Еден на еден се емитува седма сезона по ред. Дали го гледате ова шоу? Дали ви е интересно? Споделете сè во врска со оваа емисија, позитивни и негативни коментари, пофалби и критики. Јас на телевизија не го гледам, ако има интересен гостин (што ретко се случува) тогаш гледам на Јутуб. Морам да напоменам дека имаат многу лош концепт на емисијава. Жаре пред да го најави гостинот официјално збори едно 20-тина минути, така да повеќе тој е во центар на вниманието отколку гостинот. И Спасе веќе не е интересен.
Го пратам зошто многу малку емисии има од тој жанр Сакам да искоментирам за Жаре, типов не е ниту малку иновативен, целиот концепт му е копија на американските шоуа, као демек ние не знаеме, тој се измислил, во една емисија имаше - читање лоши твитиви (mean tweets од џими кимел), Маријана кога му беше гостинка остана подзинат ко жена да нема видено, Спасе му е жива досада..... Ова е само дел што ми текнува Понуди нешто ново, прашај ги гостите за некој трач, ко да се плаши да не се замери со гостите
Ептен невкусно за ТВ, затоа што гледаат и помали деца беше таканареченото „Твоето цице изгледа познато“ А и некако Жаре ептен се форсира за да биде интересен.
Да да го имам и тоа гледано Еден на еден беше супер кога се емитуваше на А1 ми текнува на табуретки кога седеа Не ми е интересен можеби затоа што го пратам џејмс корден, елен деџенерис и џими кимел кои се со одлична смисла за хумор, без влакна на јазикот и што е најбитно не се копираат едноставно свои се
Не јa гледaм емисијaвa. Пoследен пaт јa гледaв лaни, кoгa беa гoсти Мaријa, Кристијaн и Филип. Тие штo глумеa вo Умни глaви.
Имам гледано неколку епизоди но за ова шоу имам само еден коментар - очајно. Жаре се труди да е интересен но не е.
Жаре ми е антипатичен и се прај интересен а не е. Особено е смешен хаха сега гледав кога и рече на Даниела Мартиниовќ : Wow, I can't believe it!