Јас си ја гледам онлајн, синока имаше нова епизода и сабајлево одма ја гледав. Дефинитивно ми е еден од фаворитите серијава...
После интензивните дејствија во претходните две епизоди, последнава малце послаба, но дава одговор на прашањето Спојлер што се сличи со Пинокио од првата сезона
^ Сега е real boy Следна епизода ќе испадне на 21ви април, аман со паузиве веќе. И како што видов на промото ќе се појави и нов лик односно Робин Худ
Епа се ќе се случи во последната епизода, али ајде уште три епизоди останаа од серијава. Инаку финалето ќе е на 12ти мај Промо за следната епизода http://www.youtube.com/watch?v=p7JtenkZNhc
Вчера ја изгледав 1вата епизода и ми е ок некако ми е забавна и интересна .. малку детенцево ми е озбрано како од шестар систем !! ама ок може да се продолжи со гледање без мака !!! се надевам дека ке стане поинтересно понатаму ,.. мнн јак ми беше шерифоф се надевам дека и тој ке биде почесто застапен во серијава ... продолжениов викенд ке ми послужи за да напредувам во серијава ...
Го гледа уште некој ова? Јас сум воодушевена од првата епизода од третата сезона.Најинтересна досега ми беше.Се појавија нови ликови, испреплетени приказни.Само се разочарав од Питер Пан јас очекував да биде добар.Едвај чекам наредна епизода.
Јас ја гледам уште серијава. Не е лош стартов на новава сезона пред се бидејќи има нови ликови али ќе видиме што ќе биде понатаму. Инаку да се согласувам за Петар Пан.
И јас си ја гледам серијава, преубава ми е, и е една од сериите кои ги почнав од премиерата да ги гледам редовно, епизода по епизода. Мака ми е ова чекањево за епизодите дури да излезат, ама ајде, барем ги има Убав ми беше почетокот на сезонава, за натаму ќе видиме, очекувам се подбри да бидат, инаку и ја се приклучувам на оние кои се чудат за Петар Пат. ваква бев
Значи само мене вторава сезона ми е пропаст. Толку ја измешаа работава, толку ја претераа, мислам мораа ли Хенри да биде син баш на Беу, па и Рампл и Кора мене ми дојде ептен каша попара. Глупава ми е, затоа и престанав да ја гледам, од почетокот беше јасно дека ќе ги видозименат приказните, ама овие направија каша попара, од што сакаат да направат да биде поинтересно и поуникатно не можам да им го фатам крајот. У трета сезона којзне па колку ќе ги заплеткаат работите. Ќе ја догледам втора до крај уште 3-4 епизоди ми останаа, ама не ми го привлекува внимението ко порано, веќе ми е екстремно нелогична и претерано навлегоа у имагинација. Само едно не ми е јасно, т.е 2 работи Спојлер Кога т.е како Рампл стана лош и крастав, и дали Реџина му е ќерка на Рампл?
^ Спојлер Да Реџина е ќерка на Рампл. Рампл мислам дека стана лош кога го уби претходниот црн владетел, али не ми текнува баш на таа епизода кога се имаше тоа објаснето.
Глупаво е што Петар Пан во серијава го направија лош, а капетанот Кука добар. Спојлер И од каде па сега испадна дека на Реџина љубовта на нејзиниот живот е Робин Худ, и оваа Мулан се заљуби во заспаната убавица или мене така ми се чинеше, па нели беше заљубена прво во принцот Хипстер најдобро е Менталист да си гледаме да не се замараме многу со вакви серии
^ Се изнасмеав за спојлерот, дури и во бајкиве биле многу напредни и модерни и таму имало геј развиено движење Со менталист не се ставаат во иста реченица, добро прво се различен жанр, не можеме да ги споредуваме, али доста слаба ми е серијава, а убаво си почна прва сезона баш ми беше пријатна. Сега се појавија 100 ликови, 100 нови лендови, јас мислев дека сите се во Сторибрук, али испадна дека имало други кои се уште таму, смешно. И на крај испадне дека Реџина му е тетка на Хенри комедии...
^ Хехе апла претераа со некои работи, и уствари испаѓа дека клетвата на Реџина и не била толку јака чим успеале некои да останат. Јас не ни сакав серијава да ја споредам со Менталист туку сакав да кажам да не се замараме со вакви глупи серии, туку да си гледаме некои што се попаметни што имаат смисла.