Но јас мислам дека појадокот е најважен и дека наутро треба повеќе храна, значи онака нормален појадокно што ќе ти даде енергија, и после тоа преку цел ден јаболки ( и други видови овошја) ,чаеви, течности..... инаку 20 кг. за 30 дена.... чудно ми е некако ..
Моментално ја држам оваа диета, еве веќе трет ден, и се издрзува, не е тешка. Ама, покрај што го почитувам овој режим, ги бројам и калориите, да не бидат повеќе од 1000, а планирам да го направам и тој шејкот за слабеење што го има во една друга тема, така да 2-3 диети соединувам во една
Извинете вака, и со сета почит-ама диета ми е катастрофа и постигнувањето на овој резултат е невозможна мисија (барем за овој период). Прво и основно да беше здраво и нормално да се симне кило ипол за два дена,кај ќе ни беше крајот... Како и да е, за појадок наутро пијалоков некако ќе се издржи и потоа до ручек колку сакаме само јаболки. Ова би требало да е ужина? Може да се изеде една гајба?? Ручекот е тотално без врска. Ајде тоа што дента имате на мени (колку и да е пржено и калорично-со фактот дека сте на диета), ама згора на тоа и плус две кришки леб. Чудно. И после вечера? Нема? Па сигурно држат ситост тие јаболките до ручек. Колку е ова здраво и корисно... А и колку носи резултати ме чуди. Подобро некоја друга диета (има голем избор само на форумов) и барем малку активност за вистински резултати. Ова воопшто не ветува и како што пишале некои девојки горе, гарант има јо-јо ефекти (ако всушност и некој ослабе со ова).
Не е страшна диетата.. јас држев многу построга од оваа и ослабев.. 15кг за месец и 10 дена. Ја држев диетата од здравствени причини.. имав многу лоша крвна слика, покачен холестерол, покачен магнезиум, намалено железо итн итн итн..... Диетата што ја држев ми ја препиша мојата матична докторка.. се со цел да ми се среди крвната слика и воедно да ослабам. Диета се состоеше во следново... Во текот на денот имав 5 оброци на секои 3 часа. За доручек требаше да јадам салата ( ама бидејќи секојден сум од сабајле на работа ) јас пиев сок од портокал, грејфрут и лимон .. секое сабајле.. После три часа јадев овошје.. ова ми доаѓаше како ужина најчесто 2-3 јаболка или портокали. Секојден ручав печурки на скара и салати во неограничени количини ( еднаш на две недели дозволено беше да се јадат и по две јајца ). После три часа од ручекот или како втора ужина јадев или овошје или зеленчук. За вечера исто јадев или овошје или зеленчук. И пиев максимум до 1,5л - 2л вода во текот на денот - искрено кажано тоа го правев со сила! Зашто морав а не зашто сакав. Одев на контрола секоја недела.. и од недела во недела крвната слика ми беше се подобра и подобра. Од толку витамини што внесував преку текот на денот косата престана да ми паѓа при чешлање, ноктите ми се заврстија.. лицето ми се исчисти. До ден денес не сум вратила ниту еден грам... Оваа диета во споредба со мојата е ништо.. ама за месец дена никој не може да ослабе 20кг.. за месец и пол - два возможно е. Само еден совет за сите што ќе се нафатат на оваа диета.. обавезно вежбајте било што, битно вежбајте.. да не почне да ви виси кожа на толку слабеење. П.С. Диетата се издржува и мојата и оваа со јаболката.. ама верувајте после две недели ќе ви се смачи и ќе ви се повраќа од се што ќе ставите во уста. Барем така беше со мене... не можев веќе да ја јадам постојано истата храна.. секојден исто па исто. Во текот на диетата 3 пати повратив.. и по завршувањето на диетата.. организмот ми стана одбивен на риба. Ако каснам риба било каква, било како подготвена.. стомакот ми се подува и повраќам.
