за свое дете и смета дека тоа е обврска на жената го има само на Балканот.
    Кога можи да направи дете и тоа како можи да се гржи за него. А не мајката се ќе трча по него, плачело, чување се, мајката, е не е тоа туку така. Двајцата се родител, не е само мајката. Ваквиот менталитет страшно ме нервира, тој ќе си тера ергенски живот, а жената со децата. Секако дека не и не знам како си дозволуваат вака некои жени. И како после пораѓај тој не можел кутриот да се воздржи без однос, ма немој. Да се немало никаква почит.
    Детето е на двајцата, а тоа значи, менување пелени, правење храна пазење, а не само по гради да се чука тој бил татко :x
    И многу ме нервираа мажи поврзани со мајка му, и ако тој направив 35одини и кусур, ама мама како шо ќе кажи (facepalm)
     
    Последна измена: 1 февруари 2021
    На Аничкаa, Idedemja, Алек*** и 21 други им се допаѓа ова.
  7. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    1.992
    Пол:
    Женски
    Jas znam situacija kade shto zhenet mazh kazha: jas nema da mu gi rastam decata na zhena mi. Mene logichno mi beshe da prasham: koj e tatkoto? Posho mislev deka se od drug chovek. Mi odgovori potsmeshlivo jas sum, koj drug. Mi se zgadi iskreno. Ok, ti si, a decata se obvrska samo na majkite? Tatkovcite ne treba da se involvirani vo celiot proces na rastenje, grizha i vospituvanje? Ili nivna obvrska e samo da go napravat i tolku. Pri toa, dotichniot vo prikaznava ne beshe vraboten, po cel den kafinja so drugarite, a zhena mu doma sama so dve mali deca. NEGOVI!
    Alo, mazhi, ako mozhe da go napravite, MORA i da se grizhite za istoto! Ova ne ide so sakam- ne sakam. Ej napraviv dete na zhena mi, ke bidam tatko, super. Tatko na papiru im e nepotreben na decata! Koga ke porasnat nema da imaat spomeni so vas, jer toa ne bilo vasha obrska. Na vakvite so zakon treba da im se zabrani razmnozhuvanje!
    Edit: ako ne saka da se grizhi, neka ne go pravi. T.e. ako ne e spremen da e tatko i ako e nesozrean, podobro da nema dete.
     
    На ScrappysSunshine, WildMk, Cacii123 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    17.675
    Допаѓања:
    162.915
    Да.
    И пресудно ми беше ова, во изборот на сопруг.

    Поради често соочување со сексисти еден период, целосно се бев откажала од врски и идејата за брак.
    Подобро цел живот сама, отколку со сексист да делам дом.
     
    На theowndemon, Idedemja, Cacii123 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    4.072
    Се сложувам сосема, тие се некој мали работи во кој ќе познаеш кој каков е.
    И не само како се однесува кон мајка му, туку кон сите околу него. Доколку некој без почит зборува за другите, така и за тебе ќе зборуе и ќе се однесуе, нема да е поразлично. Затоа кога бираме партнер не треба овие црвени знаменца да ги игнорираме.

    Но кај нас менталитетот е друг, многу е мал процентот на освестени луѓе. Поинаку сме учени дека треба да трпиме, да им одоволуваме на луѓето, така ги учеле нашите мајки така и тие нас што е стварно страшно, многу пати сум ја имала таа конверзација со мајка ми и за жива глава не може да се убеди дека кога нешто не е во ред треба да се тргнеме, кога гледаме дека некој не се однесуе со нас убаво дека треба да си одиме од таа личност. Многу ми е жално кога ќе видам дека и личности на моја возраст ги имаат тие стари размислувања дека треба да трпат, тргнувајќи од форумов што се се немам изначитано и не ми се веруе како покрај такви личности што им кажуваат дека не ги сакаат, да си одат од домот и се друго тие повторно се одлучуваат да живеат со нив..
     
    На hermosa, Idedemja, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  10. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    830
    Пол:
    Женски
    Буквално треба да се гледа односот спрема сите, а за мене е и пресудно за татко, да гледам како се однесува со внуци, куче/маче, дали е одговорен, грижлив и итн...

