Луѓе мрднаа работите малку? И не кажувајте што се случило, само дали нешто се случило. И така сега сите серии ќе завршат, па ако се случува нешто може да ја догледам серијава. Ама ако е тапа ќе загледам нова некоја.
RainBow абе мрднаа малку работиве во последниве епизоди посебно во последнава имаше и акција дури Инаку ако изгледај ги епизодиве и онака од септември ќе испадне и втора сезона за серијава па јас мислам дека таа поинтересна ќе биде од првава
Јас ке ти опишам во скратени делови мене што ми фати повеќе око, доколку сакаш прочитај. Спојлер Во минатите епизоди, се се мислев дека ќе откријат кој е Август, и наеднаш се посумљи на фактот дека е Баелфајр, синот на Голд. Али Голд го препозна дека не бил уствари син му, па уствари после излезе дека Август е Пинокио, пробувал да го најде ножот на Голд, за да може да го контролира и всушност да му помогне, односно Август почнува да станува пак кукла, дрво и Голд да го спречи тоа. Ема и се заканува на Регина дека ќе и го земе Хенри. Август пробува да и докаже на Ема дека уствари се е точно што Хенри и кажува за клетвата, али Ема не верува во тоа. Август и ја покажува дрвената нога, али изрезено од епизодата, Ема била во премногу во негирање па да може да ја види вистината. Регина открива дека може да има дупка во клетвата, и го моли Голд за помош, али овој не е помага, така да се обраќа кон Џеферсон, Лудиот Шешир, да и помогне, али пошто во овој свет нема магија, успева од тој свет да пренесе само едно нешто, отровното јаболко со кое сака да ја отруе Ема, од гледна точка за клетвата, и да ја спречи да и го земи Хенри. Прави таму пита од јаболко и и ја дава на Ема, и Хенри да и докаже дека не смее да го јаде тоа дека е отровно, сам ке ја проби, и паѓа во кома. И така се отприлика ти раскажав.. Освен последната епизода, која ти препорачувам да си ја симнеш.
Од кога почнува тоа досадното што зборите, мене досега ми е интересна па за натаму ќе видеме. Сега со убиството на женската на Дејвид е интересното, којзнае кој ќе испадне убиецот . Инаку многу ми е симпатична оваа девојката што ја глуми Руби или Црвенкапа. И ептен интересно глуми. Спојлер Рампласкин (така ли се викаше бе ) дефинитивно најјак лик .
Серијава многу отупе и досадна ми е.Моментално 20та епизода ја гледам со сила колку да ја догледам...Не знам дали ќе ја гледам 2ра сезона, премногу споро одат работите.
Штотуку ја изгледав 17 епизода од прва сезона, и беше мн интересна.Се појави шапкарот и за прв пат Ема мислам дека почна да верува, сега не сум сигурна дали поверува ама почна по малку. И незнам мене досега ни една епизода не ми била досадна сите ми се врв, прекрасни за понатаму ќе видиме
Вчера на Фокс Лајф ги изгледав последните две епизоди од првата сезона. Мене серијата ми е предобра освен Ема која почна да ме иритира а посебно во последната епизода кога после се што виде пак не верува . Втората сезона секако ќе ја изгледам ако ја даваат на Фокс арно ако не ќе си ја симнам
Е ја затупеа малку овие последните неколку епизоди. И да, навистина се појавуваат некои ликови па после ги снемува без ништо да се реши. Како тоа со црвенкапа што беше, демек таа е волкот. Што беше поентата на таа епизода . Исто и ова со убиството на Кетрин, мислам ептен провидно беше дека Мери Маргарет не ја убила, прашање на време беше кога ќе се докаже. И сега пак жива излезе, безпотребно тапкаат и замрсуваат некои работи. Серијата почна со тоа што Хенри требаше да ја натера Ема да поверува во приказните и да помогне во уништувањето на Реџина а работите отидоа во сосема друг правец. Како и да е, очекувам повеќе од втора сезона. Има потенцијал серијата, многу добро почна ама морат да ги завршуваат до крај приказните а не само непотребно да воведуваат ликови.
некој за инфо ако може ?! Колку еп се излезени и дали случајно(ако е излезена) ја има некаде цела 1ва сезона за да се симне? Спојлер Имам голема мана не почнувам ништо да гледам што нема бар 1на сезона поминато - завршено
Не знам колку точно епизоди има, ама првата сезона заврши како што заврши, не ми се допадна баш, но тоа е. Нè држат во неизвесност. И ја гледав на Фокс Лајф, неколку епизоди не успеав да изгледам. Точно, на почетокот почна супер, имаше дејство, акција, сè беше како што треба, ама после како досадна да стана. А ми се допаѓа тоа што ги менуваат малку приказните, им даваат некоја позадина на ликовите и на самите бајки, односно, навлегуваат малку подлабоко во сржта на одредена бајка. Барем јас така ги сфаќав епизодите. Ама Ема никако да поверува?! Што човек ќе беше? Во секој случај, одвај ја чекам втората сезона, мислам дека ќе биде подобра од првата и ќе ни даде некои одговори!
Од поодамна заврши прва сезона и ја има цела еве ти http://thepiratebay.se/torrent/7268175/ ... D_MP3_x264) Jaс ги немам догледано сите до крај, некако ми ја затупае, уште 4-5 ми останаа. Ќе ја догледам сигурно, иаку не ми е како на почаетокот.
Сега ги догледав последните две епизоди од серијава на Фокс оти сношти заборајв . Мислам некој да ми кажуваше дека прва сезона олку добро ќе заврши немаше да му верувам, не по неколкуте последни епизоди, ама ете заврши прекрасно. Во втората сезона очекувам многу повеќе акција, т.е. многу повеќе интересни моменти(не дека во првата сезона ги немаше). Според мене серијава е една од подобрите серии кои излегле во последно време и секако ќе ја гледам втората сезона(кога сме веќе кај тоа), знае ли некој кога излегува пошто мислам дека некаде читав дека ќе се снимала и втора.
Јас на ФоксЛајф ја гледам и крајов многу го заплеткаа. Интересна ми е серијава, а сцената со Снежана и Чарминг кога се гушнаа на улица ми предизвика насмевка. Ме интересира колку сезони би требало да има серијава? Ептен би се уништила ако ја влечат во повеќе сезони.
Дого време ми беше во план да ја изгледам и еве само што ја изгледав последната епизода. Значи феноменална е серијава. Одлични актери, актерки, музика, приказна... се на се совршена серија Едвај ја чекам втората сезона. Многу интересно ќе биде И мене ми е Рамплстилтскин еден од омилените ликови
Конечно ги догледав и последните епизоди од 18 па натака е беспрекорна, не трепнав и за миг ми заврши епизодата, и конечно можам да кажам,I want more Според мене заврши совршено, од сега се е можно и се може да се случи, и ништо повеќе не е предвидливо, и тоа ми се свија. Мислев дека ќе заврши со Хенри уште во кома или како умира ама ме изнанади позитино, среќа на се откажав од серијава. Не најдов кога почнива втора сезона точно но најдов нешто интересно, http://www.youtube.com/watch?v=yhEqxYcyx6E http://www.youtube.com/watch?v=5Xr4ZH5Y ... _embedded#! Кои нови приказни ќе ги гледаме во вторава сезона, http://onceuponatime.wikia.com/wiki/Season_Two http://herocomplex.latimes.com/2012/07/ ... -season-2/
Се заинтересирав за серијава. Може ли некој да ми прати торент за целата сезона зашто на замунда ја нема