1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Еден маж најдобро се запознава според односот кон жените

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од DenicijaNaPetre, 31 јануари 2021.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Да знаеш дека е така. Навистина постарите често се во право. Знаат да проценат и тоа брзо.
     
    На eliesaab, ЕденЧлен и honey.11 им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Се почесто размислувам на оваа тема. Да му родиш дете, а тој да не те почитува, да не сака да помогне, да не сака памперс да смени и слично, ужас. Татко ми на мајка ми „ми се јаде, дај стави ми“, „да се бањам, дај најди ми облека“, и ред други глупости. На што личи тоа?
     
    На hellocity, WildMk и Dimi_ им се допаѓа ова.
  3. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    На патријахален синдром :D
     
    На theowndemon, Makedonka007, dayla и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.935
    Пол:
    Женски
    Тажната реалност на нашиот менталитет. Ми се гади од сељачишта со вакво размислување а за жал огромен дел се такви, заостанати, прости, исфрустрирани и мрзливи. А уште по жалосно е што многу од жените од било која причина трпат и им изиграваат слуги. Море марш, ич таков не ми ни треба. Поарно сама ќе чувам дете отколку некој будала ништо да не ми помага а кај што не треба да се меша и да ме кочи во одлуките.
     
    На Makedonka007, Алек***, Elf и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тоа што си напишала @DenicijaNaPetre.
    Само што лошо е што околината е во најголем дел таква како што ја опиша. Па дури и да не се такви ,секогаш се наоѓа некој што ќе ги "советува дека треба да бидат. Личен пример мене ми се деси.
    Првите месеци од породувањето мм во се беше вклучен ,освен во бањање- му било страв и не сакал да ја слуша како плаче. Ок.
    Амаа се деси колега му ,се јавил нешто да го вика негде и овој му кажал не можам со малата сум. Другиот ден го "советувал" дека мајката е за тоа не е таткото , таткото можел 5-10 мин да си поигра ,а не да пропушта средби со колеги за да ја чува(facepalm)
    Како некоја трка да си ствараат меѓу себе ,кој е по маж во куќата.
    Среќа брзо помина.(wtf)
    Не се согласувам со хани за мајката ,но со Вајлд за со другите жени да. :!:
    И јас како @Snowflake97 цел живот слушав од мајка ми такви глупости ,не сакам ни да се сетам.
    Ама од некои луѓе учиме какви да не бидеме :hug:
    Е сега друго што имам приметено дека стварно е така и по себе и по други е кога ние жените покажуваме дека можеме се ,тие едноставно пополека се повлекуваат ,арно велеше една пријателка од не знам и не можам поубаво нема. (highfive)
    Во смисла оставајте да си ги вршат работите намерно. Пример јас можам да го поместам лежајот за да исчистам ,ама намерно му кажувам дека не можам ,за да се заангажира малку тој.:rofl:
     
    На Bojana890, Tanjamm, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Ако има другарки и стварно е другар спрема нив без набацување тоагај ќе биде добар и со женска.
     
    На ЕденЧлен и honey.11 им се допаѓа ова.
  7. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Машки
    Ако се понаша прекрасно кон мајка му, мамино синче е :) така му доаѓа.
     
    Последна измена: 1 февруари 2021
  8. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Машки
    Штотуку се вратив од гости каде таткото ги чуваше дечињата додека мајка им беше втора смена. Денес тој бил прва смена, живеат под кирија, ниски примања. Човекот, како и многу други татковци, не е ниту ронка од описот во мислењето. Постојат такви суштества како што опиша, но за среќа не се во голем број, а за жал, постојат :(
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Не знам баш. Не би се согласила со насловот. Има многу добри глумци.
    Освен тоа некои ситуации како чување дете на пример, како ќе процениш од односот кон другите жени? Никогаш не бил ставен во таква позиција.

