Има и пострашни диети од ова. Наутро лимонот ќе ве држи сити, а и јаболките до 4 часот. Во 4 ручекот, со две прачиња леб е повеќе од одлично. Навечер пак јаболка. Ама за оваа диета треба да имате и среден биоритам. Да легнуваш најдоцна во 12 навечер да стануваш накај 8-9 и секако дека ќе можеш да ја издржеш. Јас сум држела слична на ова, за појадок јадев само банана или портокал, ручек нискокалоричен, вечерата, речиси и да ја немав. Јогурт или супа. Ама не ослабев 20 кг, туку околу 5 - 6 кг. Ианку секоја диета е штетна, ама без гладување тешко да се симнат кг. И баталете тој режим на исхрана, добар е, не велам не, ама за оние кои веќе ја имаат достигнато иделната тежина и сега само ја одржуваат. Или оние кои имаат кило до две вишок. 10 кг со овие режими слабееш минимум 3 месеци, зборувам за возраст од 22 - 25 години, па нагоре. Така да јас сум за диета, ослаби, па после се стави на режим на исхрана. Не верувам кога некој ќе ми каже ослабев јас, ама не јадев благо и леб. Како па да не, верувам. Инаку и да ослабеш со здраво хранење, ако потоа јадеш ко с*иња, да ми простете, ама ништо не ве спасува. Исто и кај ригорозните диети, по завршувањето, мора режим.
Ниеден доктор не би го одобрил овој вид на слабеење. Не е нормално да се ослаби толку килограми за 30дена. Па девојко мој совет би ти бил да си направиш крвна слика, дури имаш време! И не го малтретирај желудникот така...можиш само да добиеш ленлив желудник.
Не може да ослаби толку, освен ако нема прекоумерена тежина, тогаш се слабее повеќе за пократко време. Не е исто од 80-90 да ослабеш 10 кг, и од 60 до 50. Во тоа е финтава, затоа девојкава пишала дека ослабела 20 кг, бидејќи претходно имала 80.
Vaka znaci ovaa dieta kaj sekoj ima poseben efekt !!! SE slabee do 20 kg. I da jas imav 80 a sea 52 JAs ne vikam deka dietata e zdrava zatoa sto nitu edna dieta ne e zdrava .. Nema dieta sto e zdrava . Ima samo zdrav nacin na ishrana.
Диетава ја држеше вујна ми. Ослабе 10тина килограми за 2-2 и пол месеци. На утро пиеше тоа лимонот, до ручек јадеше јаболка, ручекот нормално, вечера јаболка. Ми ја препорача и мене, ама не ја почнав. Откако ја заврши почна да си појадува и да си вечера, не претерано, ама сепак ги консумираше оброците, и ги врати килограмите. Сега е иста како пред диетата. Можеби е добра за слабеење, ама треба секогаш да прескокнуваш оброци. А најлошо е да се прескокнува појадок.
Мене па многу ми е логична диетава, бидејки во која диета сте виделе нормален појадок? Па сите почнуваат со 2 исти овошја, комбинација од тоа и тоа овошје и слично. Некои диети велат за ручек 250 гр месо и салата, а овде е нормален ручек и 2 парченца леб. Вечерата во некои диети е исто како ручек, пола од ручек или овошје и салата, што мене највеќе ми се допаѓа овошје( или во случајов јаболки). Не е воопшто за пагање во транс диетава искрено... Пробајте ја една диета 4 дена- 4 кила (1 ден 6 праски, 2 ден 6 јајца, 3 ден 6 банани и 4 ден од се по 3 парчиња) Е ова е веке умирачка Ми се допага во диетава од lovebrunomars96, што има витамини преку јаболките и лимонот, и што немаш малтретирања околу пазарење и секој ден по 2 различни ручека дома, вака е полесно дупло. Само ме интересира, ти што викаш си симнала од 80 на 52, тоа за еден месец девојче или ???
