1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Единствениот маж (Last man standing)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Hipster, 19 јануари 2013.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Незнам дали некој ја гледа серијава, јас ја пратам од самиот старт, интересна семејна комедија за еден маж со 4 жена по ист покрив, нивните згоди и незгоди, со главна улога- Тим Ален.
    Јас одсекогаш сум го сакал Тим Ален и мислам дека е одличен и тотално одлепен.
    Мометнално се прикажува 2рата сезона, кратки се по 20 минути, но задржуваат внимание.
    Конкретно 2рата мислам дека е подобра него првата сезона.
    Омилени ликови Менди и Ив, посебно кога се во комбинација и двете,посебно зашто се црно-бело.
    http://www.imdb.com/title/tt1828327/
    [​IMG]
     
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.100
    Допаѓања:
    8.110
    Ја загледав серијава пред месец дена и денес ја почнав втората сезона. Супер опуштачка е, семејна серија. Не е нешто посебно ама ок е за пополнување време.
    Менди ми е фаворит :D
    Не ми се свиѓа што во втората сезона ја смениле Кристин- новата изгледа старо и благо ужасна актерка ми е.

    Mike: "So how was your first time?"
    Mandy: "What?!"
    Mike: "...?"
    Mandy: "Oh, you meant voting."
    Mike: "What did you think I meant?" :rofl:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ејјјј не знаев дека уште некој ја гледа серијава :)

    Јас одамна ја почнав и некако ептен со мерак си ја гледам. Тим Ален е феноменален а плус јас многу си ја сакам и типката жена му што ја глуми. Ми се свиѓа што не е исфорсирана серијата и секогаш има нешто смешно. И мене ми е криво што ја сменија Кристин, другата беше многу поинтересна.

    Кајл ми е апсолутен фаворит, срцка бе мутавка. :)

    Дефинитивно супер серија за опуштање.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Супер што си најдов соговорници, се мислев дека само јас ја гледам серијава.
    Да точно не е нешто најсмешна или незнам на гз да паднеш, ама во секунда можам да набројам многу полоши а погледани серии моментално.
    Симпатична ми е и смешна ептен некои епизоди.
    За смената на Кристин сите мрчеа на нет, и мене ми е антипатична многу, старата ми беше многу појака и поубава.
    Али интересен прсврт се деси последнава епизода, мене поише ми одогвараат Менди и Кајл, сторени еден за друг, смотаници :rofl:
    Битно Кајл решил да биде Бекстер :D
    Али Менди ми е ептен фешн, предобри комбинации има.
    Сепак најсмешно ми беше видеово, се измочав од смеење.
    The Inglorious Baxters' Pie Rack :rofl:
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Хахаха ми текнува на епизодава. Менди плаче да биде некоја шоу-женска од секој аспект. А со Кајл се супер пар, само чекам да видам како Мајк ќе го мачи, мора да има тука нешто.

    Е сега е редно на малата да и најдат некој, алфа-женска е она ама и треба некој момак.
     
  6. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Само што ја изгледав прва сезона, сега ја почнувам втора.Приметив дека ја смениле актерката што ја глуми Кристен(најстарата сестра).Новава не ми се допаѓа воопшто.Инаку најинтересен лик ми е Менди, се кинам од смеење кога ќе тресне некоја зелена.И најмалата Ив е закон :rock:
    Малку ми е досадно кога го даваат Мајк со стариов Ед во продавницата ама како за 20 минути разонода се супер.
     
  7. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    За сите љубители на Last man standing вчера излезе прва епизода од трета сезона.Ја изгледав и некако ми беше млака.Ми фалеше хуморот на Менди па и на Кајл.Многу малку смеење имаше.АЈде да се надеваме дека ќе се оправат.
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Мене па ми се свијаше епизодава. Серијава не е баш класичен ситком, не знам дали сте приметиле али има многу политички и културни приврзаности, на некој начин го прикажува Мајк како закоровен амерички ребуликанец со неговата философија за УСА, државата на мирот и слободата, па Кристин и тичево нејзино, демократи риберали, борци за права, вегетаријанци и што не, црно и бело-они и Мајк.
    Менди е шлагот на торатата со нејзините згоди и незгоди, али мене Ив ми е јаготката, мини Мајк но со малку доза од мајкава, си има екстра моменти.

    Мене најсмешен ми беше Кајл со философиите :rofl: и тие сцени со него Мајк и типциве од Duck Dynasty, оваа епизода. Не можам да ги најдам и да ги постирам, ама ме изнасмеа со неговата мутава па и збунета фаца :rofl: :rofl:

    Ја сакам серијава бидејќи ми е освежување, малку поинетресен и различен пристап на комедија, барем јас така ја гледам и така ја перцепирам. Треба малку напор за да се сфатат некои работи и за да бидат стварно смешни, ама па тоа и ја прави поразлична од останатите. Али не е па ни толку астро-физика де, само има доста политички муабети и по некоја критка и исмевање.

    Навистина е јак постеров за сезонава :rofl:
    [​IMG]
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    И мене ми се бендиса епизодава. Серијава ме потсеќа на серии од типот Козби, Рејмонд и сл. каде буквално те соочуваат со сите стереотипи одејќи до крајност.

    Со 90% од теориите на Мајк не се согласувам а сепак ми е мерак да го гледам. Воопшто не е исфорсирана серијава, а мене ме бендисва тоа.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Не знам зашто серијава нема ич гледаност, ама е една од ретките ситкоми, кои навистина се ситкоми и вистински ме смеат.
    Финалето беше одлично, баш заврши со голема и убава новост, ќе гледаме свадба следната сезона.
    Kако и претходните сезони, и оваа не потфрли, имаше доста интересни моменти, многу негодувања и политички мудрувања на Мајк, многу глупости на Менди, плус и ни Ив се заљуби.

    Прочитав дека скоро е сигурно дека ќе има четврта сезона, јупи, баш ме радува.

    За крај Менди, како да не ја сакаш :D
    [​IMG]
     
    На alekce83, tigerlady и L-enna им се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Сите што ја гледаа серијава не се више активни на форумов, па и дискусијава ептен ни замерела.
    Серијава кај нас никој не ја гледам ама изgледа во америките си ја поштуваат.
    Доби и 5та сезона.
    Баш ми е мило.
    Мене ми е ептен погодена за релаксација, Мајк и Менди ги обожавам и Ив сега е навистина ептен топ со реплики, баш има солиден хумор во секоја епизода.