    Сметам дека најдобро се запознава едноставно со тек на време преку отворени разговори на повеќе теми. Лично сметам дека за битни теми секој човек треба да има став, па така ако на битна тема има некој неодреден став или ја дискутира на зае*анција, не е добар знак за мене. Такви одговори се даваат ако имате спротивставени ставови, а не сакаш да се расправате.

    Може звучи ептен глупо, ама добра проценка се прави и според хуморот. На какви постови/вицови највеќе се смее. Бар кај нас има еден тон сексистички постови што се обидуваат да бидат хумористични.

    Сакам да кажам баш случајов со Јавна соба убаво покажува дека може да имаат добар однос и мислење со жените околу нив, пошто има големи шанси тие жени да се исто со патријархално размислување. А чим некоја жена не размислува така, спрема неа да имаат тотално друг однос.
     
    На Bojana890, dayla, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ич не е глупо.
    Истото го мислам.
    Не трепам мажи, па и жени, на кои им се смешни 'вицови' со типични сексистички предрасуди.

    Само што не се согласувам дека секогаш низ разговор можеш да процениш каков е некој човек.
    Може едно да зборува, а да се однесува обратно.


    2:10 - 5:00


    *случајно се поддржувачи на Трамп.
     
    На Snowflake97 и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  11. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    Добра тема искрено, но многу дискутабилна.
    Првенствено досегашното мое искуство, научив дека секој маж, е различен со секоја жена. Ако маж ми бил многу неодговорен со мене, не бил пожртвуван, внимателен, не ми покажувал љубов не значи дека со друга жена ќе биде истиот. Болно е знам, особено за жени кои душата ја давале за човекот што го сакаат, а истиот тој не ги рецка ни 2% за разлика од некоја друга што не го става на такво,а овој истиов баш супротно и се лигави и трча по неа.
    Но, има и добри манипулатори, на оваа тема не може да се генерализира, иако делуваат сите мажи исти и функционираат на ист принцип, секој е различна приказна. Манипулаторите таков филм ќе ти напраат дека се грижливи, дека им е битно ТИ како се осеќаш. што сакаш, за на крај кога ќе ја стекнат твојата доверба ти го зачукуваат поштено па нема да знаеш што се десило, или у полоша варијанта ќе ти го сервираат тоа што тебе ти се допаѓа да го чуеш, нема никако да ти се исконтрираат но пак по свое ќе си тераат, односно нема да те послушаат иако за нивни бенефит си зборела. :)
     
    На Bojana890, eliesaab, mode-kristina и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Е во иста ситуација сме се нашле милион пати, на мм му ѕвонат другари за излегување и он кога ќе рече еве со детето сум, треба да го бањаме или слично, одма прв коментар е па има мајка, што се мешаш во женски работи. Дури и пред мене му имаат речено 'а јас ништо не правам дома, и околу децата, тоа се знае работа на жената е, јас за што ја земав јас ли да чистам или памперс да мењавам'. Ми се згади во истиот момент, ама преќутев зошто џабе е со такви имбицили да се објаснуваш, и знаев дека е залудно па затоа се направив и дека не слушнав.
    Некогаш знае да му влијае малце тоа што му викаат цело време така, ама среќа одма се враќа во колосек.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Мој професор во основно има зборувано за овие работи. Жена му била болна, оперирана, и тој простирал алишта и ги слушал комшиите како зборувале „еее маж е, не личи да постила алишта“. „А што му личи, да пцуе ли“, вели професорот.
     
    На S.W.A.G, WildMk, tinka-mace и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Во голем број се.
    Твојот еден пример не ги побива другите милион.
     
  15. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Маж кој ќе ми претставува само терет во и онака тешкиот живот, воопшто не ми ни треба.

    Без разлика дали станува збор за дечко или маж со законски папири.

