Едит Пјаф родена како Едит Џована Гасион на 19 декември 1915 во Париз, почината на 10 октомври 1963 била француска пејачка. Потекнувала од сирамашно семесјство, мајка и била пејачка која пее за да зароботи некој денар, а татко и циркуски изведувач. На почетокот живеела со нејзината баба која била алкохоличарка и каде што немало никакви услови. Потоа татко и ја однел во јавна куќа на која сопственик била нејзината баба која што се грижела за Едит со помош од своите работнички, таму по неколку години се здобила со болеста кератит(губење на видот). Видот го повратува со што се помолилила на гробот на Тереза Мартин. Таа со пеење започнала на 14години кога со татко и кој на улица извршувал циркуски акробации. На 17 год. родила вонбрачно дете од својот љубовник кое починало од менигитис. Во 1935год пеела во кабарето на Луј Лепле кој и го дал името la Môme Piaf. Оттогаш започнува нејзината кариера со која се прославува насекаде со својот необичен глас, станала една од најславните француски пејачки. Починала во 1963год. од рак на јетрата. Ова го напишав на скратено за нејзиниот живот, во филмот La vie en rose Спојлер http://zamunda.net/details.php?id=100036&hit=1 и вреди да се издвојат 2часа за филмот го има прикажано целиот нејзин живот. Неколку од нејзините песни http://www.youtube.com/watch?v=Q3Kvu6Kgp88 http://www.youtube.com/watch?v=LfmguyDR ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=EBTIuFuS ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=0g4NiHef ... re=related Разгледав низ форумот и не видов никаде ваква тема, ако има....канта
Се ежам кога ја слушам. Прекрасен носталгичен глас има, кога замислувам некоја слика од Франција во позадина ми оди некоја песна на Едит како фон. Филмот не стигнав да го гледам, фала за линкот. http://www.youtube.com/watch?v=uOXzGtlL ... re=related
Јас секогаш велам, да не беше Едит Пјаф, Франција ќе го имаше само петелот и виното како симболи. Ма каков петел, какво вино, каков рокфор, какви баретки. Едит Пјаф ја воскреснува Франција, во вистинска смисла на зборот. Буквално и јас се ежам кога ја слушам, ми навираат солзи, имам прекрасни спомени, и мојот драг родител ја обожаваше. Сеуште немам сили да ја слушам цела Non, je ne regrette rien...колку моќна песна за нејзиниот живот. Која ода на една силна личност која била толку добра, што ете, на крајот морала да умира сама бидејќи толку вистински пријатели и останале во животот. Како беше она, те ценат вистински само оние кои остануваат со тебе и кога немаш пари и кога не си славен. Филмот е одличен, а Марион ја изглуми фантастично. Едит Пјаф има глас кој е еден и единствен. Препознатлив, оригинален, севременски. Моќен до коски. Поздрав воедно до сите певаЉки кои си мислат дека нечиј успех зависи од тоа како некој изгледа. Некој останува заборавен иако турил силикони и ботокс, а некој останува запаметен по она по што треба да биде - по гласот и песните. Музика која ве телепортира. Јас кога ја слушам автоматски се телепортирам во некое мало, тесно уличе, кое мириса на тазе багетче а на јазикот веќе вкусувам црвено винце. Ете тоа е Едит Пјаф за мене, и многу повеќе. Легенда.