Никаква диета!!!!! Само една кутија хидратантен крем ,најлонска фолија и 2л студена вода ќе завршат работа пр.Ако имаш целулит на стомакот или на нозете ќе си ставиш крем и ќе се замоташ со фолија (за подобри резултати на лето на сонце а во зима до печка )и ќе се испотиш и обавезно пиење од 1 до 2 л вода
Денес јас ја започнав диетава ,гладна не сум воопшто одма откако станав испив една чаша млака вода со пола лимон,по неколку саати 2 јаболка(средна големина),кон 4 сатот ручав макарони(без масло,зачини и сл.) со сосем малку рендано сирење,вечерата иста како појадокот 2 јаболка . Сега во моментов ќе пијам или едно кафе без шеќер или чај без шеќер ќе размислам А да и 1,5л вода денес .
Не гледам ништо комплицирано во тоа.Жан Митрев се исхранува така,до 4 часот само на овошје после јаде нешто здраво и толку,му треба за концентрација кога прави операции
Здраво немојте да го слушате овој совет јас го користев упорно пиев повеке од 2 литри вода и прво во фолија а потоа си купив и најлон гаки за слабеење (беа од градите до колена )специјални со крема за целулит и поради тоа добив воспалени јајници и инфекции премрзнат зелудник, болки во бубрези и половина .ги облекував и 15 -20 мин везбав или трцав .НЕ ОСЛАБЕВ НИ 2 КГ а бев мн упорна. вежбајте без кеси и фолии поубаво денес 10 .02. ја запоцнубав оваа диета и се надевам ке ослабам 20 кг имам точно 30 дена и ке ви пишувам секојдневно како напредувам.денес имам околу 85-90 кг а био сакала да стигнам до 60.
со среќа нека ти е се надевам дека ќе издржиш. и јас со истава дијета плус со фитнес 5 пати неделно по 2 часа ослабев негде околу 12кг само напред
страшна ми е диетава колку е здрава е прашање , јас не би ја применила кога би имала вишок ... јас во рок од 6 месеци изгубив 13 кг. но не применував диета од околности надворешни и слично имав 62 сега 49 ...
jas nemam mnogu kila za gubenje najmnogu 5kg...ama nekako ne mi se dopagaat dieti vo koi imas odredeno jadenje vo ovaa barem imas se za rucek a ne jas da gledam drugite kako jadat i da ja prekinuvam sekogas dietata ))
мхмм те разбирам , ти посакувам и од тие 5 да се ослободиш ,да си бидеш по своја мерка поздрав и да си кажам мене крвта ми ослабе бидејќи беше шок за телото , затоа гледај да јадеш нешто витаминско
Ми изгледа добро,речиси исто како и режимите на нутриционистите...нели од сабајле овошје и цеден сок,ручекот манџа или риба,само да не е некоја прженица и за вечерата ми е малце чудно,сите препорачуваат салата,а овде повторно јаболки....ќе пробам со јаболки ако не ми одговара вртам на салата како и да е еве сама си посакувам добредојде резултати,другиот понеделник
Епа девојки јас и моите вишок килограми ви дојдовме овде, сега решив да ја држам оваа диета од утре, имам 80 кг моментално, бавен организам и спијам во просек 9 саати дневно, преку ден сум на училиште и мислам дека нема да ми е проблем да јадам јаболки а и итно сакам да ослабеам 20 кг. знам дека не е мн здраво ова, ама па и не е нездрава до толку... е сега може ли наутро јас цел лимон да си исцедам?? и може ли да јадам двопек наместо леб и може ли да јадам и друго овошје, пример за ручек да јадам двопек и портокал??
Bas mi se svigja dietava ,mislam deka ke mozam da ja izdrzam mene mi trebaat 10 kila minus pa mislam deka za 1 mesec ke gi simnam vaka so jabolki i so rucek bez leb ajde od utre so sreka marija.mar kakvi ti se tebe rezultatite odamna ne si pisala?? A ima nekoj na forumov sto mi pravi drustvo so ovaa dieta???
Од овој момент ја почнувам оваа диета,морам да ослабам.За резултатите ке ви кажам по еден месец.Се надевам дека ке биде ефикасна
Единствен начин да ослабеш 20кг за брзо време(2-3 месеци) е да внесуваш по 1500 калории на ден и да вежбаш од 4-5 часа на ден.Диетава е катастрофа има само 1 оброк и јаболки.Неможе телото да функционира на тој начин. За да може телото нормално да функционира му се потребно најмалку 1200 калории на ден.