    Претходно прочитав некое мислење дека односот со мајка му е важен, и тоа е точно да.
    Партнер со кој бев од прилика две години, кој имаше извонредно убав однос со мајкичка, беше најголемиот психо кој го имам запознаено во животот.
    Мајкичка беше контрол фрик, дури и сеа коа пишувам се ежам.
    Вештерка у права смисла на зборот. На крај коа му раскинав, ми прати порака на ФБ која шо сакав да ја покажам у полиција. Таков чуден однос и таква приврзаност сум видела само на филм. Само шо расплетот у филмовите е со болна позадина. Бљак
    Почит да, мора да постои, ама толку длабока конекција преоѓа веќе у црвено знаме.

    На почеток, кога запознавам некој, сакам да го видам во неколку различни изданија.
    Пијан, трезен, на само, со друштво, лут и нервозен, среќен и весел, односот со моите луѓе ми е посебно важен исто така.
    Затоа и обично дејтам само два пати :rofl:, ама нема да спуштам стандарди и игнорирам црвени знамиња пак у животов. Ниту еден совет нема да ми биде доволно добар откако ќе стапам во брак или откако ќе родам дете.

    Ми треба поддршка, рамо за плачење, столб на кој можам да се потпрам, ми треба хармонија и мир. Мирот ми е најважен.
    Ми треба здрава средина за да израснам дете во добар човек, ми треба маж кој
    ќе ме следи низ животот и разбира.

    Пре би сама засекогаш, али буквално.
     
    На S.W.A.G, tinka-mace, Bojana890 и 17 други им се допаѓа ова.
  16. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Машки
    Немам зборови, искреност до бескрај.
     
    На eliesaab, Izaabella и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Taка е девојко, на сите жени ова им треба. И онака се мачиме, дома и во фамилија сме виделе многу жени со кои мажите бришеле под, а тие си молчат, нема каде да одат, зависни се од мажот. Пекол е тоа, пекол. Ни треба сопатник, а не некој кој ќе го форсира само она што него го интересира, кој ќе ја користи жената, ќе ја третира како слугинка. За жал јас во моето опкружување сум видела само еден брак кој фунционира убаво, се друго е на сила, поради деца, од немајкаде.
     
    На S.W.A.G, tinka-mace, Makedonka007 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Држете се за ова, ко давеник за сламка!

    Одвратни искуства ме научија да не игнорирам црвени знамиња.
    Секогаш да си го слушате gut feeling-от.
    Ако нешто е off, да знаете дека е off.

    Не е за еден ден... за цел живот е.
     
