Сеуште ја следам на фокслјаф али некако не толку интересна серијава како во прва сезона. Ја гледам ради реда, а не дека ептен ме интересира.
Meне спин-офф серијата Once upon a time in wonderland повеќе ми е допаѓа од оргиналов, дали дека е на почетокот па сакам да видам што приказни ќе развиваат, ама не се повторуаат со бајкиве, освен Куен оф хартс нема ни еден друг ист лик сега за сега.
^ Јас се мислев дали да почнам да ја гледам таа серија, и решив да и дадам шанса меѓутоа понатака нека се соберат прво неколку епизоди па наеднаш да ги изгледам сите. А може и за летоска ќе ја оставам ќе видам И што бидна сега во новава епизода, ништо посебно. Се надевам следната епизода ќе биде поинтересна според промото.
Серијава продложувам да ја гледам само заради Кептен Хук, значи кој гилти плежер ми е, страшна работа. Али како му стои креонот на очите, некој да ми кажуваше дека маж со шминка ќе ми изгледа предобро ќе му се изнасмеев. Спојлер Единствена ли сум што мислам дека Ема треба да остане со Хук а не со Ниал, мислам кога ја испревртеа до толку работава, да Петар Пан е злочко а Катепан Кука е згоден убав и со добро срце after all, зашто за тоа да не можат и овде да направат - bend the rules a little more
Cе уште ја гледам серијава,но многу ме нервира што некако многу ја влечкаат,сигурно ке се во Neverland до крај на сезона. Xук и мене ми е секси ,би сакала да се заедно со Eма. Спојлер Hе ми се допадна новата епизода,Петар Пан татко на Pампл?!
Мене и Хук и Ниал ми се ептен згодни и убави, неможам да се одлучам меѓу нив двајца. Последната епизода Спојлер Не ми се верува колку е Хенри глупав.Тој ќе ја спасувал магијата и неговото семејство ќе му биде благодарно.Ме нервира многу И дефинитивно не очекував Пан да му биде татко на Рампл.Многу добра беше епизодава. Инаку ќе има пауза сега и наредната епизода ќе излезе на 1 декември.
Хук е стварно згоден тип, али некако ми нема некоја хемија меѓу него и Ема. Ама затоа креончето му стои одлично Спојлер Туку апла испомешаа и ги испобркаа работиве. Петар Пан да ти бил татко на Рампл. Ајде тогаш сите нека бидат една голема фамилија, бетер од шпанскине серии станаа. И нема да ме чуди ако за некоја епизода испадне некој инцест да направи.
Aбе овие сакаат да ме умрат мене Тоа е таа врска, прадедо и внук Не се нормални бе, што направија со серијава, ја отупеа до максимум. Оствари Пен и е Дедо на Реџина и на Нил Крај на приказнава, ај доста е беше у Нервленд, нека унаказат уште некоја друга приказна... Ова го прочитав на нет, се помочав Попаметно нешто одамна немам прочитано...
Јас еве вчера ја догледав првата сезона и можам да кажам дека сум прилично задоволна од серијава... за понатаму ќе видиме
Добра е серијава бре,си сакам бајки.Ми се допаѓа што не се најобични приказните,толку добро се заплеткани мене ми е мерак да ги гледам,нема досадна епизода. Интересно е што Петар Пан е негативец,разбива монотонија мала змијка си е детето,ама како си игра со умовите,ѕверче . Ме зачудува Хенри како лесно подлегнува на туѓи зборови,појак карактер беше прва сезона. Ема пак ми е многу безвезен лик,некако глумицата не ми одговара за улогата,незнам зошто.И иако најверојатно ќе си има хепи ендинг со Нил,длабоко посакувам да биде со Кука.Такво секси створење е,да го грабнеш и да бегаш,баш е фино што го направиле добродушен со доза на bad boy Најјаки ми се Реџина и Рамплстилскин,имаат внатрешни конфликти постојано меѓу доброто и злото,Рампл повеќе ми се допаѓа како позитивен лик,таква фаца е,а Реџина си е совршена како the Evil Queen,и нема рамен на глумицата. Се на се,си ја обожавам серијата,не пропуштам епизоди,не сакам да заврши во скоро време.Само да не ја искомплицираат премногу.
Meне некако ми ја затупеја серијава.Втората сезона едвај ја догледав, а од третава само првата епизода ја изгледав.Што знам, не дека е неверојатно лоша, ама на моменти ми е досадна.И поприлично сум изненадена што Петар Пан е лош.Најверојатно ќе продолжам со гледање, само чекам некое -сакам да гледам бајка- расположение да ми дојде.Горе долу, во главно сум задоволна со сите ликови, многу си ја сакам Ема, како и Кук. Е, да. Дојдов и да го пофалам спин-оффот, кој што не е кој знае колку поврзан со серијава,Once upon a time in Wonderland.Како огромен љубител на Алиса во земјата на чудата, сериичкава ми е прекрасна, и многу со мерак си ја гледам.Глумицата што ја глуми Алиса, на почеток ми беше чудничка во улогата, ама епизода по епизода сфатив дека подобра глумица и не можеле да одберат.И секако голема љубов ми се зајакот и Knave of Hearts,како и црвената кралица, предобри се!
Спојлер Тажна ми беше последната епизода,солза пуштив за Рампл и кога се збогуваа сите.Оти мораше пак истото да го прават,пак нема да се сеќава на ништо Ема,епа стварно глупости.Единствена светлост на крај ми беше Кука,офф какооов е Само да не одовлекуваат премногу,да се сетат побрзо Ема и хенри,оти застарена сторија станува веќе.
Серијава и јас почнав да ја гледам пред еден месец и пред некој ден стасав до 3 сезона до 8 епизода. Веќе знам и што ќе се случи понатаму, но пак ќе гледам зошто мнооогу ми е интересна. Арно ама некако почнаа да ја тупат во третава сезона. Цела сезона Хенри го спасуваат, Петар Пан ми е антипатичен ептен со душа чекам да не го гледам во наредините епизоди што ќе почнат во јануари.
^ Следната епизода ќе биде на 9ти март, не во јануари Спојлер Глупости веќе со клетвиве, како да немаат веќе нови идеи па ајде пак се од почеток. И како што видов во промото за следната епизода ќе се појави нов негативец, лошата вештерка од волшебникот од Оз.
Охооо март... Бре од толку негативци зар и уште еден плус хм... како малку да се. Како и да е битно нешто ќе гледаме.
Ја загледав серијава сега додека ми се на пауза сите други. Интересна е, ништо спешл, ама насмевчето на Рампелстилцхин https://www.youtube.com/watch?v=UeY0mHuHdtw
Оооо остани на првата сезона озбилна сум јас ја гледав втората и сите епизоди до крај од третата сеана и се е уништено нема ефект од понатамошно гледање само ќе се разочараш. Од првата сезона по 5 епизоди дневно гледавме со маж мии а овие последниве едвај и се откажавме се префрливме на други серии.