pa vaka od 70 na 52 utnav gore. Jas ja drzev mesec i 15-20 dena i oslabev tolku .. No eve edna druga dieta sto mnogu ke vi pomogne jas sea nea ja drzam. Vaka trae 9 dena i nazad sto znaci 17 dena. Se slabe do 10 kg i ne e preterano stroga. Vaka za dorucek za site denovi treba da jades ovosje koe sakas i kolku sakas samo da bidat od ist vid na primer da ne bide portokali i jabolka ili sl.Za rucek 2 parcinja leb jas jadam crn i sto drugo imas bilo sto a za vecera jades sto sakas samo bez leb i vecerata da ne bide pokasno od 7 h. Znaci vaka prviot den treba da ispies 1litar voda so 1 isceden limon. vtoriot den 1litar voda so 2 iscedeni limoni. tretiot den 1litar voda i 3 limoni...itn znaci sekoj den po eden limon poveke dur ne stignete do devetiot den . na devetiot den ke ispies 1 litar voda so 9 limoni posle devetiot den brios odnazad. znaci posle devetiot den odnazad e osmiot(1litar voda 8 limoni) pa sedmiot (1litar voda 7 limoni) pa sestiot(1litar voda i 6 limoni ) itn Ako ima nekoi prasanja prasajte
Da loso e .Znaeme deka limonot e isto kako ocetot zatoa ne e dobar za krvta moze da ja oslabe. I zatoa mora polovina od limon vo edna casa mlaka voda
Јас ослабев скоро 20 кила, а јадев сѐ но во мали количини и вежбав на орбитрек! Жив доказ. Преку такво ми беше од диети, па си реков ќе си јадам од се по малку, зошто да се откажувам од било каква храна? Што ми сака душичката, тоа ќе и дадам. Значи јадев за поручек овошје, понекогаш пакетче смоки, за ручек јадев од тоа што имаше дома само наместо 2 чинии како што сум јадела пред тоа, ќе земев една чинија и то не скроз полна. Абе се! Манџи, месо, мусака, спанаќ, компири пржени, шпагети со сос.... После тоа си пиев какао, (кафе не пијам), и тоа со шеќер најнормално. За вечера понекогаш земав едно мало пециво, или овошје и зелечнук, понекогаш музли, млеко... А да ви кажам имаше и на пример еден ден во месецот си купував онака убав голем хамбургер. Али тоа ќе беше еднаш месечно. И ете ме, пак ослабев!! Благо земав на 2-3 дена онака по 2 коцки. Или еднаш неделно чоко бисквита. Ама вежбање МНОГУ ве спасува, значи најбитно е! Летово, сум јадела како свиња во мк доналдс секој 3 ден, си сркав нутела, ама бидејќи работата ми беше физички претешка и тоа по 12 саати, јас ослабев уште 5 кила за нецел месец. И да ти кажам гладување не почувствував во првиот случај. Зошто да би? Јадете од сѐ по малку, вежбајте и ќе ослабете. А беше режим на исхрана, сѐ си јадев во умерени количини. И подобро да се слабее побавно, барем го навикнуваш организмот, отколку наеднаш со диети, е после и режим да ставиш пак ќе се здебелиш.
Лакримоса, јас со што се не пробав, ама ете јас имам здравствен проблем и не смеам да вежбам, ама заради него морам да ослабнам. Јадев по малку, баш како тебе, со месеци, ама резултат 5-6 кг, а мене ми требаат 10. Јас имам лошо искуство со режимите. Немаат посакувани ефекти кај мене. И битно е што ти си била физички активна, а мене тоа ми е ограничено, па дури и предолгото пешачење.
јас сум 2ден на диетата што ви ја пишав во среда ке се мерам па ке ви кажам како ако ослабнам нешто малце плус кога ке дојде 14ти ке ви пишам колку вкупно сум ослабена,инаку претешка е од еднаш да намалиш храната на минимум ама сакам резултати брзи па морам да воведем дисциплина строга а и се пие вода барем 2литри
Подобро побавно, отколку со диета набрзина, и после тоа и режим да држиш пак ќе ги вратиш затоа што во диетите има премалку храна. Сум пробала и така. Вака и 5 месеци да поминат, а да ослабиш 10 кила, повеќе се исплаќа. Ќе можеш да ја контролираш тежината.
Девојкии, немојте со вакви диети!си го уништувате здравјето а и телото,не е убаво вакво слабеење.Јас ја држам УН диета,и има предобри ефекти,а нема јојо ефект.Полека но сигурно се губат килограмите без никакво нарушување на здравјето.Кога можеше мој другар кој беше голема мрза и зависник од fast food да ослабне 25 килограми,тогаш зошто да не можеме и ние?диетата можеш да ја прекинеш додека не ја стигнеш посакувана телесна тежина и фигура.поздрав.
Pa i jas mnogu ja sakam un dietata ama ja drzev 2 meseci i pocna kosata da mi opaga Bi sakala pak da pocnam so nea ama strav mi e da ne mi padne i ova so mi ostana A toa deka vezbite pomagaat da . ) ama ne sekoj ima zelba da vezba :/
да и јас мислам дека се строги и не се добри по здравје , ама од друга страна помалце храна е пак одмор на желудникот и сакам да го навикнам прво вака на лесна храна со цел да се прочисти организмот од вишок на течности за да после 2-3недели преминам на друга диета помалку строга како она за 20дена 9кг и така се со цел самиот организам да ми трази помалку јаглехидрати зошто колку помалку внесуваме повеке слабееме
И јас ќе ја почнам од утре,и плус еднаш неделно ден на овошје (секоја недела пример).Инаку мене ми требаат 8 кила за 52