    На S.W.A.G, tinka-mace, Makedonka007 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    2.498
    Пол:
    Женски
    Однесувањето на еден маж зависи од неколку фактори кои влијаеле на него уште од дете а тоа се на почеток родителите и друштвото. Со тоа дека ако е добар спрема мајка му ќе биде добар и со жена многу не држи вода баш во денешно време бидејќи може да оди и во друга крајност, а особена улога има таткото кај синот. Друштвото веќе и тоа многу влијае особено после 15тата година ако неговите другари се однесуваат идиотски спрема девојчињата голема е веројатноста дека и тој ќе поприми. Јас секогаш го земам за пример мм и пред да стапам во брак искрено премногу анализирав некои работи и дури ми беше на моменти глупаво оти си мислев нели љубовта е пресудна, дали и другите жени или девојки ги анализираат ситуациите и односите околу нив, ама јас ги гледав сите фактори нели освен љубовта, неговиот однос спрема другарите, колегите, колешките, некои другарки не ни имал, односот спрема мене пред нив, односот со неговите родители со него и со мене и многу други работи(образование,планови за иднина,работа и заработка, живеење во смисла со неговите или сами и во кој град) се заради одлуката брак. Некои работи ги разбрав уште во текот на врската па немораше да ги мозгам кога сфатив дека понудата за брак е многу блиску. После ми стана јасно дека не било џабе оти има парови околу нас кои оделе и по 3 месеци и таа избегала бегалка па сега некои работи излегуваат на површина кои требало да се решат пред брак. Има добри глумци меѓу мажите ама не може да глуми во врска 3,4,5 години. Жените трпат и се надеваат на промена, во врска беше лош ама сега во брак ќе се поправи.ЛАГА !!! Нема да се поправи ќе биде полошо, ќе те стави во 4 ѕида со бебе враце тој ќе си го тера животот, оти нели е маж. Свекрвата ќе те теши, уживај млад е ќе му помини нека се издува....Ако во врска бил женкар, алкохоличар,коцкар, наркоман, насилен во брак ќе биде три пати полош и ќе го уништи животот на другата особа. Личност на 25,30,40 години не можеш да превоспиташ. Значи решението е одстранување од таква личност уште во врска за да не дојди до полошо. Реално познавам разни парови некои и многу блиски роднини и не ми се допаѓа воопшто односот меѓу нив безразлика дали се работи за маж или жена, ама искрено и не се замарам оти ми се битни само моите 60 метри квадратни. И го гледам и пазам мојот живот, ако некој побара помош помагам, ако не, не се мешам воопшто оти после јас и мм излегуваме виновни па и затоа не се мешаме, секој нека си срка онака како што ќе си надробил. Очите отворени и секоја ситуација, разговор може да биде знак за нешто добро или лошо. Пред мм имав дечко кој ме вараше... прво уште на почеток можам да кажам дека го сакав многу ама секогаш имав некое чувство на несигурност кое не можев да си го објаснам, некоја интуиција... после 7 месеци врска излегоа некои муабети и стигнаа до мене дека оди со друга, случајно го фатив како бриши повици во тел и еднаш кога го замолив онака да ми го отвори фб негов (бидејќи чувството на несигурност тогаш веќе надвладуваше), не го направи тоа со изговор дека има време а бевме заедно веќе 6 месеци и ми тепаше некои муабети за брак, а од друга страна уз муабет ми имаше речено јас не можам да се пронајдам сеуште во смисла за работа и професија а беше веќе 29 години и без работа и што е полошо не се замараше дека нема работа, си земаше пари од неговите и секој ден си пишеше спортска. Паразит во буквална смисла на зборот... така фино лепо јас си го баталив. Зборот ми е не замижувајте на некои вакви фрази или моменти, подобро нема да биде за жал. Совршено не постои ама гледајте барем мажот да биде многу блиску до вашиот поим за совршено. :l:
     
    На tinka-mace, Bojana890 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.295
    Допаѓања:
    26.118
    Би била со некој, кој има почитување спрема сите, не само спрема жените. Да има почит спрема келнерот, продавачката на каса и кучето на улица. Да ги почитува правилата, сигурно не би била со некој шо фрла отпадоци на земја, оти секако, сите фрлат па зошто не и јас? Или пак, "абе у Македонија сме, јас не фрлам ќесичка од смоќи у Германија".

    Никој не може да праве "лице" со години. Најчесто вистинското лице, сите го покажуваат после четири-пет месеци. Ама често, од "заљубеност" ги игнорираме црвените знаменца.
    received_417922002652326.jpeg

    Освен на Балканот, ретко сретнав некој да размислува како: "жената треба да чисте и готви", "жената треба да ги чува децата", "жената треба да седе дома и да биде домаќинка, а не да оде на работа, се знае кој е столбот на семејството и кој треба да оде на работа". 21 век кај си?

    Многу е важно како се учени децата, доколу во домот, детето израснало со правила мама да чисте и готви, а тато да гледа вести, и тоа ќе очекува кога ќе порасне да си најде домаќинка како мама, а да се понаша како тато.

    И мене од мала ме учеа дека јас треба да чистам и готвам за мажот, тоа ми било улогата како сопруга. Фала богу, никогаш не би ги учела моите деца со вакви застарени мислења. Сите во домот треба да придонесуваат и да ги вршат обврските еднакво.
     
    На S.W.A.G, WildMk, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.