    Јас го гледам и тоа, може вас смешно ви е :D:D
     
    На Idedemja, Stephen Amell, Осе и 9 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    17.675
    Допаѓања:
    162.915
    Односот кон мајките им, не го рачунам.
    Кон другите жени како се однесуваат е битно.
    Сексист за мајка му нема никогаш да рече дека е 'курва', ама за останатите... и тоа како
     
    На Idedemja, FVP, Cacii123 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. DenicijaNaPetre

    DenicijaNaPetre Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    335
    Искрено кога станува збор за трпење нечие (не)однесување, (не)карактер, кај мене не постои компромис.
    Сметам дека не сум должна да бидам нечија жртва и марионета. Работата или ја бива или не. Генерално, не само за партнер, туку за секој еден поединец кој е дел од мојот живот.

    Се согласувам со тоа дека постарите генерации се поинаку воспитувани, тој социјалистички режим некако длабоко им навлегол во коски. Тие се согласуваат да трпат се и секого, само поради тоа што ,,не е убаво да се замеруваш, утре ќе го сретнеш на улица, ќе треба да ја вртиш главата". ,,Почитувајќи" ги другите, ја губат почитта кон себе - најважното!
    А, она што најмногу ме вади од такт, е што буквално оправдуваат насилство, на пример: ,,па, добро, маж е ќе удри понекогаш", ,,преќути и овојпат, ќе се смени", ,,не гледај само да растураш нешто, туку да го сочуваш, за растурање лесно е", ,,каков развод што ќе кажат луѓето"... OMG

    Среќна сум што и покрај таков притисок на којшто наидувам од мојата блиска околина, не сум дозволила да ме направи иста како повеќето.
     
    На Bojana890, Idedemja, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  13. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Женски
    Треба да сме свесни дека како што постојат мажи врзани за папочна врвца така постојат и жени кои не знам како би ги нарекла си еден збор ама ете слугуваат, трпат, сами прават се и се слично иако понекогаш се жалат.
    Е тие се лонче и капаче.
    Верувам дека ние повеќе се нервираме од некои жени во брак со таков маж.
    Ретки се тие жени што навистина не можат да излезат од таков брак.
    На маж на кој не му е пресечена папочната при раѓање не може на 30 години да се пресече.

    Има вистина во тоа како со мајка му така со жена му (ама има и граница), всушност тоа е како се однесува кон сите жени кои ќе ги сретне по животната патека.
     
    На GrimTheReaper и hermosa им се допаѓа ова.
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    14.170
    Не би да генерализирам од причини што вината ја гледам во двете страни. Знаците за такви мажи се познаваат уште во самата врска. Човек не може да се смени целосно, освен доколку има свест да ги анулира сите свои недостатоци кои штетат. Ниту пак може да го крие својот карактер толку време.
    Како што кажав, вината е кај жената што поради X причини сака, пробува, да ги замижи приложените факти, но и вината ја гледам и во општеството што ги интензивира и одобрува однесувањата во однос на патријархалноста.
    Секој има право на избор и треба да се стреми да го побара она што го заслужува, а не она кое ни на душман не се посакува.
    Не е достиг во животот колку само да се омажиш, односно да се потпишеш на хартија, достиг е да живееш рамноправно, среќно, хармонично во бракот. Среќен брак не е едностран, не е само да се витка кичмата со цел да нема избувнувања, вербални и физички пресметки, туку се карактеризира за обострана почит каде двете страни се важни.
    Кога жената нема да ги бира ваквите феномени од мажи, истите ќе бидат на раб на екстинкција. Така да, вреднувајте се себе и своите желби, не е само да се живее во брак колку да се живее некако.
     
  15. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Феминизмот не е болест, туку патријархалното размислување. И јас се согласувам дека таткото е подеднакво родител како и мајката и дека и тој треба да се грижи, да го воспитува детето. Еднаш прочитав коментар од маж дека жената била, е и ќе си остане подолу од мажот. Најстрашно е што има и многу жени што се согласуваат со него. Мене утре маж ми да ми рече „Ти треба да си само дома и во кујна и само ти треба да се грижиш за децата!“, јас без размислување ќе се разведам од него. На тоа тој, а и другите враќаат дека на децата им треба и татко. Јас на таквиот ќе му кажам дека тој е само донор на сперма и ништо повеќе. Не сум мажена, ама таквите глупости често ги слушам и кажувам доколку мене би ми се случило вакво нешто. Време е да излеземе од каменото време.
     
    На Idedemja, Алек***, neno0o и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Fontana

    Fontana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2018
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со се што пиша. Исто и јас сум алергична на овие муабети ама за жал тој простотилук нема да се смени.
    Нема да се смени оти така се растени машкиве, реткооо ептен ретко некој да не го растат со тие размислувања, дека нема да може да смени пелена оти е маж во куќата, главниот итн. Јадењето е обврска на жената, негова обврска е само да јаде ц ц ц. Се ежам дури пишам.
    Уствари ова тука негде или исто неизлечиво е како расизмот. Толку ми нема цел тоа со расизмот, толку биле глупави сите што ги малтретирале црнците и уште се глупави според мене така што нема збор. Исто е и за половата нееднаквост.
     
