Еднаш, многу одамна (Once Upon a Time)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Lovely, 24 ноември 2011.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.928
    Допаѓања:
    203.186
    Пол:
    Женски
    Последниов месец дена турбо ја гледам серијава. Моментално сум до 12 епизода од 3 сезона.
    Почнав да ја следам уште кога излезе, во 2011, ама онака ја гледав, пропуштив неколку епизоди, па директно на крајот... што знам, и баталив. Уште тогаш решив дека некогаш пак ќе и дадам шанса на серијата, ако има повеќе сезони, затоа што прилично ме заинтересира, а обожавам воопшто серии и филмови со таква тематика (фантазија), па шансата дојде дури годинава :$

    За месец дена, по три-четири епизоди дневно, еве ме, до средина на трета сезона, и серијава досега не ме разочара, напротив. Првата сезона беше некако млака во однос на втората, а еве третата ми е супер турбо интересна. Ме заинтригира прилично, одвај чекам да видам како ќе се одвива приказната понатаму. Многу ми е интересно раскажана целата приказна, и ликовите се така убаво вклопени во целината, а богами и кастингот не е за фрлање.

    Ми се допаѓа тоа што ликовите од бајките се прикажани како обични луѓе со сите доблести и недостатоци, како и нивната секојдневна борба за среќен крај. Добри приказни имаат направено од самите бајки, проширени дејствија, цели животни приказни... одличното е што за секој лик се наоѓа време да се раскаже нешто за минатото, што и како довело до она што е во сегашноста, а какви ќе бидат во иднината, зависи од сегашноста.
    На средината на третата сезона одвај чекам да видам какви проблеми сега имаат жителите на Маѓепсаната Шума. Пошто нели, Сторибрук го снема од лицето на земјата поради поништувањето на проклетството што го фрли Петар Пан, ама и поради бришењето на меморијата на Ема и Хенри - како ќе ги натераат да веруваат пак, особено Ема, не знам, и одвај чекам да видам. Можеби ќе биде полесно со оглед на тоа што таа после заминувањето од Сторибрук има сосем поинаква животна приказна, па нема да биде толку недоверлива како претходно.
    Како се сите исповрзани меѓу себе, на крајот ќе испадне бетер од шпанска серија :D

    За кастингот - реално, Џенифер Морисон не ми беше баш правилен избор за улогата на Ема, барем во првата сезона, ама како што тече серијава, мислам дека баш и легна улогава.
    Снежана - Џинифер Гудвин ептен одговара, ама тоа девојчето што ја глумеше како мала толку ме нервираше што да можев, сигурно ќе и плеснев некоја :wasntme:
    Принцот/ Дејвид - ок е, ама можеле и подобро. Глупо ми е што е така младичок и нежен, можеле некој малку помажествен да најдат, но добро, дечкото е ок.
    Реџина е одлична, немам замерки за неа, ептен ја доловува лошата кралица.
    Рамплстилтскин - Роберт Карлајл е исто одличен избор, ептен си го бива, добра трансформација доживува низ сезониве, што многу ми се допаѓа како е направена. Ми се допаѓа тоа што е прикажан како ѕверот (а не оној на кој сме навикнале од приказната) и што не се откажа од потрагата по синот, колку и да беше себичен, за разлика од татко му, кого мораше и да го убие за да ги спаси останатите.
    Кука - како и сите девојки тука, паднав на неговиот шарм :P ептен деновиве ми го мати умот, и така турбо ја гледам серијава, па нонстоп ми е во видно поле :D одамна не ми се свиѓал толку некој глумец во некоја серија.
    Нил - дефинитивно некој друг требало да одберат, не ми се свиѓа овој сега што го глуми, а детето беше одлично.
    Хенри е ок, си тера како што треба, на моменти ми е малку млитав, ама ајде, дете е.

    Други ликови не ми текнуваат моментално, ама и онака реферат напишав, доста е.

    И да, никогаш не сум го сакала Петар Пан (во книгата на Џ. Бари) - сега знам и зошто :P
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Почна 5та сезона..
    Немаше премногу акција првата епизода,повеќе се прикажуваа внатрешните конфликти на Ема,ама добра беше.Мерида беше супер,ама не би сакала да ја гледам понатака,доста и беше една епизода.
    И Зелена се надевам ќе ја нема,одвратна ми е.
    Хенри почна да ме нервира,изгледа дека веќе не е мало детенце :D
    А Реџина и Кука ми се омилени.Како си лепеа саркастични досетки цела епизода,се пресмеав.И се разбира дека не очекував спасување на Ема,пола сезона секако со неа ќе се бават.
    Ама она со губењето на сеќавањата,ту мач !! Секоја сезона по еднаш,ресет на мозокот :D :D :D
    Ќе биде интересно да се види Ема во злобно издание,а Реџина во добро,комплетно си ги сменија местата.А не знам дали е до мене,никогаш до крај не ја прифатив Морисон за улогата на Ема,ама епизода ептен ми беше антипатична,неуверлива и здрвена.Се надевам ќе оправи,барем малку.
     
  3. Eoo

    Eoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Marossa на кој канал ја даваат и во колку саат? Ја чекав на FoxLive ама не ја даваа..
     
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    НЕ верувам да ја даваат новата сезона одма,јас на интернет ги наоѓам и ги симнувам епизодите.
    www.kat.cr
     
  5. Eoo

    Eoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    falaa
     
  6. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    http://serijal.com/ online mozete da si ja gledate ne koci,nema visrusi,ne bara instaliranje na novi pleeri :) Serijata e odlicen 5
     
  7. Annucka2

    Annucka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    На 4 ноември почнува на Фокс Лајф.
     
