Досадна ми стана, ја гледам со мотање на делови ради реда.Ако продолжат со тупење се откажувам од гледање на серијава.
Сега ме заплашивте со ова дека станува досадна понатаму. Јас до каде што гледам на Фокс лајф е баш интересна.И во тој принцот мислам дека полека но сигурно почнав да се заљубувам . Само оваа глумицата во улогата на Ема ме нервира малку,онака како појава.
Има некој што ги гледал поновите епизоди да каже дали мрднаа од мртва точка? Дали вреди да се гледа понатаму? Или се заплеткуваат само со приказните?
Спојлер Минатата епизода уште се вртеше околу убиството на жената на тој што се разбуди од кома-имиња никако не ми текнуваат
Серијава ја гледам на фокс лајф и ми е предобра значи пре предобра.Само ме збунивте со то дека натаму ќе стане досадна.Како може вакво нешто да стане досадно? 10/10
Се развлекува многу приказната како да ти кажам се мислиш ќе се дознае нешто ново во следната епизода, али ништо си тапка во место серијава. Али сега може ќе се случува нешто поинтересно во последниве епизоди се надевам...
Си ја гледам серијава на Фокс Лајф и баш ми е интересна.Иако, морам да признаам дека и мене ми личи како многу да ја развлекуваат.А принц чарминг е совршен
Така така. На почетокот е интересна стварно, после тоа некако се развлекува приказнава. Види гледај неколку епизоди ако ти е инетресна бујрум
Jас ја гледам уште,не знам ни зашто Tуку знаев,знаев дека нема ништо да откријат во првава сезона,влекчаат,влечкаат и оваа Eма бе,толку и е тешко да поверува Mислам дека уште една епизода имаат и готово со прва сезона
И јас се чудам зошто уште ја гледам серијава, се едно исто се дешава таман мислиш дека ќе биде како што треба, тоа пак ништо. Инаку се надевам дека Ема ќе поверува барем во последната епизода од сезонава. Инаку уште две епизоди има во сезонава
Е фала Богу наредна недела е последна епизода Спојлер Е значи не ми се верува што жена ќе беше Ема. Да дочека синот да касне од колачот со јаболка, да се онесвести за да почне да верува. Ајде ќе ја видиме наредна недела што борец ќе биде и дали ќе ја раскине клетвата. Инаку не се знае сеуште дали ќе има и втора сезона
Добро е има надеж дека Ема некогаш ќе поверува дека она е уствари ќерка на Снежана. А, сето тоа ќе биде нормално во втората сезона која се очекува од наесен (освен ако во последнава епизода сега во недела, Ема поверува која е таа)
Aј и оваа епизода Eма ме изнервира,ма ми доага да и удрам бокс Mе интересира баш како ке заврши A и гледам почнаа и другиве членови да не ја гледаат,само јас и Mrs Cuper ја следиме
Спојлер Mногу ми се допадна последнава епизода,конечно да видиме акција,а ми падна чудно кога Eма ја фати книгата,како до тогаш не ја имаше фатено или видено? E сега Pегина ке е појака,кога овај Pамстелстинкин така се викаше? ја донесе пак магијата
Леле да интересна беше вчера епизодата конечно малку акција и ние да видиме. Добро е што ќе има и втора сезона може поинтересна ќе биде Спојлер Инаку Ема ја имаше фатено книгата пред тоа може едно 10 пати али како за на серија морало баш сега да види што се дешавало. Инаку да Регина сега ќе е појака не за џабе се насмеа на крајот