    На tina2018 и mode-kristina им се допаѓа ова.
  17. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.474
    Пол:
    Женски
    Цел живот сум го слушала тоа од мајка ми, маж е мора да го слушаш, некогаш ќе се скарате ќе те удри а твое е да поќутиш, среќа што јас не сум подлегнала на тие зборови, кога почнав да созревам и да се градам како личност и да го градам мојот карактер главно нешто ми беше дека нема да се понижувам пред никој, нема да дозволам никој да ме гази ниту да ме смета за помалце вредна само дека сум жена. И благодарна сум си на сама себе за тоа, само свеста за ова мора да се подигне и жените да сватат дека не се робови, не се створени само да раѓаат и да чуваат деца.
    Кога во својот живот ќе се ставиш самиот на прво место тогаш ќе бидеш и способен да гледаш дете и друг живот да земеш на одговорност.
     
    На hermosa, Idedemja, Mikha4 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    2.888
    Пол:
    Женски
    Да почнам од насловот: може да се видат многу ред флегс преку односот на еден маж кон други жени но и кон мажи. Некој кој се однесува лошо кон келнер/ ка е bad trait. Секако не секогаш добро однесување на еден маж кон мајка, баба, сестра значи дека ќе биде добар партнер или соодветен за нас. Мојот поранешен партнер ги дигаше до небо припадничките на женскиот пол во неговата фамилија додека кон мене покажуваше пасивно - агресивно и токсично однесување. Полека но сигурно си го покажуваше вистинското лице. Ме третираше како имот а не како еднаква на него. За среќа излегов од таа врска. Ми требаше подолго време да сфатам дека не сум вреднувана воопшто од негова страна. Денес имам сопруг кој се декларира како феминист и освен што ми е партнер, најдобар пријател, тој ми е и role model со неговото однесување и размислување. Понекогаш велам дека е подобар феминист и од мене во некои ситуации. Што е најважно прв пат во животот почувствував како е да си на еднаков левел со партнерот. За жал ваквите врски, бракови се реткост а не секојдневие. Посебно на Балканот. Не знам кога и дали би се сменило нешто во однос на еднаквост помеѓу двајца партнери. Но подобро да бидете сами отколку со некој кој ве третира како имот или како слугинка. Не се задоволувајте со малку, или со фразата Има и Полошо. Бидејќи секогаш Има Подобро. Никој не е должен да трпи понижувања и лош третман заради што припаѓа на одреден пол.
     
    На hermosa, Bojana890, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    37.748
    Пол:
    Женски
    Точно е ова. И ми беше критериум за еден маж кој би бил покрај мене.
    Никогаш го немам чуено да рекол "курва" или други погрдни зборови за некоја друга. Општо ги почитува сите луѓе. Кон келнери, продавачи и сл. никогаш не повишил тон, и да имало грешка ќе речел со насмевка "нема гајле се случува".

    Исто многу битно е како се однесува општо со животни. Не мора да ги гали и гушка претерано, ама да ги сака, да ги поднесува. Дм има 4 мачки дома, некогаш спие со нив, се топам ко ќе ми прати слика кај што си лежи со нив. :inlove:

    Односот и кон мене му е сосема коректен. И кога имало тензија никогаш не ми се дерел или да ме нарекувал со погрдни имиња, сѐ сме решавале смирено. Не ме контролирал, не ми забранувал ништо, немал љубоморни испади. Ме сака во секакво издание.
    И за другари го имам истиот критериум, не па за животен сопатник.

    Посакувам сите жени да се ценат повеќе и себеси да се ставаат на прво место. Да не им е страв да стават крај на токсична врска/брак бидејќи заслужуваат многу повеќе од тоа. Со мажите треба да сме еднакви, да се поддржуваме, сакаме и инспирираме. Do not settle for less than you deserve.
     
    На Bojana890, Idedemja, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    879
    Се согласувам не е како ја гледа мајкатаа туку како мајката го воспитува и таткото (повеќе мајката) за осносот спрема останатите девојќи.Бидејќи грото мажи се ,како мама ќе каже.И истовремено многу е битно да е човек со став да не е човек кој потпаѓа на влијание на дргари и останати мажи.
     
    На eliesaab, FVP, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.