    На Eoo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Луѓе гледате ли што се дешава?
    Мислам редно беше после 8 епизоди да покажат што се случило.
    Јас сеуште сум во шок,ова никако не го очекував.
    Сега Куката ни е Мрачниот,Ема не е ништо во споредба со него,тој и така си имаше доста гревови од минатото.
    Нејсе,интересно ќе биде да се гледа.
    Само ме нервира што стално се збори за спасување во серијава,се некој е маѓепсан и треба да го лечат,арно си беше со негативци од почетокот :D Добро,тогаш беше Реџина,ама сепак :D
    А оваа Зелена уште ја има,аман неподносливо створение,нека умре раат веќе.
     
    На La Muerte му/ѝ се допаѓа ова.
  9. La Muerte

    La Muerte Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Леле се нетрпение ја чекам новата епизода, неможам веќе сакам да дознаам што ќе се случи многу долго развлекуваат и во минатата епизода воопшто не ја покажаа Ема. Зелена и тоа како ме нервира незнам ставрно што прави уште во серијава, гласот нејзин е неподнослив.:envy::envy:
     
  10. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    898
    Допаѓања:
    2.935
    Пол:
    Женски
    Ја гледаше некој новата епизода да ми каже дали вреди да утепам некој саат или јок. Камелот цела сезона го отупеа, барем се дозна ли конечно што се случило?
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.928
    Допаѓања:
    203.186
    Пол:
    Женски
    Уште не сум почнала петтава сезона да ја гледам, а летото ги завршив сите 4 сезони. Вреди ли да почнам да ја гледам? Некако не ми се бендиса крајот на 4 сезона, ама сакам да и дадам шанса на серијава. Обично чекам да ми се соберат повеќе епизоди, околу НГ планирам да им се посветам на пропуштените епизоди од тековниве сезони.
     
  12. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.016
    @Annath серијава почна помалку да станува „кружно, па на ќоше“ (останувам со впечаток дека во óд се пишува сценариото, без некоја конкретна визија) ама еве јас уште упорно ја гледам. :) (За волја на вистината до крај ја гледав и 2 1/2 мажи и на финалето бев :headbang:. Не знам кога да прекинам.:?:)

    Во секој случај 5 - та ми е поинтересна од претходната сезона.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.782
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    @Annath мене 5-та сезона ми е многу интересна. Навистина малку кружат те едно, па исто и некако ми се чини дека ова ќе биде последна сезона, ама сеуште ми го држи вниманието :) Верувам дека нема да зажалиш ако почнеш да ја гледаш.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    18.510
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Лелеее заводливо и шармантно створење, хахаха ептен убав! Го обожавам,
     
    На fairy90, Annath, Victorian и 4 други им се допаѓа ова.
  15. VivienLeigh

    VivienLeigh Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    10.092
    Пол:
    Женски
    Само што ја почнав серијава. :D Има доста висок рејтинг на ИМДБ, но немав големи очекувања, али со секоја епизода ми станува се поинтересно.
    Од прва епизода сум Team Snow White and Prince Charming :rofl:
    А на Ginnifer дефинитивно и стои подобро долга отколку кратка коса.
    Ме нервира малце тоа очигледниот фотошоп со замоците, али тоа е тоа :rofl:
    И Хенри ми е малце :drunk: , но како што е 6та сезона моментално, ваљда е пораснат и созреан. :rofl:
    Ииииии се изначудив кога прогуглав и сфатив дека Snow и Prince се сопруг и сопруга во реален живот. :rofl: Сега уште поголем мерак имам за да ја гледам. :$
     
    На Victorian, zhap4e и Marossa им се допаѓа ова.
  16. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    И што се случи во последната епизода, за тие што ја следат на фокс лифе?
     
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.669
    Допаѓања:
    29.456
    Пол:
    Женски
    Ја гледа некој уште серијава?
    Јас со паузи ја гледам, сега ја гледам 6та сезона. На моменти досадна на моменти интересна, али некако не ми се остава да ја баталам, сепак не се малце 6 сезони.
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.274
    Допаѓања:
    81.843
    Пол:
    Женски
    Јас. :wasntme:
    Ама малку (повеќе) заоатанувам, до средина на 4та сезона сум.
    Серијата ја следам од самиот почеток, меѓутоа така добро заглавив на сезоната со Петар Пан (убедливо најдосадната според мене) и ми требаа неколку години пауза за да се вратам во игра. :D

    До која сезона си ти? :)
     
  19. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    3.376
    Сега сменија ликови, т.е нареднава сезона од септември ќе ги нема Ема, Маргарет и Дејвид, како и Хенри. Од главниве ликови остануваат Реџина и Голд.
    Јас ја тргнав од листа на гледање. Мислам дека требаше со 6та сезона да завршат со серијава. Се фино и убаво си се склопи во финалето и требаше тоа да биде доволно и за фанови и за екипата. Серијата ја изгуби главната приказна и главниот лик, па не гледам потреба да се прави спин оф во самата серија. Ја гледав цели 6 сезони, свртија многу приказни, и добри и досадни работи, и не планирам да ми фаќа место за каде-каде подобри серии.
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.928
    Допаѓања:
    203.186
    Пол:
    Женски
    Заборавив до кај стигнав. Мислам дека ја изгледав четвртата сезона, ама искрено, го отупеа прилично. Арни ќе си беа со третата ако завршеа, ама не, мора уште да го тупат. Ај ќе видиме деновиве петтата сезона ако може да ја почнам. Шест сезони поминаа? :o Зар веќе?